30 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 26 Jun 2023 12:53:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 30 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Големи имиња на 30-тото издание на „Охрид-фест“: Јубилеј со Дадо Топиќ, Гоца Тржан, Неда Украден… https://arhiva.vistina.com.mk/golemi-imina-na-30-toto-izdanie-na-ohrid-fest-jubilej-so-dado-topik-gotsa-trzhan-neda-ukraden/ Mon, 26 Jun 2023 06:01:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307650

Подготовките за 30-тото издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид- фест-Охридски трубадури“, се во полн ек. Ќе се слави со песна! На 1 и 2 септември, во нашиот прекрасен Охрид, на величенствената сцена на Долни Сарај ќе се одржат Фолк и Интернационалната вечер на јубилејното издание на фестивалот, ќе има многу квалитетна музика, етаблирани имиња што на вистински начин ќе го одбележат големиот датум на фестивалот со импресивна традиција. „Во 1994 година започнаа „Охридски трубадури“, што, еве ја продолжуваат традицијата и годинава го имаме 30 издание на „Охрид фест-Охридски трубадури“- се сеќава оснивачот и идеен творец на фестивалот, Григор Копров. „Фестивалот тогаш имаше само Фолк вечер а на неа победија: Ленче тогаш-Дедејска, со „Течете солзи“ со прва награда од публиката и Горан Кукиќ со „Дали има пиле шарено“, со награда од жири.“ Патем, оваа 2023 година е јубилејна и за овој наш голем композитор: Копров одбележува 50 лета блескава професионална музичка кариера. После 1994, веќе следната година фестивалот се прошири со поп- вечер, а потоа се случи и Интернационалната вечер. Во многуте испишани страници на „Охрид фест“, во неброените хитови што ги изнедрил фестивалот („Усни на усни“-Тоше Проески, „ Јас и мојот бенд“- Биба Додева, „Јана“- Гиш, „За љубов се пее до крај“, дует Ристо Самарџиев и Влатко Илиевски, „Цреши охридски“ - Александар и Дац, „Штом ноќта помине“- Гоце Арнаудов, „Ех да свири Садило“ - Биоритам..,) скоро и да не постои уметник од бившите ју- републики што не учествувал: Бајага, Горан Каран, „Нови Фосили“, Беби Дол, Хелена Благне, Маја Татиќ, Саша Матиќ, Елеонора Баруџија, „Балканика“, Емилија Кокиќ..., а ја имавме и атракцијата „Бони-М“. И годинава уметнички директор на Фолк вечерта е Љупчо Соколовски, традиционално ќе ја води- Каролина Петковска и 1 септември ќе биде во знак на македонската фолк елита- Наум Петрески, Зуица Лазова, Петар Нечовски, Нино Величковски, Душко Георгиевски... На Интернационалната вечер уметнички директор е Горан Шарац а на неа, во ревијалниот дел ќе блеснат Гоца Тржан и Принц, Алка Вуица, Срѓан Марјановиќ, Дарко Капо и Зорица Андријашевиќ... Наградата за промоцијата на музиката на Балканот ќе му припадне на легендарниот Дадо Топиќ, кој ќе ја изведе култната песна „Македонија“ снимена 1973 година, хит „тежок“ 50 години, додека Неда Украден ќе добие награда за безвременскиот хит „Зора је“, што ќе го изведе на сцената на Долни Сарај. Водителската двојка Марјана Станојковска- Васил Зафирчев ќе бидат домаќини на Интернационалната вечер, каде стандардно фестивалот им остапува простор и на младите музички надежи за кои е задолжен Давор Јордановски. Преносот на „Охрид- фест“ е преку националниот сервис МТВ, а големиот интерес за него го потврдуваат и странските телевизии- фестивалот се гледа и во Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна, Грција, Албанија, Бугарија... Годинава во телевизии поддржувачи ја има и Гранд ТВ која фестивалот ќе го пренесува во живо. Зад „Охрид фест“ се 29 успешни години, а на ова 30-тото издание сите се добредојдени: влезот на Долни Сарај е слободен. Организаторите најавуваат уште изненадувања, уште гостувања, покрај вообичаените награди и новинарите во двете вечери ќе доделат награда за песна што најмногу им се допаѓа. Ќе биде вистинска привилегија да се биде дел од 30-тото издание на „Охрид фест“!]]>

