34 издание – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 14 Oct 2019 09:50:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 34 издание – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Другото лице на фестивалите: Соња Алексоска – Неделковска побара… „Да му помогнеме на Макфест“? https://arhiva.vistina.com.mk/drugoto-lice-na-festivalite-sonja-aleksoska-nedelkovska-pobara-da-mu-pomogneme-na-makfest/ Mon, 14 Oct 2019 09:50:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112316

Во саботата заврши 34- то издание на фастивалот на забавни мелодии „Макфест“  кое се одржа во Штип. На првата и втората полифинална вечер беа изведени вкупно 30 композии од кои 20 влегоа во финалето. Победата на „Макфест“ ја однесе Мартинијан Кириловски со песната „Стопати на ден“. Второто место е на Александар Митевски и Драган Спасов Дац со песната „Уште ми фалиш“ кои освоија три илјади евра. Третата позиција според гласовите на жирито и комисијата, отиде во рацете на гостинките од „Фрајле“ кои настапија со македонска песна „Не признавај“ и освоија награда од илјада евра. https://arhiva.vistina.com.mk/megafon/go-otvori-i-zatvori-festivalot-martinijan-kirilovski-e-pobednik-na-makfest/ Освен првите три места, на „Макфест беа обезбедени и уште четири технички награди во вредност од 500 евра, а им припаднаа на: најдобар аранжман за „Кој те учи така“на Лара, односно Иле Спасев, најдобар сценски настап беше оној на Мартија Станојковиќ за „Возбуда и љубов“, најдобрата вокална интерпретација и припадна на Росана Сариќ Тодоровска, додека наградата за најдобар дебитант, отиде во рацете на Славица Ангелова и „ Љубовта не боли“. Македонската новинарка Соња Алексовска -  Неделковска на својот „Фејсбук“ напиша дека е разочарана од фестивалот „Макфест“ и од тоа како нејзините колеги известувале. „Годинешното издание на „Макфест“ повторно ме разочара во поглед на извештаите на моите помлади колеги. Зарем ништо не научија од постарите? Да, потребни се информативни текстови. Но, каде се тие текстови во кои ќе се дадат одговори на следните прашања за доброто на фестивалот:
  1. Зоран Џорлев беше највен на сцена, но не се појави три дена на фестивалот. Зошто?
  2. Организаторот во ниеден момент не објави кога и каде се продаваат билетите кои одлучуваа за победникот. Потоа се дозна дека сите се карти се продадени.На првото полифинале имаше повеќе од 50 места слободни. Која е таа математика?
  3. Зошто членовите на жирито јавно не ги споделија гласовите? Ако до завршувањето на настанот членовите на жирито се држале во тајност, што е за почитување, зошто не ги објават сега?
  4. Зошто додека се бројат гласовите нема претставници на медиуми и авторски тимови? - напиша Соња на „Фејсбук“, веројатно и лично засегната зашто нејзиниот сопруг Огнен Неделковски е автор на стиховите на песната на Огнен Здравковски.
На фестивалот настапуваше и младиот изведувач Огнен Здравковски кој се претстави со песната “Светот нека застaне”, но не освои ниту една награда туку го освои шестото место. Сестрата на Огнен Здравкоски, Оле Здравкоска исто така се огласи преку својот „Фејсбук“ истакнувајќи дека „Макфест“ е мизерија. „Макфест? Мизерија од фестивал е станато. Ако платиш ќе си земеш награда. Уште пред да почене фестивалот се знаеа наградите. Присутна бев таму и со свои очи видов како се даваат плик од карти на изведувач за да се стават од публиката...еее моја Македонска музичка естрадо“, напиша Оле на „Фејсбук“. За потсетување, Здравкоски неодамна во едно интервју нагласи дека оваа е последна година како настапува на ваков фестивал бидејќи не ги сакал ваквите манифестации! Кој и дали ќе учествува на еден фестивал е сепак личен избор. Доколку прифатиш покана или се нафатиш на учество, ризикот дека можеби ќе се случуваат ујдурми, треба однапред да ти биде пресметан. А, не откако завесата ќе се спушти, зашто после „пеење - нема каење!“ Особено кај нас, каде што нема фестивал, каде што нема „сомнежи“ за задкулисни игри. Та и на овој последниов Макфест, каде не е прв пат да има незадоволни, како и оние, кои секоја година се колнат дека со свои очи виделе како се мести! Односите се толку исполаризирани, политиката длабоко навлезена во секоја пора на општеството, па и на естрадата, така што политичко-бизнис-еснавските спреги го прават своето: Си го гледаат личниот интерес! И не само на „Макфест“! Колку за пример, да не заборавиме дека не измина ниту еден месец од последниот „Охрид Фест - Охридски трубадури“ чиј „газда“ патем е сега „оштетениот“ Григор Копров за чија песна зборуваат новинарката и изведувачкиот тим, на чиј фестивал јавно на сцената се појави Драган Спасов - Дац да ја оспорува победата на Биба Додева по завршеното гласање и да бара негова ревизија? А победничката песна беше авторско дело на актуелниот директор на Макфест, Владимир Дојчиновски - Дојчин, каде Дац и Митевски одново не победија. Што би рекле, „кругот е малечок а во него сме сите“... Само, кога кому ќе му дојде времето... и редот! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dragan-spasov-dac-na-ohridski-trubaduri-i-ja-ospori-pobedata-na-biba-dodeva-za-neregularnosti-vo-glasanjeto-pa-potoa-morashe-da-si-ja-svitka-opashkata-oti-se-istrchal-foto/ Или можеби веќе го подзаборавивте мегаскандалот со „Скопскиот фестивал“ кога Даниел Кајмаковски победи и замина на Евровизија, ама затоа грст други се обидоа да ја наместат победата за себе и своите пулени? Тогаш за прв пат имаше и приведувања во полиција, полициски претреси, одземени мобилни телефони, запленети стотици СИМ картички, најави за апсења и кривични пријави и... Ништо од тоа!  „Се тресеше гората - се роди глушец“... кого „мачката набрзина го изеде“! Работата преку ноќ се заташка, некои од авторите фатија џаде и мирно живеат по светот, некои си продолжија спокојно да си работат и понатаму, менаџерите и продукциите чии телефони беа одземени и „чешлани“, уште помирно и поспокојно си го тераат и натаму својот бизнис, па дури станаа и поголеми во него, а некои од пејачите кои беа тогаш меѓу сомнителните, станаа „државни љубимци!“ А фестивали, како што гледате, се' уште има... И секој си го турка својот терк, според сопствените интереси! Било, е... и уште долго ќе биде така!    ]]>