2023 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 29 Dec 2023 08:16:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 2023 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Калиопи ја резимира 2023 година во екслузивно интервју за Вистина: „Без оглед на тоа каква планина ми тежи на плешките, јас мирно ги затворам очите“ https://arhiva.vistina.com.mk/kaliopi-ja-rezimira-2023-godina-vo-eksluzivno-intervju-za-vistina-bez-ogled-na-toa-kakva-planina-mi-tezhi-na-pleshkite-jas-mirno-gi-zatvoram-ochite/ Fri, 29 Dec 2023 08:16:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332923

За нашата поп -пејачка Калиопи редовно се залепени епитетите дива, кралица, најдобра… што таа во неколку наврати кажала дека нема проблем да ги стави на лицитација. Сепак, ласкањето за тоа што е таа и она што го работи, сосема оправдано се надополнува. Неуморен професионалец, секогаш непосредна и отворена за своите фанови, без чувството дека таа е ѕвезда и е недостижна во денешниот естраден свет. Децениската кариера, бројните хитови и концерти ја прават она што е денес, а според обемот на се’ што направила во годината која ја испраќаме, ќе треба да одговори многу и да испишеме уште повеќе од ова и повторно да останаме недокажани. За крајот на 2023 година Калиопи во ексклузивно интервју за Вистина зборуваше за тоа како ја сублимира оваа 2023 година, се’ она со кое и беше исполнета приватно и професионално, како и тоа што следи во 2024 година. Како се чувствува Калиопи пред крајот на годината? -Невообичаено спокојна. И последниве денови до пречекот ги користам за убави и креативни моменти, додека за годинешниов дочек на Новата година си посакав мирна и тивка ноќ. Празничниот дух успевате да си го донесете сами или за тоа мора да има синергија од целокупното опкружување? -Секогаш за добро расположение мора да започнете од себе, а потоа секако продолжувате во духот на споделувањето. Опкружувањето е многу важно, но сметам дека горе-долу сите ние веќе однапред си го знаеме нашиот избор на луѓе. Кој е Вашиот рецепт за постојана насмевка и позитивна енергија како личен печат, секако покрај моќниот вокал по што сте и препознатливи? -Го гледам само она што сакам да го видам! Не дозволувам никој и ништо да ми го расипе моето гледиште на светот, бидејќи иако свесна во какво време живееме, мене очите и срцето ќе ми бидат водени од љубовта! И тоа сакам да го поделам со луѓето, а нема подобар начин од насмевката! Покрај мојот глас, луѓето ме препознаваат и по неа. Години наназад редовно ја добивате и апсорбирате непресушната љубов од публиката, но дали Калиопи е емотивно исполената и сакана кога ќе се симне од сцена и ќе остане сама? -Претпоставувам дека сите ние си живееме некаква наша "сцена", без оглед на професиите. И сите ние го имаме моментот кога остануваме сами со себе, а јас тој момент го сметам за многу продуктивен. Потребен е пред сѐ да си ги средиме мислите и да си помуабетиме искрено со себе. Јас добивам огромно количество на љубов и под светлата на рефлекторите, но и кога тие ќе се угасат... Вложувате многу во кариерата, музиката, публиката, а доказ дека задоволството постои е перманентноста од која немате отстапки години наназад. Каде се крие клучот на истрајноста, неуморноста, инспирацијата, посветеноста...? -Нема поголем влог од доследноста до она во што си верувал од секогаш. Да се биде свој, е клучот, но секако и најскапиот дел. Тоа чини многу... Но на крајот од денот, без оглед на тоа каква планина ми тежи на плешките, јас мирно ги затворам очите, бидејќи знам, утрото ќе ме награди со нова сила за храброста и решителноста да бидам своја. Апетитите на публката никогаш