„Суперхикс“ со најава за 30 години кариера https://arhiva.vistina.com.mk/superhiks-so-najava-za-30-godini-kariera/ Fri, 03 Mar 2023 11:01:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291593

Некаде на крајот на 1993 година, од страна на тројца скопски другари била формирана групата “Суперхикс“. Сепак, за официјален датум по кој се води “роденденот“ на групата е земен 03.03.1994 година, денот кога Суперхикс во трио формација го имале својот прв настап во тогашниот дебармаалски клуб The Doors. Сето останато е речиси тридецениска музичка историја полна со интересни приказни. Денес „Суперхикс“ полнат 29 години и почнуваат да ја ситнат 30-ката а по повод големиот јубилеј групата подготвува славје кое ќе кулминира во март следната година со голем концерт и многу гости. Велат дека наскоро на јавноста ќе и ги обелоденат сите детали. – Покрај “централната прослава” ова ќе биде и година на нов албум (се надеваме дека ќе имаме и винил на време), суперхиксовска изложба, акустик сесии, документарец,регрутација на младо членств о (настапи низ училишта) и уште куп други активности. Да не биде не сме кажале на време..имате една година! Ваша Банда Инструментале! – изјавија членовите од Суперхикс. Инаку Суперхикс во континуитет работат цели 30 години и во својата кариера сцената ја делеле со големи имиња од светската музичка сцена, како: Manu Chao and Radio Bemba Sound System, House of Pain, Green Day, Bad Religion, Faith No More, The HIVES, Gogol Bordello, Roots, Inner Circle, Fun Lovin Criminals (twice), Tito and Tarantula, Henry Rollins, Rico Rodriguez (The Specials)), 30 Seconds to Mars, Flogging Molly, Fishbone, Fun Da Mental, Morcheeba, Moloko, Gentleman, Napalm Death, Hladno Pivo, Let 3, Zemlja Groova, Kud Idijoti, Edo Maajka, Atheist Rap, Mizar и многу други. Велат дека не успеваат да ги избројат сите настапи во Македонија и светот, имаат издадено 2 демо изданија (демо касета и ЕП), 5 студиски албуми и 1 компилациски (best of), еден албум во живо, десетици компилациски учества и секако најновиот албум кој ќе пристигне годинава а за кој веќе се пуштени во “промет“ сингловите „Добар Човек“, „Модерна Љубов“, „АНА“, „СКАрантин“, „Крута“.. Суперхикс, во своите 3 децении постоење, имаат добиено десетици награди на разни музички манифестации во Македонија но и регионално за: “концерт на годината“, “бенд на годината“, “сингл на годината“, “група со трајни музички вредности“, “музичка константа“, “албум на годината“ и сл. Им го честитаме роденден на Суперхикс и им посакуваме уште 30 години успешна кариера. Сигурни сме дека ова ќе биде нивна година и дека ќе ги израдуваат своите фанови со многу настапи и со нивната препознатлива хикси енергија.]]>

„Ареа“ со концертна турнеја ќе го одбележат 30-годишниот јубилеј https://arhiva.vistina.com.mk/area-so-koncertna-turneja-kje-go-odbelezat-30-godishniot-jubilej/ Sat, 09 Apr 2022 05:22:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245841

30 години Ареа. 30 години успешна рокенрол приказна. 30 години создавање на македонска музика. 30 години коцерти и дружење со публиката.Настапите кои оваа година ќе ги одржиме ќе бидат составен дел од турнејата 30 Години Ареа, а дел од нив ќе бидат во акустична верзија, сѐ со цел да бидеме поблиску до публиката, песните да звучат поинтимно и поблиску до моментот кога настанале. „Ве покануваме да бидете дел од овој јубилеј, заедно да ги отпееме: Сите мои слики, Одведи ме, Нешто недостасува, Пријател, Фрекфенција на љубовта и многу други, да ја славиме љубовта заедно и да ни бидете поттик за наша натамошна работа“ - порачуваат членовите на бендот. Групата Ареа својот прв настап го имаше на Поп Рок Фестивалот 1992 година, каде што освои прва награда од жири и го сними својот прв албум "Случајно тука", албум кој беше прогласен за деби албум за 1992 година. Оттогаш, па до денеска групата реди голем број на успеси како ретко кој во Македонија: двапати го полнат Скопскиот саем, неколку пати Универзалната Сала, Амфитеатрите во Охрид и Битола, настапуваат на рок фестивали низ Македонија и Балканот, одржуваат концерти секаде низ Македонија сѐ до ден денес. Настапувале на иста бина со Лени Кравиц, Групата Тексас, Стерео МЦ и имале заеднички концери со Психомодопоп, Прљаво Казалиште, Бајага и многу други. До сега имаат издадено 6 албуми, а новиот албум, 7-ми по ред, ќе биде промовиран во оваа година. Успешната музичка приказна 30 години АРЕА започнува во сабота на 16 Април во Елемент - Кавадарци! Влез 21:00ч.]]>

