28 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 29 Jul 2022 10:02:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 28 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Антена 5 радио“ – приказна која трае 28 години: „Скопје беше мека на денс сцената, истите ѕвезди настапуваа и на Ибица и кај нас“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antena-5-radio-prikazna-koja-trae-28-godini-skopje-beshe-meka-na-dens-scenata-istite-dzvezdi-nastapuvaa-i-na-ibica-i-kaj-nas-video/ Fri, 29 Jul 2022 08:46:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260944

Речиси  30 години Антена 5 е меѓу најслушаните радија во Македонија. Приказната што почна во 1994 година, кога Зоран Петров, Марјан Гушев и Коста Јаневски решија да направат радио кое наместо народна музика и детски емисии ќе пушта светски хитови, трае и денес. Први известуваа во живо од доделувањето на Ем-ти-ви наградите, се журкаа на Егзит и Си денс фестивалот, а направија и преку 1000 интервјуа со светски ѕвезди. Во разговор за „Репортер“ Зоран Петров, познат и како диџеј Дајнамајт, Соња Панда и Мартин Делимитов, се потсетија на почетоците и како скопското радио со фреквенција 95.5 стана омилено на многу генерации низ цела Македонија. „Нè препознаваа, успешно покриваме настани и журки што ни беа интересни, се јавувавме во живо во програма и во еден момент се надминавме себеси. Постоевме само осум месеци кога екипа од радиото отиде во Берлин да ги покрива во живо првите Ем-ти-ви награди“, вели Петров, кој со години ја водеше емисијата „Чао Антена“ и е еден од сопствениците на радиото. „Вие слушате Антена 5 радио“, е џинглот кој се слуша и денес, а прва го кажа Ени Ленокс. По неа, речиси и да немаше светска ѕвезда, која не го повтори препознатливиот слоган на скопското радио. Специфичниот глас на Соња Панда 24 години е во етерот. Таа и денес е дел од екипата и ги прави повеќето интервјуа со светските ѕвезди. Вели, одамна нема трема кога ќе се сретне со некоја од најголемите музички ѕвезди. „Чувствувам некоја возбуда и тоа ми се случи кога го интервјуирав Пол Велер. Со Мик Џонс, пак, од славните Клеш, кога се сретнавме во Лондон и му кажав дека сме од Македонија, почна муабет за античкото минато на овие простори, па ми вели: 'Вие сега имавте избори, што се случи?'. Тоа се работи што ме изненадуваат“, рече Соња, која кариерата ја почна на телевизија во '90те. Своја Антена-приказна има и диџеј Мартин, кој се грижи за музичкиот избор во радиото. „Ми беше неверојатно што на 18 години ми дадоа да пуштам музика на милион луѓе што го слушаат радиото“, се сеќава тој на почетоците. Често со екипата на радиото патува на фестивалите во регионот и на шега вели: „Се мразиме сите меѓу себе, само на радио се смееме еден со друг, а се оговараме позади грб“. Ни раскажаа и за фестивалот Галицко, кој се одржа неодамна, а во чест на починатиот диџеј Ицко, кој долги години беше дел од Антена 5. Како е да е интервјуираат светските ѕвезди и дали некој ја разочарал Соња, што значи да си член на академијата на Британските награди, како Зоки одлучувал кој ќе добие награда во главните категории, имаат ли конкуренција, со еден збор како Антена 5 стана култно радио... Гледајте го интервјуто. ]]>

„Ме понижуваа бидејќи на 28 години сум невина“: Позната пејачка одлучи со сите да ја сподели својата интима https://arhiva.vistina.com.mk/me-ponizuvaa-bidejkji-na-28-godini-sum-nevina-poznata-pejachka-odluchi-so-site-da-ja-spodeli-svojata-intima/ Mon, 05 Oct 2020 08:27:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169863

