31 март – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 25 Mar 2019 12:31:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 31 март – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На 31 март детски ЗОО маскенбал во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/na-31-mart-detski-zoo-maskenbal-vo-skopje/ Mon, 25 Mar 2019 12:31:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79255

Во недела (31 март), во пресрет на празникот на шегата – 1 Април во Зоолошката градина во Скопје ќе се одржи голем детски маскенбал со почеток во 12.00 часот. Забавата ќе започне со едукативна еколошка детска претстава „Зеленковци“, а потоа ќе има парада на маски и подароци за секое маскирано дете. Најдобрите маски ќе бидат наградени. Влезот за маскенбалот е 50 денари, односно редовна цена на влезница во Зоолошка градина – Скопје.]]>

На 31 март во Скопје: Трибјут концерт за Дејвид Боуви https://arhiva.vistina.com.mk/na-31-mart-vo-skopje-tribjut-koncert-za-dejvid-bouvi/ Tue, 06 Mar 2018 14:06:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15144

На 31 март во малата сала на ВИП арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи концерт насловен „Мистер Зиги енд д глас-спајдерс“ (Mr. Ziggy And The GlassSpiders), трибјут-бендот за легендарниот Дејвид Боуви (David Bowie). Вратите ќе бидат отворени уште во 20 часот кога ќе се проектира документарниот филм за познатиот музичар, а концертот ќе почне во 21 часот. Бендот постои од 1991 година и досега реализирал бројни настапи и турнеи во цела Европа. Во 1993 година се наградени како „Најдобар трибјут-бенд во Рим“. Групата изведува песни од различни периоди од богатиот опус на Боуви и за 2 и пол часа, колку што вообичаено траат нивните настапи, ќе ги свират најголемите хитови на господинот на популарната музика, како што го нарекуваат тие, големиот Дејвид Боуви.
На концертот ќе има и дуети на кои ќе настапат, наши – домашни музички артисти кои заедно со „Мистер Зиги енд д глас-спајдерс“ ќе ги отпеат безвременските дуети на Боуви кои ги отпеја заедно со „Квин“, Тина Тарнер и Мик Џегер.
Влезниците во претпродажба за концертот се пуштени денеска, 6 март, во 14 часот по цена од 350 денари. Од 19 март, понеделник, цената на влезниците ќе чини 400 денари, а на самиот ден на концертот на вратата на малата сала на ВИП арената влезниците ќе чинат 500 денари. Влезниците може да се најдат во „Југотон“, во (ГТЦ) и продажната мрежа на „Тикет плус“, како и онлајн на: ticketplus.mk и jugoton.mk. Концертот ќе биде поставен по сите светски стандарди што се однесува до изгледот и дизајнот на сцената, осветлувањето, звукот и визуелните ефекти.   https://www.youtube.com/watch?time_continue=128&v=mjtI4d-UCZ4
]]>