Се ожени некогашниот лидер на „Пинк Флоид“: Роџер Вотерс стана младоженец во осмата деценија и зеде 30 години помлада сопруга https://arhiva.vistina.com.mk/se-ozeni-nekogashniot-lider-na-pink-floid-rodzer-voters-stana-mladozenec-vo-osmata-decenija-i-zede-30-godini-pomlada-sopruga/ Mon, 18 Oct 2021 10:22:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223346

Познатиот музичар и некогашен лидер на групата „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс, и го кажа судбоносното ДА  на својата тридецении помлада избраничка Камила Чевис, со која се забавуваше со години. Иако не ја загуби енергијата и желбата за брачна идила во својата осма деценија, по церемонијата што се одржа на неговиот имот во Њујорк, накратко на Твитер напиша: „Толку сум среќен, една е во милион“. Тие се запознаа пред неколку години по една негова свирка, а симпатиите блеснаа уште при првиот разговор. Инаку Чевис била возач на славниот музичар, а по настапот таа го возешла од стадионот до хотелот каде што отседнале тој и членовите на бендот. Овој необичен пар беше фотографиран заедно за прв пат во 2019 година, кога се појавија на Филмскиот фестивал во Венеција, а по тој повод, Роџер посочи каков комплимент упати кон идната избраничка за време на првата средба. „Еден ден и реков: Извини, дали некој ти кажа дека имаш убави јаболчници“? Шармантната црнка не е поддржувач на јавниот живот, па затоа ретко се појавува покрај мажот на својот живот. Фото: Profimedia]]>

Вака познатите честитаа 30 години независност на Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-poznatite-chestitaa-30-godini-nezavisnost-na-makedonija/ Thu, 09 Sep 2021 07:44:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218395

Македонија прослави 30 години независна држава. На 8 септември во 1991 година, односно пред 30 години, во Република Македонија се одржа Референдум на кој граѓаните со право на глас се изјаснуваа на прашањето: Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија. На Референдумот учествува 1,2 милиони наши сонародници, а според резултатите кои беа објавени речиси стопроцентно беше поддржана самостојноста на Македонија. Maкедонија вчера (08.09.2021) славеше 30 години на независност, самостојна и суверна држава. Токму по тој повод се огласија нашите познати личности и преку социјалните мрежи го честитаа роденденот на нашата држава. Игор Џамбазов „Македонија моја, денес полниш 30 лета, не си веќе девојченце. Имаше несигурно детство и ептен бурна младост. Време ти е да се прибереш малку. Застани веќе на свои нозе, сакајќи се малку повеќе. Иако ти е време за мажење, немој да го правиш тоа. Знаеш дека не те бива за потпишување на договори. Башка и никој не те заслужува. Те сакам Македонијо“, напиша Игор Џамбазов. Eлена Ристеска „Каде и да одам секогаш Македонија во срцето ја носам. 🇲🇰🇲🇰🇲🇰 СРЕЌЕН ПРАЗНИК , СРЕЌЕН ДЕН НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА!“
 Антониа Гиговска Антониа Гиговска со дел од песната „Ако згрешам нека изгорам“ го честиташе празникот на Македонија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Тамара Тодевска Нека ни е честит Денот на независноста. Македонијо, татковино моја, те сакам бескрајно“, напиша Тамара на својот Инстаграм покрај новите фотографии на кои позира на Кале. Каролина Гочева Каролина на својот Инстаграм отпеја дел од песната „За нас“, а во описот напиша: „Честит празник Македонијо“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Катарина Ивановска Вера Мештеровиќ                                                                                                                                            Среќен роденден Македонијо, вечна да си! Фото: Принтскрин Инстаграм/Мартинијан Трајановски/ Кристијан Тодоров]]>

