21-22 октомври – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 04 Oct 2022 08:46:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 21-22 октомври – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Последни подготовки: „Макфест 2022“ носи модерен звук, ова се дел од учесниците https://arhiva.vistina.com.mk/posledni-podgotovki-makfest-2022-nosi-moderen-zvuk-ova-se-del-od-uchesnicite/ Tue, 04 Oct 2022 08:44:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269918

Полека, но сигурно се ближиме кон 37-то издание на најреномираниот музички фестивал во нашата земја, „Макфест 2022“, кој ќе се одржи на 21-ви и 22-ри октомври во Штип. Градот под Исарот и оваа година ќе биде домаќин на фестивалот кој е еден од главните „столбови“ на македонската музичка сцена наназад низ годините, а по се изгледа така ќе биде уште долги години... Се разбира, во овие 37 години на овој фестивал настапиле стотици изведувачи, најмногу од Македонија, а учесници имало и од земјите од регионот, па и пошироко. Она што го прави „Макфест“ посебен, е тоа што во овие 37 години го одбележаа многу хитови, многу евергрини и тоа во секакви стилови и жанрови. Но, едно е повеќе од сигурно, а тоа е дека секое време си носи свои трендови... Па, ако судиме по тоа, на „Макфест“ оваа година ќе доминираат модерени звуци, а тоа само докажува дека македонската музичка сцена и тоа како ги следи светските трендови во музиката. Впрочем тоа го докажува и големиот интерес кај македонските артисти за да настапат на овогодинешниот фестивал. Тоа ни го потврди и уметничкиот директор на фестивалот, познатиот музичар Роберт Саздов. „Да, интересот е навистина голем и тоа не радува сите. Како што знаете, ќе има два вечери, првата е натпреварувачка, додека втората вечер е ревијална. Она што особено морам да го истакнам е дека на конкурсот изведувачите и композиторите пријавија доста модерни песни“ - вели Саздов. Инаку на сцената во Штип, односно во Домот на културата „Ацо Шопов“ ќе настапат околу 25 изведувачи вкупно во двете вечери. Меѓу нив е познатата пејачка Тамара Тодевска, момците од „Два Бона“, пејачката Викторија Лоба, Ламбе Алабакоски, Виктор Апостоловски, Андреа Коевска, со дует ќе се претстават раперот Пајак и Лара Иванова, атрактивната Андријана Петрушовска и многу други... За постојано нови информации поврзани со фестивалот, следете ги официјалните страни на Инстаграм: https://www.instagram.com/makfestfestival/ и страната на Фејсбук: https://www.facebook.com/makfest.mk]]>