не се задоволени од Калиопи и нејзината музика, а тие воопшто не се мали со оглед дека регионот не е мал и Ве обожава. Постојано на пат, од хотел до холел, од сцена на сцена, Вие се давате, но од каде е Вашиот духовен извор за да се издржи и постигне тоа? -Љубовта и вербата се мојот главен извор и сила за сѐ она што ме очекува на патот наречен живот. Затоа и ништо не ми е тешко. Во проблемот го гледам предизвикот, во искушениата си го тестирам трпението и така растам. А се додека публиката е погладна за мојата музика, мене ќе ме има... Годинава одржавте многу концерти низ регионот, добивте многу аплаузи, враќање на бис, цвеќиња, разни подароци... Кои беа најдрагите моменти кога би ги споиле во едно? -Завршното поклонување со мојот бенд, пред да ја напуштиме сцената... Не можам да ви го доловам тоа чувство преку збор, тоа мора да се доживее... Затоа до година и тука, кај нас ќе го поделиме тоа чувство, на концертите кои се во план во Македонија. Колку општествените случувања се одразуваа на инспирацијата и кративноста, независно дали се позитивни или негативни? -О, и тоа како се одразуваат. Моите песни не се само љубовни, тие опфаќаат и социјални теми, ангажирани песни, некогаш се чист коментар на одредени случувања. Уметноста е широк простор во кој се изговараат и отсликуваат најголемите вистини. Јас и Ромео сме токму затоа феноменален тандем, особено кога е во прашање точната мисла преточена во збор. Ако се осврнете наназад низ годините од почетоците на Вашата кариера до денес, како би го оцениле развојот на македонската музика /естрада, кои беа најплодните години, а кои најсушните? -Секое време земено и од социјален и културолошки аспект си носи извесни промени. За некој тие се позитивни, додека за друг се катастрофални. Токму од тој аспект не знам колку е паметно било што да кажам на таа тема, а да не бидам погрешно сфатена. Затоа мудро ќе молчам и ќе го користам правото своето мислење да го искажувам преку своите дела. „Не сакам да снимам дуети, тоа не е мој стил“ беше подвлечена една Ваша изјава во медиумите. Зошто е тоа така и тоа веднаш откако излезе последениот и најнов дует со Жељко Самарџиќ кој патем поминува одлично? -Изјава извадена од контекст. Секако, нелогично е да кажам такво нешто, а истовремено да дејствувам поинаку! Зборував за тоа дека немам многу дуети во мојата кариера, бидејќи дуетот е нешто што треба да се случи по чувство , а не по план. Песната можам да ја делам само со некој кој ги чувствува нештата, луѓето и животот на сличен начин како јас. Од каде треба да почнат промените за повторно да заживее македонската поп музика. Да бидат повеќе посетени домашните концерти, настапи и да не се штеди да се одделат пари за карта за она што е наше, домашно? -Промените почнуваат од самопочитта. Кога тоа ќе го освестиме, ќе започнат сите други општествени и институционални промени кои се потребни во секој сегмент на нашето живеење. Што стои во приватната и професионална агенда на Калиопи за 2024 година? -Многу убави и големи планови за кои уште од сега ги започнавме сите подготовки, со детална организација. Догодина повод големиот јубилеј 40 год од соработката со Ромео Грилл, се подготвува нов албум, како и низа концерти во Македонија и во регионот. Неизоставна е голема промоција на овие проекти и можам слободно да речам, со нетрпение ја чекам 2024 год, токму затоа што чувствувам дека со овој албум ќе отворам ново поглавје за најмалку следните десет години. А за понатаму, ќе видиме... Ако Калиопи е Дедо Мраз и може една работа да им подари на луѓето во Македонија, што би било тоа? -СРЕЌА фото: Приватна архива/ Ѓорѓи Христовски/Мартин Шишковски]]>