Македонија одбележува 30 години независност https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-odbelezuva-30-godini-nezavisnost/ Wed, 08 Sep 2021 07:34:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218356

Македонија прославува 30 години независна држава. На 8 септември во 1991 година, односно пред 30 години, во Република Македонија се одржа Референдум на кој граѓаните со право на глас се изјаснуваа на прашањето: Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија. На Референдумот учествува 1,2 милиони наши сонародници, а според резултатите кои беа објавени речиси стопроцентно беше поддржана самостојноста на Македонија. Според конечните, официјални резултати од 1.495.626 гласачи, на Референдумот излегоа 1.021.880 или 71,85 проценти од граѓаните со право на глас. Од нив 95,09 отсто гласаа ЗА самостојна и независна македонска држава. Текот на Референдумот го следеа 167 домашни и 100 странски акредитирани новинари. Референдумот во Македонија се одржа во предвечерјето на распадот на СФРЈ, по дефинитивното изјаснување на Словенија и Хрватска дека се определуваат за независност и самостојност. Во Македонија беше спроведено предреферендумска кампања, а на 2 септември беше објавен заеднички проглас на парламентарните и вонпарламентарните партии со кои граѓаните беа повикани масовно да излезат и да се изјаснат ЗА на Референдумот. Партиите на Албанците ПДП и НДП не го поддржаа прогласот. Поддршка на Референдумот изрази само Унијата на албанската интелигенција. Во кампањата на Референдумот се вклучи и Македонската православна црква која со семакедонска христијанска, православна молитва, преку божествена литургија, одржана на 1 септември во Соборниот храм Свети Климент Охридски, го обнароди значењето на Референдумот како трето илинденско послание. Во тој период, поточно на 15 јануари 1992 година, Република Бугарија беше првата држава што ја призна независноста на Македонија. Следуваа признавањето од Турција, Словенија, Хрватска, Русија и Босна и Херцеговина… Инаку на Референдумот му претходеше Декларација за независност што првото повеќепартиско македонско Собрание ја усвои на 25 јануари 1991 година формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија. Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Сенка врз настаните со кои се појавија темелите на самостојна Македонија фрли бојкотот на Референдумот од страна на дел од албанската етничка заедница и неподдржувањето на новиот Устав од страна на пратениците Албанци. Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, зачленувањето на ОН беше направено под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија. Низ 30-годишното самостојно опстојување, државата помина низ низа проблеми и тешкотии. Троцифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат. Спорот со Грција поради името, по долгогодишни разговори под покровителство на Обединетите нации, конечно беше решен на 17 јуни 2018 година во Преспа со попишување договор меѓу двете држави. Со тоа се отвори патот на земјава кон НАТО и ЕУ. На 27 март 2020 година Македонија стана 30 членка на НАТО. Иако веќе 16 години е земја кандидат, а во 2009 година ја доби првата препорака за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, евроинтеграцијата која долго време беше бликирана од Грција, сега е попречувана од Бугарија. Софија и покрај потпишаниот билатерален Договор за пријателство и добрососедство во август 2017, засега не се согласува со останатите 26 земји членки на ЕУ да почнат преговорите со Скопје. Република Македонија денес има воспоставено дипломатски односи со 158 држави во светот, а под уставното име е признаена од 117 меѓу кои и три од членките во Советот за безбедност – Кина, Руската Федерација и САД. Здравствени работници, спортисти, пожарникари, полицајци и војници, рудари, земјоделци, волонтери на Црвен крст, извидници, како и националните ансабли и културно-уметничките друштва денеска ќе продефилираат во центарот на главниот град по повод 30 години независност на државата. Централната прослава ќе биде на отворено пред Собранието со почеток во 17:30 часот, а ќе започне со изведба на делото „Симфонија за филхармонија“ од композиторот Живоин Глишиќ по што следи дефилето. Според протоколот, официјалниот дел ќе почне во 18:30 часот со интонирање на химната на Северна Македонија од страна на Воениот оркестар, по што ќе следуваат говорите на државниот врв. Обраќање ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев. По обраќањето на премиерот, односно од 19:30 часот започнува музичкиот дел со изведба на песна специјално аранжирана за оваа прилика и музички дел со познати солисти кои заедно со Националната филхармонија ќе изведат неколку антологиски забавни нумери. Покрај официјалните гости и медиумите, според протоколот и актуелната состојба со пандемијата, предвидено е присуство на околу 1000 акредитирани граѓани кои приложиле вакцинален сертификат или потврда за прележаност од Ковид-19. Поради одбележувањето на празникот, затворени за сообраќај од 11 часот ќе бидат бул. „Кочо Рацин” на потегот од крстосницата со бул.„Кузман Јосифовски Питу” до ул.„Кирил и Методиј”, ул.„11-ти Октомври” на потегот од ул.„Крушевска Република” до ул.„Димитрие Чуповски”, ул. “Филип Втори” на потегот од бул.„Гоце Делчев” до ул.„11–ти Октомври”, Кеј „13–ти Ноември” на потегот од ул.„Филип Втори “до бул.„Кочо Рацин”, ул.„Мирче Ацев” на потегот од ул.„Филип Втори „до бул.”Кочо Рацин”, ул.„Димитрија Чуповски” на потегот од порта Македонија до бул.„Климент Охридски” и ул.„Даме Груев” од крстосницата со ул. „Македонија” до ул. „11-ти Октомври”]]>

