30 април – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Apr 2022 09:45:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 30 април – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На 30 април: Битола ќе го одбележи „Меѓународниот ден на џезот“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-30-april-bitola-kje-go-odbelezi-megjunarodniot-den-na-dzezot/ Wed, 27 Apr 2022 09:43:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247801

На 30-ти Април со почеток во 12.00 часот на платото пред Офицерскиот дом – КИЦ – Битола ќе биде поставена изложбата на фотографии „Џезтетика” на фотографот Татјана Ранташа, а во музичкиот дел битолчани ќе можат да го проследат настапот на македонскиот џез квартет „Сашо Поповски квартет”, со познатите џез артисти: Сашо Поповски, Иван Бејков, Ратко Даутовски и Кирил Кузманов.
Овој настан е дел од глобалната акција за прослава на Меѓународниот ден на џез музиката кој вклучува над 1000 настапи и концерти во преку 190 земји во светот. Имено во Ноември 2011 година , Генералното сообрание на УНЕСКО, го прогласи 30 Април за Меѓународен ден на џез музиката, со цел да ја промовира истата како алатка за мир, заедништво,разбирање и дијалог помеѓу луѓето.
ЈОУ КИЦ – Битола , се приклучува кон одбележувањето на Меѓународниот ден на џезот- Jazz day, воедно промовирајќи го новиот музичко – сценски простор како најава за богата концертна сезона.
]]>

Денот на џезот -30. април ќе се одбележи со онлајн концерти https://arhiva.vistina.com.mk/denot-na-dzezot-30-april-kje-se-odbelezi-so-onlajn-koncerti/ Wed, 29 Apr 2020 12:42:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=147254

Оваа година Денот на џез-музиката, 30 април, ќе биде одбележан на малку поинаков начин. Здружението на џез-музичари ќе приреди концерт на својата фејсбук-страница преку онлајн видеостриминг, како и на страницата на Град Скопје и на Младинскиот културен центар. Утре, во текот на целиот ден, ќе имаме можност да проследиме неколку концерти на врвни македонски музичари и групи: соло-настап на Антоние Весковски, концерти на „Кабадајас“ и на „Зулу 3.4“, концерт на групата „Светлост“, како и на бендот на Михаил Парушев и на групата „3ject“. Ќе имаме можност да слушнеме и настап на ЗЏМ колектив – комбо-ансамбл, составен од изведувачи што се членови на Здружението на џез-музичари. Ќе биде изведена оригинална музика од членовите на ансамблот.
Перкусионистот Антоние Весковски ќе настапи со песни од својот албум „Wonderland“, кој набргу треба да биде објавен. „Кабадајас“ ќе изведат композиции од нивните два студиски албуми, како и нов материјал, кој е во подготовка за снимање, додека на концертна изведба на „Зулу 3.4.“ ќе слушнеме композиции од нивните два студиски албуми „FM to AM“ и „Expandability“. Концертот на бендот „Светлост“ ќе претстави дел од нивниот композиторски и изведувачки опус, како и нови композиции, но и музика што спонтано ќе произлезе од нивните креативни мигови.