ДНК, Нино Величковски и Драган Мијалковски… главни ѕвезди за дочекот на Нова Година и денот по неа во Охрид https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-nino-velichkovski-i-dragan-mijalkovski-glavni-zvezdi-za-dochekot-na-nova-godina-i-denot-po-nea-vo-ohrid/ Tue, 19 Dec 2023 13:49:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331711

Охриѓани подготвуваат богата и интересна новогодшна програма која ќе ги забавува граѓаните на Охрид, туристите и сите оние кои Новата година планираат да ја дочекаат во ова наше познато туристичко место. Новогодишната програма ќе започне на 28-ми декември со програма наменета за најмладите, односно, на градскиот плоштад “Св. Климент Охридски“ во Охрид присутната публика ќе ги забавуваат Биби и Боби и „Светот на Биби“. Следниот ден пак, на 29-ти декември на плоштадот ќе се одржи театарската претстава „Ракавиците на Дедо Мраз“, а на 30-ти декември детската претстава „Далматино и Дедо Мраз“. На 31 декември на плоштадот ќе биде одржан музичко – театарскиот спектакл за деца и млади „Новогодишна детска бајка“. Сите случувања кои се дел од новогодишната програма, а се посветени за најмладите ќе започнуваат во 12:30 часот. Што се однесува до забавниот дел за новогодишната ноќ и дочекот на Новата 2024-та година, на 31 декември, на градскиот плоштад во Охрид ќе се погрижат диџеите Јана Слеј и Багзи, групата DNK, Нино Величкоски и групата „Фортуна“. Почетокот е закажан за 21 часот. На 1-ви јануари 2024 година точно на пладне ќе настапат групата „Балкан џем“ и Драган Мијалкоски. Организаторите очекуваат одлична забава и задоволни граѓани и посетители од земјава и странство.]]>

Филмот „Анатомија на падот“ ја освои европската филмска награда за 2023 година https://arhiva.vistina.com.mk/filmot-anatomija-na-padot-ja-osvoi-evropskata-filmska-nagrada-za-2023-godina/ Sun, 10 Dec 2023 14:51:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330442

Судската драма „Анатомија на падот“ на француската режисерка Жастин Триет ја освои наградата за најдобар европски филм на годината, објави Европската филмска академија на церемонијата во Берлин во саботата вечерта. Филмот зборува за успешна писателка, која ја толкува германската актерка Сандра Хулер, која се обидува да ја докаже својата невиност откако е обвинета за убиство на нејзиниот сопруг. „Анатомија на падот“ претходно ја доби наградата за најдобро сценарио и наградата за најдобра монтажа. Триет ја доби наградата за најдобар режисер а Хулер за најдобра актерка во 2023 година. Данскиот актер Мадс Микелсен е прогласен за најдобар актер за неговата изведба во филмот „Ветената земја“ (Bastarden, во оригиналот), а наградата му беше врачена при видео-обраќање. Германскиот актер Кристијан Фридел, кој го играше командантот на злогласниот нацистички логор Аушвиц, Рудолф Хес во „Зона на интерес“, беше меѓу номинираните во оваа категорија. Академијата ја одликуваше и британската актерка Ванеса Редгрејв со наградата за животно дело. Унгарскиот филмски режисер Бела Тар („Sátántangó“) доби почесна награда од претседателот на Академијата и Управниот одбор. Шпанската режисерка Изабел Коксе, која го режираше филмот „Тајниот живот на зборовите“, љубовна приказна меѓу Босанка и Американец, беше наградена за нејзиниот придонес во светската кинематографија. Европските филмски награди се сметаат за една од најпрестижните награди во филмската индустрија. Околу 4.600 членови на Европската филмска академија гласаа за победниците во повеќе категории, како што се Оскарите во САД. Европските филмски награди обично се одржуваат наизменично во Берлин и други европски градови. Минатата година наградата за најдобар филм ја доби сатирата „Триаголник на тагата“. Фото: Принтскрин/YouTube]]>

Дневен хороскоп за 2-ри Август 2023 год. https://arhiva.vistina.com.mk/dneven-horoskop-za-2-ri-avgust-2023-god/ Wed, 02 Aug 2023 10:48:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312403

Овен

Во заеднички интерес е актуелните проблеми да ги решите што побрзо и без дополнителни компликации. Доколку ве оптоваруваат нови емотивни сомнежи, разговарајте искрено со саканата личност и инсистирајте да ја докажете вистината. Ќе ви годи разговор со близок пријател.

Бик

Не треба да ги врзувате вашите интереси само за одреден тим на соработници, туку да си дозволите можност за поширок поглед на деловно поле. Нема причина да се залажувате давајќи си лажна надеж или емотивни фантазии. Само она што е „проверено“ е безбедно. Обидете се да ја подобрите вашата концентрација.

Близнаци

Нема потреба да ги обвинувате другите за вашиот деловен неуспех, не бидете неправедни кон личноста чии намери не ги знаете доволно. Имате впечаток дека вашиот партнер упорно крие одредени детали или вистина, што дополнително влијае на вашето лошо расположение. Избегнувајте премногу напорни или стресни ситуации.