Изгледа непрепознатливо: Ана Бекута денес е права дама, а вака изгледаше пред 30 години во спот не нејзин колега (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/izgleda-neprepoznatlivo-ana-bekuta-denes-e-prava-dama-a-vaka-izgleda-pred-30-godini-vo-spot-ne-nejzin-kolega-foto/ Tue, 02 Mar 2021 10:44:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192015

Ана Бекута денес е една од омилените народни пејачки, а пред три децении се појави во спот на еден колега. Покрај талентот за пеење и напорната работа, Ана е позната и по неверојатната убавина благодарение на која во 1991 година се појави во спот на еден пејач... Пејачката тогаш имаше снимено шест албуми, но одлучи да се проба и како заводничка во спотот на Зоран Калежица за песната „Жељо моја, најслаѓи отрове“. Овие денови се полнат 30 години од објавувањето на спотот, па некој од следбениците на Ана се сети на ова нејзина улога, па социјалните мрежи беа преплавени со фотографии. Како ви се допаѓа Бекута во вакво издание?]]>

Eве што имаат заедничко Сара Мејс и Лепа Брена: Славеа на ист ден, а македонската пејачката се расплака од гестот на ќерката – „Си се изнаплакав“ https://arhiva.vistina.com.mk/eve-shto-imaat-zaednichko-sara-mejs-i-lepa-brena-slavea-na-ist-den-a-makedonskata-pejachkata-se-rasplaka-od-gestot-na-kjerkata-si-se-iznaplakav/ Wed, 21 Oct 2020 07:37:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172335

Месец октомври дефинитивно е во знак на македонската пејачка Сара Костадиновска или позната како Сара Мејс. Само убави  и радосни вести пристигнуваат од домот на македонската пејачка. Имено, неодамна таа беше среќна и горда мајка затоа што нејзината ќерка Илина за првпат тргна во градинка. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/mesec-oktomvri-vo-znak-na-sara-mejs-otkako-neodamna-i-pukna-srceto-od-srekja-pejachkata-povtorno-ima-povod-za-raduvanje/ Среќни вести од домот на пејачката пристигнаа и кога соопшти дека како харфистка ќе  ја претставува Македонија токму на светскиот ден на харфата како дел од меѓународниот проект на Окса и тоа токму на нејзиниот роденден. Меѓутоа, вчера (20.10.2020) повторно имаше повод за славење и радување. Имено, пејачката го прослави својот роденден и наполни 30 години. Сара славаеше роденден на ист датум како и српската ѕвезда Лепа Брена, но само што фолк дивата наполни 60 години, а нашата македонската пејачка дуваше свеќичка со број 30. Токму по тој повод, Сара доби изненадување од нејзината ќеркичка Илина и сопругот Димитар односно малата Илина на мама и пееше роденденска песничка додека ги дуваше свеќичките на тортата. А  Сара се пофали дека нејзиниот сопруг бил иновативен, па и подарил торта, а место харфа, на тортата ставил ренде за јајца кое ќе го замени музичкиот инструмент. „Само маж ми, Димитар Атанасовски може да биде толку иновативен. Ренде за јајца наместо харфа“, напиша таа. Пејачката се заблагодари на сите за честитките и истакна дека овој роденден и бил најубав досега. Ви благодарам на сите за преубавите честитки, ми ја топлите душава, ова ми е најубавиот роденден до сега Ве љубам“  напиша на Фејсбук]]>

