26 јули 1963 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 26 Jul 2023 09:08:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 26 јули 1963 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 26-ти јули 1963: Денот кога Скопје се разбуди во ужас, а јас се родив… по втор пат! https://arhiva.vistina.com.mk/26-ti-juli-1963-denot-koga-skopje-se-razbudi-vo-uzhas-a-jas-se-rodiv-po-vtor-pat/ Wed, 26 Jul 2023 08:56:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311554

Роден сум на денот кога Скопје се разбуди во ужас... Всушност, роден сум малку порано, но  тој ден се родив по втор пат... Како речиси тримесечно бебе на кое  26 јули 1963 за малку можеше да му биде датум кој се испишува после онаа цртичка пред датумот на раѓање... За среќа, фала му на Бога,  се’ се завршило поинаку. Скопје, населба Пролет, зграда број 9, влез трети, втори кат... Тоа утро мајка ми Добрила станала рано, за да ми подготви храна. Мене, на нејзиното првороденче. Во тесното станче од 50-ина квадрати, четири генерации... Прадедо ми Теодосија, неговиот син – дедо ми Драган со баба ми Илина,  вујко ми Филип – се’ уште ерген, мајка ми и татко ми Трајче, тогаш се’ уште студент и секако јас, мало бебенце, прва радост во семејството. Најстариот, речиси 90 годишен, склеротичен, некогашен белградски печалбар „у време краља“ прашува: „Зашто ова дете плаче, чије е?“ – а мајка ми онака смирено: „Па мое е дедо, наше е... внуче ти е“. „Па зошто плаче, што га не смириш? – прашува стариот, а мајка ми: „Па, гладно е, затоа, еве му подготвувам јадење“. „Не, није тачно... Ти не умеш да го чуваш... Ако не умеш  да га чуваш, поклони га држави... Она ќе да се стара о њему“ – со полусрпски, полумакедонски враќа стариот и тогаш одненадеш чуден татнеж и старотен потрес . Плафонот почнува да пука, подот да се тресе, ѕидовите се лулаат како клацкалка, малтерот се рони, неподнослива бучава... Чиниш светот се превртува наопаку.  Тресењето трае, тапа заглушлива бучава и прашаина насекаде. Метежот во паника да се спаси главата инстинктивно се претвора во хистерија... „Симнувајте се, бегајте, сите надвор, земјотрес“...! Паѓа потпорниот ѕид  што го дели станот од соседите, се урива дел од скалите во влезот... Семејството за миг е надвор... Но, не сите. Минува нецела минута од шокот, кога мајка ми спискува: „Бебето, каде ми е бебето“? Го нема и најстариот, (пра)дедото... Шокот се претвора во паника, додека надвор тлото се’ уште повремено се потресува, а наоколу се слушаат пискотници, викотници, плач, лелек, довикувања, општа хистерија... Вујко ми Филип, тогаш студент, младо и силно момче, фудбалер на Вардар и подоцна негов долгогодише претседател, без двоумење онака, бос се стрчува назад кон влезот на зградата. „Немој Филипе...“ – вика по него баба ми и останатите, но тој не слуша никого. Се враќа по мене, по тримесечното бебенце кое онака целото во плач, прашина и малтер  на раце го изнесува надвор, а потоа одново оди горе по дедото. Вториот обид - за малку фатален. Се уриваат скалите, но во последен момент некако успеваат тој и стариот да се извлечат. Постземјотресните  минути и часови течат во општа агонија... Јулското сонце  го пече осакатеното Скопје  додека се чека медицинска и хуманитарна помош. Мене ме преземаат и заедно со мајка ми не носат во болница во Ниш. Лекарите констатираат тешка инфекција на респираторниот систем и цревата. Прават се што можат, но не е се до медицината... Има нешто и до Господа. Не јадам ништо. Инфузијата како тече во мене, така во истиот миг и истекува од мене... како вода. Организмот не може да ја задржи ниту неа, камо ли храната. Мајка ми од шок го губу млекото. Не може да ме дои. Лекарите велат: „Што е до нас, тоа е... толку можеме. Шансите се мали да преживее, но ги има. Мајчиното млеко многу би помогнало, ама... Во нишката болница лежат и Ромки, тукушто породени, доилки.  Вреди да се проба, како последна шанса... За пари, секако. И види чудо... Бебето го прифаќа „мајчиното“ млеко. Шукар! Во меѓувреме прадеодми онака сенилен и склеротичен со деменција, се губи... По ден талкање по урнатините вујко ми Филип го наоѓа на кејот на Вардар. По пижами како оди и мрмори: „Жено, где ми је пушка? Бугари, опет су нас напали Бугари“... На сенилниот воин од Првата светска војна, некои спомени од минатото му останале во главата. За жал истата таа ионака веќе доволно болна и истрауматизирана глава изложена 24 часа на сонце – не издржала. Тодосије Ѓурчиновски ќе ги преживее и војните и земјотресот, но ќе почине од мозочен удар само неколку дена по скопската катастрофа. А катстрофа за малку и во нишката болница... Мајка ми ме гледа како се борам за секоја капка мајчино млеко што значи живот, но и покрај тоа, по она на лекарите дека изгледите да преживеам  не ми се баш најизгледни, му праќа итна телеграма на татко ми со отприлика ваква содржина: „Ја се држам некако, ама бебето... Толку беше, готово е“!  Такво било времето, околностите, а такви биле и комуникациите... Немало ни обични, а камо ли мобилни телефони. Во целиот тој метеж во Скопје, татко ми пораката ја сфаќа тотално погрешно. Другиот ден се појавува млад човек  во нишката клиника забраден, променет во црнина. Дојден да си го подигне телото на своето „покојно дете“. Можете да замислите само каков бил „контрашокот“ кога видел дека сум жив. И за Божје чудо полека сум почнал да закрепнувам. Оттаму во Белград со мајка ми кај нејзината другарка Зорка и сопругот Мирко, па  по некое време назад во Скопје, кај братучедот на дедо ми, чичко Вељо и неговото благородно семејство. И од тој судбински 26 јули 1963-тата еве ме и денес, на истиот датум, фала му на Бога, се’ уште  жив и здрав... За да си припомнам на скопската катастрофа и кажувањата на оние кои подоцна ми ја раскажувале оваа моја животна приказна. За жал повеќе ги неме ниту баба и дедо, ниту вујко ми, ниту татко ми и мајка ми... Ги нема на овој свет од кој некои од нив прерано заминаа, но ги има вечно во моето срце и спомените, кои додека сум жив нема да избледат. Како сеќавање и на семејтвото и на тој  26-ти јули 1963: Денот кога Скопје се разбуди во ужас, а јас се родив... по втор пат! Авторот е долгогодишен новинар, сега главен и одговорен уредник на порталот Вистина.ком.мк]]>

