3 гонга – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 01 May 2018 21:04:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 3 гонга – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Кабадајас“ го промовираа својот нов албум „Од понеделник“ https://arhiva.vistina.com.mk/kabadajas-go-promoviraa-svojot-nov-album-od-ponedelnik/ Tue, 01 May 2018 06:05:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=24302

Новиот албум на музичкиот бенд „Кабадајас“ со наслов „Од понеделник“, беше промовиран деновиве, во присуство на новинари, музичари, пријатели на членовите од групата. Албумот го издаде концертната агенција и продукција „3 гонга“, а концертната промоција на албумот е закажана за 2 мај, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб „Станица 26“. „Кабадајас“ претставува трио од музичари со голем професионален багаж зад себе: Џоле Максимовски на бас-гитара, Дино Милосављевиќ на тапани и перкусии и Зоран Костадиновски на гитара. Специјални гости на албумот се вокалистките Марија Димитријевиќ и Светлана Јовановска-Трајкоска и Павле Васиљевиќ на клавијатури. Фотографија на 3Gonga. „Создадовме модерна инструментално вокална музика, џез-амбиент со скопски, а сепак светски шмек. На овој албум композитори сме Зоран и јас, но и Дино, кој ритмички ги облагородува песните. За аранжманите сме задолжени сите. На албумов има две вокални песни. Едната од нив е со текст, песната ’Летаме’, која јас ја напишав. Бендот постои од 2011 година. Дино и јас решивме да правиме наш проект. Во исто време соработувавме со Горан Бојчевски. Со него веднаш излегоа убави теми и идеи. Зоран Костадиновски, кого го знаевме како малку помлад гитарист тогаш, влета во приказната како да сме свиреле отсекогаш заедно. Сите функционираме како композитори и аранжери во музиката што ја создаваме“, рече Максимовски.
  „Од понеделник“ е нивен втор албум. Првиот албум се вика „IV“, а издаден е во 2012 година од „БАГИ комуникации“. Новиот албум е снимен во „Тра ла ла“ кај Мите Димовски, „Вода медија“ – Павле Васиљевиќ и во студиото „Алшар“ на Ивица Јанкуловски. „Едвај чекаме да свириме на 2 мај во ’Станица 26’, како промо за нашето второ издание. Очекуваме убава атмосфера, добар звук, фино расположение. Гости на концертот ќе бидат: Марија Димитријевиќ – вокал, Светлана Јовановска Трајкоска – вокал, Ратко Даутовски – перкусии и Трајче Велков на труба. Дино и јас свириме заедно од 1995 година. Во ’Сет’, ’Мозаик’, ’Беневентан трио’, ’Алшар’… Со ’Влатко Стефановски трио’ веќе 18 години патуваме по светот и снимаме албуми. Заедно со триото имаме настапувано со имиња како Стефан Миленковиќ, Теодосиј Спасов, Јан Акерман… Дино свиреше со „Анастасија“, Кирил Џајковски и со многу други артисти од поп, рок-светот. Јас долго време свирев со ’Архангел’, ’Гаро и Парамециум’, ’Мугер фугер’. Моментално сум дел од ’Темпера’, како басист и композитор. Зоран Костадиновски е професор на музичка академија. Инаку, работи активно на сите проекти на оркестарот на Здружението на џез-музичари. Го знаеме како гитарист на нашата поп-дива Каролина Гочева. Активен е и како студиски музичар. Така што искуството што го имаме зад себе ни даде ветар во грбот за конечно да направиме и наш заеднички проект“, вели Максимовски. Извор: Нова Македонија  ]]>

Концерт на Јан Акерман во „Станица 26“ https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-na-jan-akerman-vo-stanica-26/ Mon, 06 Nov 2017 14:47:35 +0000 http://vistina.mk/?p=2777

Во организација на концертната агенција и продукција „3Гонга“, во четврток на 9 ноември со почеток во 22 часот во ноќниот клуб Станица 26 ќе настапи најпознатиот холандски и светски блуз музичар и гитарист Јан Акерман.
Овој седумдесет годишен музички гениј е добро познат на македонските фанови и досега неколку пати има настапувано на скопската сцена. Како соло артист има соработувано со други големи светски музичари меѓу кои Би Би Кинг, Чарли Брд, Кози Пауел, Клаус Огерман и Ајс Ти, а голем дел од својата кариера ја помина и како член на бендовите како „Брејнбокс“ и „Фокус“. Во своето музичко творештво од 60 години и повеќе има многу снимени албуми и настапи низ целиот свет. И се уште е неуморен и полн so енергија и отворен за нови предизвици. Витален и енергичен повеќе од кога и да е. Ова е негово петто гостување во Македонија. Но, прво скопско клупско претставување во поинтимна атмосфера. Во тој контекст Акерман вели: „Клубот нуди потполно поинаква атмосфера од големите концертни сали. Мојот музички репертоар овој пат за скопјани ќе биде разновиден. Иако, најмногу песни ќе изведувам од албумот „Gitar in bed“, кој верувам моите фанови тука го знаат, а за мене е еден од најдобрите. На крајот на шоуто сакам да отсвирам и некои стари материјали како еден вид потврда дека во младешките денови сум бил многу „откачен““.
Со него во Скопје доаѓаат уште четворица професионалци: тонскиот мајстор Нил Денолм, Папа Коен Моленар на клавијатури, Мерин ван ден Берг на тапани и Дејвид де Марез Ојенз на бас. Неговата музика е создавање блуз надвор од класичните граници и обратно. Фузија на повеќе различни звуци. „Блузот секогаш беше најважната состојка за мене, страст и мотив за да создадам нешто од ништо. Тоа е нешто што не можете да го пресметате точно и кога ќе се поклопат нештата станува функционално за сите. Тоа се моментите за кои живеам. Тоа е слобода! А, границите постојат за да бидат преминати“ вели Акерман.
Во рамките на неговата долгогодишна музичка кариера Акерман има настапувано на многу големи светски сцени низ Европа, Северна и Јужна Америка и Азија. Она што е уште поголем куриозитет за овој музичар е што тој самиот ги дизајнира своите гитари, а има и редизајнирано неколку стари гитари од 70те години на минатиот век. Уште кога имал само 11 години има направено една спојка на бас и гитара, која сега се нарекува Гибсон експлорер. Жиците биле од пијано со држач од гитара. Овој пат во Скопје ќе го донесе со себе Ј.А. Персонал – инструментот, кој има форма на винил носач на звук, ама е малку поголем и со посветла боја. Направен е во Индонезија и е негов инструмент за живите настапи.  
]]>