26 ноември – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 25 Nov 2021 13:35:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 26 ноември – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Операта „Кармен“ на сцената на Македонската опера и балет https://arhiva.vistina.com.mk/operata-karmen-na-scenata-na-makedonskata-opera-i-balet/ Thu, 25 Nov 2021 13:35:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228891

Во петок, 26 ноември, со почеток во 20.00 ч. во Македонската опера и балет ќе се изведе ремек- делото на Жорж Бизе, операта „Кармен“ , една од најпознатите опери во историјата. Изведбата на операта „Кармен“ е во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2021. Диригент е гостинката од Украина, Оксана Мадараш; Режисер: Нина Најденова (Бугарија); Сценограф: Елена Иванова (Бугарија); Костимограф: Марија Пупучевска; Кореограф: Олга Панго. Во насловната улога ќе настапи Николина Јаневска, во улогата на Дон Хозе, Зоран Сотиров, Ристе Велков како Ескамилио, Сандра Митровска  во улогата на Микаела, а во останатите улоги настапуваат Ана Ројдева Талевска, Соња Пендовска – Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернес Ибраимовски. Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19  или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Задолжително е носење на заштитна маска, информираат организаторите.
]]>