На сопругот на Тања Савиќ му се заканува казна затвор од 30 години поради киднапирање на децата https://arhiva.vistina.com.mk/na-soprugot-na-tanja-savikj-mu-se-zakanuva-kazna-zatvor-od-30-godini-poradi-kidnapiranje-na-decata/ Tue, 11 Aug 2020 09:03:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162714

Тања Савиќ после четири месеци молчење одлучи да го пријави сопругот Душан Јованчевиќ за киднапирање на синовите Максим и Ѓорѓе. Сопругот на Тања поради киднапирање може да биде осуден на 30 години затвор. Како што пренесуваат српските медиуми, Тања од мај месец  се обидела на мирен начин да го реши спорот со сопругот за да не има последици, но сега по секоја цена одлучи да се бори за децата. „Душан ги однесе децата во Австралија без согласност на Тања. Таа беше убедена дека ќе се реши проблемот, но откако и забрани да се слушат по телефон, пејачката е очајна. Го пријави во полиција, а нејзиниот адвокат прати пријава во австралиската полиција. Министерството за надворешни работи и Министерството за прaвда се запознаени со нејзиниот случај и ќе направат се’ за да и ги вратат децата“, вели соговорник близок на Тања. Тој додава дека жените во Австралија се многу заштитени и дека пејачката ќе ги добие децата за неколку дена. Како што вели соговорникот, единствен проблем е што децата се држвјани на Австралија, а Тања сака со нив да живее во Србија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private) on

„Тања нема ни желба ни пари да живее во Австралија. Затоа ќе поднесе барање за старателство на децата и да може да ги доведе во Србија. Таа има докази дека децата и се киднапирани бидејќи беа во Белград, одеа на училиште, беа воведени во здравствениот систем. На Душан му се заканува казна затвор од 6 до 30 години затвор, а можеби и мора да плати казна од 25 000 долари“ вели изворот. Тања потврди дека започнала борба за старателство на децата. „Молчев четири месеци и не сакав во јавност да изнесувам приватни детали, но сега морам да барам помош. Ми велат луѓето што не одиш по своите деца, не можам туку- така да одам во Австралија и да ги донесам во Србија. Јас дури и не сум нивен државјанин. Тоа би значело дека децата сум ги киднапирала. Барав помош од нашата држава, но и од австралиските власти и сега чекам помош“ , вели Тања. Таа е свесна дека на сопругот му се заканува голема затворска и финасиска казна. „Мојот сопруг ми направи најлошо нешто што може да се направи на една мајка – ми ги зема децата. Тоа не смееше да го направи бидејќи не е човечки, а и со закон е забрането. Јас сакав се да направам за него, го штитив, но ги помина сите граници“ вели пејачката. Потссетуваме, неодамна Тања на својот „Инстаграм“ се пожали дека своите деца не ги видела ни слушнала на Вибер пет дена.]]>

Ако сте сами во 30-те ова мора да го знаете… https://arhiva.vistina.com.mk/ako-ste-sami-vo-30-te-ova-mora-da-go-znaete/ Mon, 13 Jul 2020 12:00:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158341

Да имате врска во триесеттите години е различно отколку да имате врска во дваесеттите години. Кога сте постари, на ваквите односи гледате поинаку отколку во претходниот период кога сте имале други приоритети. Ако барате партнер за сериозна врска, ова се работи кои ќе ви помогнат … Од партнерот, во овој период ќе имате поинакви очекувања. Вие во овој период веќе добро се познавате себеси и каква сте личност и што очекувате од врската. Ако од друга страна нема самокритичност, тоа треба да биде црвено знаменце за предупредување дека треба да се побара некој друг. Знаете како да работите на себе и кои работи можете да ги промените за одржување на врската, од кои нема да отстапите. Разговорите за сексот се полесни бидејќи знаете што сакате и нема табуа. Подобро ќе прифатат двете страни да имаат свој приватен живот кој ќе биде одделен од вашата врска, пријатели кои ги имате со години, хоби, кариери … Во овој период сте веќе финансиски независни и имате свои навики за трошење и располагање со пари. извор:попара.мк]]>