Пејачката Ели Брук својата кариера ја изгради како член на групата "Fifth Harmon“, а сега во едно интервју откри дека се уште е девица и така ќе остане додека не стапи во брак. „Навистина сум среќна што со своите фанови можев да ја споделам одлуката која ја донесов, а тие нека прифатат како сакаат“, вели таа и додава дека поради тоа наишла на многубројни осуди и коментари. „Имаше моменти кога луѓето ми се ја исмејуваа или не ми веруваа, но едноставно тоа јас морам да го имам во моето срце, ја знам вистината и само да пуштам така да биде. Неверојатно е чувството кога ќе видиш дека некој тоа го почитува. Никогаш не почувствував притисак“, вели Ели. Поранешните момци ја почитувале нејзината желба, но сепак колегите на работа ја исмејувале. „Бев потполно понижена, шокирана и згрозена. Не чувствував дека имам било каква моќ да направам нешто кога тоа е во прашање бидејќи луѓето во тоа време знаејаа за тие работи, но не правија ништо да ги  спречат“ вели пејачката за "Hollywood Raw"  и додава: „Луѓето не одговараа за своите постапки. Се чувствував сама. Само понижување и страв. Што можев тогаш да направам? Бев само едно девојче во група, сите тие луѓе имаа моќ“ заклучува Ели.]]>

Брена и Боба добиваат честитки од сите страни: Голема прослава во домот на Живојиновиќ https://arhiva.vistina.com.mk/brena-i-boba-dobivaat-chestitki-od-site-strani-golema-proslava-vo-domot-na-zivojinovikj/ Sat, 07 Dec 2019 10:37:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122865

Кога станува збор за семејството Живојиновиќ тие се познати по добрите прослави и забави, а денес (07.12.2019) имаат посебен повод за славење. Имено, Лепа Брена и нејзинот сопруг Боба слават 28 години брак, а како што вели пејачката тие сакат овој ден да го прослават во интимна атмосфера и без многу гламур. „Ние тоа го прославуваме многу едноставно. Сакам децата да се со нас, нивните девојки и сопруги, Александра која сега е со нас. Сакам да отвориме шампањац, да седиме, да се дружиме и да разговараме. Без голем гламур“ вели Брена. Таа потенцираше дека во нејзиниот дом веќе започнала новогодишната атмосфера. „Декември е месец во кој имаме многу обврски. Особено оние обврски кои луѓето не ги гледаат, а тоа е да имате комуникација со семејството. Затоа на нашите деца им се потребни мајки во декември, а не само во другите месеци. Јас имам среќа што моите деца многу повеќе ми помагаат на мене отколку јас на нив. Многу сум среќна оваа година, бидејќи Боба и јас славиме 28 години од бракот. Потоа, следуваат концертите во Загреб. Потоа, следува театарската претстава која многу ме израдува бидејќи во животот на еден уметник секогаш се случуваат нови работи кои се круна или ја надоградуваат неговата работа. Се додека имате прилика да сте во околината на креативни луѓе, тогаш тоа е совршено“ вели Брена. За потсетување, Лепа Брена и Боба се запознаа на премиерата на филмот „Хајде да се волимо“, а на 7 декември 1991 година нивната љубов ја крунисаа со брак. Тие од бракот ги имаaт двата сина, Стефан и Виктор, а Боба од првиот брак го има синот Филип за кој фолк пејачката отсекогаш велеше дека и тој е нејзин син. ]]>

Миа Костова објави фотографија стара 28 години и објасни на кого личи нејзиниот син Андрија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/mia-kostova-objavi-fotografija-stara-28-godini-i-objasni-na-kogo-lichi-nejziniot-sin-andrija-foto/ Mon, 05 Nov 2018 08:29:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=56214

Фотографиите во нашите постари албуми се оние кои ни будат спомени секогаш кога ќе ги разгледаме и одлучиме да се потсетиме на некои поминати времиња. Гледањето на тие фотографии ни покажува како изгледало некогаш, во некое друго време, но не потсетуваат како сме изгледале и ние. Некои од нив од нив и покажуваат на кој член од семејството личиме. Македонската водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, објави ретро фотографија стара 28 години. Имено, Миа во кратките приказни на „Инстаграм“ кои нејзините следабеници може да ги гледат само 24 часа сподели фотографија од себе од далечната 1990 година.
Во описот на „Инстаграм стори“ до фотографија напиша: „Да не се расправате на кого личи Андрија“, мислејќи на нејзиниот син.
 
View this post on Instagram
 
Каде бе ти волку голем? ?? Среќно мајка!

A post shared by Миа Костова (@miandrija) on

]]>