3-Block Studio – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 13 Apr 2020 13:02:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 3-Block Studio – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонско-австралиското „3-Block Studio“ направи анимиран филм за карантинот https://arhiva.vistina.com.mk/makedonsko-avstraliskoto-3-block-studio-napravi-animiran-film-za-karantinot/ Mon, 13 Apr 2020 13:02:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144742

Огромен број од светската популација изминативе недели поради корона вирусот радикално го промени секојдневниот живот, а секоја индивидуа на свој начин се соочи со изолацијата. Работејќи надвор од традиционалниот канцелариски простор, македонско-австралиското 3-Block Studio го изработи „Карантин“ ( Quarantine), краток анимиран филм за глобалниот карантин поради пандемијата.
Иако сме навикнати на работа надвор од канцеларија, целата ситуација малку ни ги изремети студиските ангажмани, но за среќа, денес сè што е потребно за ваков начин на работа е компјутер, интернет, добра екипа и малку креативност. Сепак, како и кај повеќето, така и нас, ни се појавија неочекувани промени во ритамот, па ни се отвори простор за експериментирање на наши проекти и оттаму се роди идејата за приказната – вели Михаил Наумов.
Зад филмот стои петчлена екипа. Приказната е на Јакоб Ниланд, Михаил Наумов, Љубомир Саздовски и Иван Андреевски, кој, исто така, е режисер и потписник на сценариото. Арт дирекцијата и дизајнот се на Наумов и Саздовски, кој е одговорен и за моделирањето и осветлувањето. Монтажата и анимацијата се на Наумов, а Андреевски стои зад саунд дизајнот. Музиката е на Владимир Петковиќ.
Од креативна страна се обидовме да доловиме како секој од нас би се справил со ваков застој на секојдневиот ритам во кој живееме, а од техничка страна пробавме да претставиме традиционална техника на анимирање, како Stop Motion, (која се работи практично, со физички кукли и фотоапарти), преку дигиталните алатки и 3D анимацијата. Беа користени доста стандардни софтвери за ваков вид на работа. Главно Autodesk Maya и Adobe After Effects, како и неколку дополнителни софтвери – истакнуваат од студиото. https://www.youtube.com/watch?time_continue=112&v=pilnWAmfGgU&feature=emb_logo
]]>