Рак

Одбивате да прифатите туѓа улога во преговорите, не сакате да бидете надвор од главните настани на деловната сцена. Некој ве поттикнува да бидете во добро расположение. Во согласност со вашите афинитети, можете да создадете романтична атмосфера и да привлечете нечие внимание. Слободното време посветете го на рекреација.

Лав

Треба да ги одредите вашите деловни цели и да ги подмирите постојните сметки, не дозволувајте некој да ве предводи и да ви кажува што да правите. Бидете искрени со партнерот и разговарајте за работите кои ве мачат и ви тежат на душата. Избегнувајте ситуации кои ве вознемируваат психички.

Девица

Ако сакате да ги тестирате вашите интелектуални или практични способности, треба да имате прецизни цели. Избегнувајте напнати ситуации при средба со саканата личност, важно е меѓу вас да има добри намери. Обидете се правилно да ја насочите вашата позитивна енергија.

Вага

Имате добра проценка за различните можности на деловната сцена и знаете како да влијаете на околината. Добро сте расположени, нема причина да бегате од „љубовните сигнали“. Почестете се со омилена забава. Вие сте во одлична психофизичка фаза.

Скорпија

Изгледате сомнително кога се среќавате со колегите. Доколку премногу се оддалечите од заедничките теми, ве очекуваат дополнителни компликации. Во одредени ситуации со вас страда некој близок, но вие тоа упорно го негирате со намера да ги промените работите во ваша корист. Прекумерната грижа лошо влијае на вашата концентрација.

Стрелец

Фокусирајте го вашето внимание на приоритетните прашања, а останатото препуштете им го на другите. Болната амбициозност може да ви се сруши врз глава. Доколку работите во тим, работете во тим. Кога се среќавате со некој близок, поставувате услови кои се сметаат за негативни. Сакате многу повеќе внимание отколку што добивате од вашиот партнер.

Јарец

Добро размислете кому ги доверувате вашите планови, консултирајте се со личност со која имате позитивно искуство од минатото. Новите изливи на нежност пред саканата личност носат взаемно задоволство, но и чувство на сигурност што ви недостасуваше изминатиов период. Ви треба добар поттик или емоционална инспирација, опуштете се.

Водолија

Им влевате недоверба на соработниците и барате нови информации со цел правилно да ги разјасните заедничките дилеми. Не го разбирате однесувањето на партнерот, но тоа не ви дава право самостојно да одлучувате за заедничките планови. Ќе уживате во релаксација и весели содржини, како рецепт за добро расположение.

Риби

Вашиот ентузијазам и личната гордост може да се толкуваат на различни начини, повнимателно изберете ги зборовите што ги користите во друштво на колегите или вашите претпоставени. Покажете ѝ на вашата сакана дека добрата волја и вниманието значат повеќе од „скапите подароци“. Уживајте во работите кои позитивно влијаат на вашето расположение.
]]>

За многу години Македонци: Честит Илинден https://arhiva.vistina.com.mk/za-mnogu-godini-makedontsi-chestit-ilinden/ Wed, 02 Aug 2023 07:02:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312374

Денес се прославува Илинден – Денот на Републиката, кој  е еден од најголемите државни празници на Република Македонија, а 2-ри август  е исто така и голем верски празник  кој се слави во чест на пророкот Свети Илија. Денот на Републиката се прославува во знак на сеќавање на два големи настани кои се случиле на овој датум, и со кои се удрени темелите на македонската државност:
  • Илинденското востание од 1903 година кое било организирано од ВМРО против Отоманската империја, и во текот на кое била прогласена Крушевската република.
  • Првото заседание на АСНОМ од 1944 година, во текот на Втората светска војна, на коe се поставени основите на денешна Република Македонија.
Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател… Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република. Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто. Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија. Илинден е прогласен е за државен празник уште на Првото заседание на АСНОМ во 1944. Големи народни собири се одржуваат во сите манастири, а се организира и коњанички марш од Скопје до Крушево каде што главнината од востаничките водачи ја прогласиле Крушевската република во 1903 година. Главната прослава се одржува на Мечкин камен, каде што во херојска борба со отоманските војски загинал војводата Питу Гули со својата верна дружина во август 1903 година. Македонците традиционално го прославувале овој ден бидејќи е голем верски празник кој влече корени уште од паганските словенски времиња, кога врховниот словенски бог Перун бил заменет со христијанската верзија – Свети Илија. