25 мај – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 25 May 2021 09:10:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 25 мај – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 25 Мај – Ден на младоста во Титова Југославија https://arhiva.vistina.com.mk/25-maj-den-na-mladosta-vo-titovata-jugoslavija/ Tue, 25 May 2021 09:10:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203865

Денот на младоста беше еден од најголемите празници во Социјалистичка Федеративна Република Југославија, кој се одбележуваше на 25 мај, а се прославуваше од 1945 до 1988 година. Овој празник беше поврзан со роденденот на доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито (1892-1980) и првите години се одбележуваше само како негов роденден, а во 1957 година на негова иницијатива е прогласен за Ден на младоста. Главниот симбол на овој празник беше Штафетата на младоста, која се пренесуваше околу еден и пол месец низ целата територија на некогашна Југославија и на 25 мај му се предаваше на Тито на величествен слет, организиран на Стадионот ЈНА во Белград. Штафетата на младоста е воведена во 1945 година, на предлог на младината на Крагуевац, како „Титова штафета“. Во носењето на првата Титова штафета учествуваа 12.500 младинци, кои претрчуваа траса долга 9.000 километри, предавајќи му ги на Тито првите девет штафетни палки и Сината книга со 15.000 потписи од младината на Шумадија. Првите штафети му се предадени во Загреб, а во следните години, се до 1956 година, Тито лично ги примал последните носители на штафетата пред Белиот двор во Белград, на што претходел свечен пречек на Плоштадот на Републиката. Штафетата секоја година тргнуваше од различно место и до друга република, секогаш масовно пречекувана ширум некогашната Југославија. Се до смртта на Јосип Броз Тито во 1980 година, штафетата му се доделувала лично на Стадионот ЈНА во Белград, со пригодна честитка со желби за добро здравје и долг живот, врачувана од најдобрите младинци и младинки. Штафетата на младоста во 1980 година, која на денот на смртта на Тито на 4 мај се најде токму на патот низ Хрватска, го прекина својот пат и е положена на одарот на претседателот во Собранието на СФРЈ. Штафетата на младоста продолжи да постои и по смртта на Тито, станувајќи симбол на љубов и почит кон неговото дело. Во 1987 година последен пат на белградскиот стадион е одржана приредбата по повод Денот на младоста, а на 26 јануари 1988 година Сојузот на социјалистичката младина на Југославија го укина слетот, кој беше многу популарен. За носители на Штафетата на младоста секогаш беа избирани „примерни младинци“, односно најдобрите ученици и студенти, млади работници, истакнати спортисти, учесници во работни акции и воопшто млади луѓе кои се истакнале со своето образование и труд.]]>

„Културно Уметнички Работници“ во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/kulturno-umetnichki-rabotnici-vo-mkc/ Wed, 19 May 2021 11:59:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203288

Некогашниот патронат на некогашниот „Дом на млади -  25 Мај“, денешен „Младински културен центар - МКЦ“, се одбележува со пригодна програма и концерт во живо на 25 мај 2021 година на единствените „Културно Уметнички Работници“. Долго време не свиреле во МКЦ, а и се еден од ретките бендови што во изминатиов период немавме можност да го видиме ниту на онлајн-концерт. Ова нема да биде онлајн, туку 50-минутен „Само хитови“ - сет на „К.У.Р.“ во живо, а истиот ќе биде снимен и подоцна емитуван, а можеби и издаден. Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор, па затоа публиката се моли да  се придржува кон истите. Бројот на посетители е намален  на само 70 седишта, а носењето маски е задолжително за време на целиот настан. Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и online, преку bileti.mkc.mk]]>

Дневен хороскоп: 25 мај 2020 https://arhiva.vistina.com.mk/dneven-horoskop-25-maj-2020/ Mon, 25 May 2020 09:58:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151225

ОВЕН Работа: Можно е да не сте сигурни дали да ја прифатите новата понуда која ви се укажала денеска. Љубов: Можно е да сте оптоварени со нови емотивни одлуки и често ви се чини дека партнерот очекува премногу. Здравје: Проблеми со несоница. БИК Работа: Може да очекувате поволен ден кој ви носи разрешување на некои проблеми. Љубов: Пред вас е интересна средба со личност кон која имате силни чувства. Здравје: Не би требало да има проблеми. БЛИЗНАЦИ Работа: Работни промени во доаѓаат. Имате голем број на обврски и не ви е лесно добро да се организирате. Љубов: Можно е да замерувате на вашиот партнер за многу работи. Не ви е поволен ден за љубов. Здравје: Ќе ви годи малку да се одморите. РАК Работа: Може да ви се укаже шанса да соработувате со некоја личност која е поврзана со странство. Љубов: Очекувајте интересни шанси кога е во прашање љубовта. Подготвени сте за нова врска. Здравје: Генерално добро. ЛАВ Работа: Не ви е претерано поволен ден. Кога е во прашање работата, може да имате проблеми. Љубов: Ве очекува поволна ситуација за љубов. Со саканата личност делите искрени и силни взаемни чувства. Здравје: Проверете го холестеролот. ДЕВИЦА Работа: Ве очекуваат мали промени на полето заработувачка во следниот период. Можно е малиот прилив на пари да ве загрижува. Љубов: Пред вас е период кој може да донесе нови прилики и додворувања на ова поле. Здравје: Полни сте со енергија. ВАГА Работа: Можни се несогласувања во односот со соработниците. Атмосферата во работното опкружување не ви годи нималку. Љубов: Немате време за саканата личност која ви замерува. Здравје: Водете сметка околу бубрезите. ШКОРПИЈА Работа: Можно е денеска да влезете во некои мали расправии со соработниците на ова поле. Љубов: Имате впечаток дека дошло време за промени. На ова поле важни одлуки се пред вас. Здравје: Проверете ја крвната слика. СТРЕЛЕЦ Љубов: Иако на прв поглед изгледа дека работите ви одат како подмачкани, ако длабокот анализирате ќе видите дека постојат проблеми. Љубов: Пред вас е прилика да се впуштите во врска со личност која има силни и длабоки чувства. Здравје: Проверете го крвниот притисок. ЈАРЕЦ Работа: Доколку се занимавате со приватна работа, подготвени сте да правите неопходни промени на ова поле. Љубов: Повремено се сомневате во своите емоции и често имате потреба за оддалечување од саканата личност. Здравје: Мали проблеми со стомакот. ВОДОЛИЈА Работа: Ве очекува работна комуникација и договор кој може да биде многу значаен на долги патеки. Љубов: Ново познанство кое ви се случило ви носи позитивни промени. Здравје: Внимавајте на синусите. РИБИ Работа: Доаѓате до мали проблеми на поелто работа, но со трпение и упорност ќе успеете се да решите. Љубов: Имате впечаток дека со саканата личност не може да најдете компромис. Следниот период не ви е наклонет. Здравје: Проблеми со штитната жлезда.
]]>