Скопје се сеќава: 57 години од катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963 година https://arhiva.vistina.com.mk/skopje-se-sekjava-57-godini-od-katastrofalniot-zemjotres-na-26-juli-1963-godina/ Sun, 26 Jul 2020 08:26:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160536

Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Од трагедијата на Скопје целиот свет беше вознемирен и ангажиран. Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Така Скопје стана град на меѓународна солидарност. Обединетите нации веднаш по катастрофата презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. Во времето кога екипи стручњаци на ОН почнаа да пристигнуваат во Скопје, во седиштето на меѓународната организација беше речено дека Скопје ќе биде споменик на човечката солидарност. На 23 септември 1963 година 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. По четири дена, на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје. На 14 октомври, по двочасовна дискусија, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада при реконструкцијата на Скопје. Во Резолуцијата се изразува жалење по повод големата катастрофа. Во дебатата за давање помош на Скопје, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје. Во својата долга историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. На просторот меѓу селата Злокуќани и Бардовци постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија. Овој римски град во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес. Тогаш во провинцијата Дарданија биле урнати 24 градски тврдини. Јачината на овој земјотрес изнесувала 10 до 11 степени. Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи. Скопје потоа бил изграден на денешното место. И новиот град не бил поштеден од сеизмички појави. Наредниот катастрофален земјотрес се случил во 1555 година. Неговата јачина изнесувала околу 10 степени, по што градот вторпат бил разурнат. Последното трето големо катастрофално разурнување на Скопје се случи пред 57 години, на 26 јули 1963 година, кога Скопје беше погодено од земјотрес со јачина од девет степени по Меркалиевата скала или шест според Рихтеровата со епицентар на плоштадот „Македонија“.]]>