22 годишна девојка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 10 Mar 2020 13:41:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 22 годишна девојка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 22-годишна девојка на Тиндер се споила со својот шеф (58) – дал отказ поради неа! https://arhiva.vistina.com.mk/22-godishna-devojka-na-tinder-se-spoila-so-svojot-shef-58-dal-otkaz-poradi-nea/ Tue, 10 Mar 2020 13:30:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138648

Рик (58) ја запознал Алиса Клиленд (22) во 2018-та година. Алиса работела во компанија со околу 200 вработени, каде Рик ѝ бил шеф, но приватно не разговарале сè додека не ги споила апликацијата Тиндер. После краткото допишување, одлучиле да излезат на вечера и низ разговор сфатиле дека имаат многу заеднички работи. Рик признал дека на прва не препознал дека се работи за вработена од компанијата кога на Тиндер кликнал на Алиса. Рекол дека дотогаш не ја забележувал премногу на работното место. Алиса сепак го препознала својот шеф уште на почетокот. „Му испратив порака и се запрашав што правам. Ние не можеме да бидеме заедно“, рекла таа. Кога Рик дознал дека Алиса е негова вработена, му станало јасно дека тоа ќе претставува проблем. И покрај тоа, продолжиле да се гледаат. „Во една прилика се расправаше со цимерките, а јас веднаш ѝ предложив да се всели кај мене“, рекол Рик и открил дека Алиса ја прифатила понудата. Рик поради Алиса дал отказ на позицијата шеф и ја променил работата, а парот признава дека е посреќен од било кога. Признаваат дека не ја чувствуваат разликата во години и дека многу добро се согласуваат. „Начинот на интеракција и меѓусебната комуникација во нашиот случај едноставно функционира“, заклучиле на крајот. извор: точка.ком.мк]]>