21 година брак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 13 Oct 2018 07:45:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 21 година брак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Светлана и Мики Црнокрак славеа годишнина од бракот, а најубавата и најслатка честитка ја добија од „плодовите“ на нивната љубов! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/svetlana-i-miki-crnokrak-slavea-godishnina-od-brakot-a-najubavata-i-najslatka-chestitka-ja-dobija-od-plodovite-na-nivnata-ljubov-foto/ Sat, 13 Oct 2018 07:45:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52705

Сопствениците на модното студио „Црнокрак“, брачната двојка Светлана и Мики со години важат за пар кој покрај семејниот бизнис исполнет со убавина, има еден од најстабилните и најсреќни бракови.
Вообичаено е за луѓето од јавниот живот, особено естрадата или светот на модата и убавината во чиј домен е нивната работа, да биде предмет на „туѓите погледи“, озборувања, чаршиски муабети, афери, трачеви... Постојано да си опкружен со убавици, а тоа да ти бидер само професионална обврска е отприлика како онаа - со пчеларот: да го собираш медот, а да не сркнеш од него!
Но, по се изгледа поривот да се истрае во модниот бизнис и светот на убавината, судирајќи се постојано со предизвикот и искушението, особено кога си во помлади години, Мики Црнокрак успешно го пребродил и се' уште го прави тоа, зашто убавината му е постојано пред очи, ама и при срце. Неговата сопруга, манекенката и модел и ТВ презентер Светлана Црнокрак со години важи за една од најубавите жени во Македонија, а нивната љубов крунисана со брак трае повеќе од две децени.
Токму 21 годишнината од бракот Светлана и Мики ја прославија во еден отмен скопски локал, при тоа добивајќи дузина честитки, но сепак најубавата и најслатка честитка стигна токму од „плодовите“ на нивната љубов - нивните две ќерки, Моника и Нина.
Поголемата - Моника, која израсна во вистинска убавица која убавината ја наследила од родителите, особено од мама, е студент на Економскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, а помалата, 7 годишната Нина - „втораче“!
Среќната брачна двојка од своите убавици доби чоколадна торта во облик на срце со посвета...
...Па, моментот го овековечи со семејна фотографија: брачната двојка Црнокрак и „плодовите“ на нивната љубов која трае, крунисана со 21 година брак! Нека е честито и вечно!
 ]]>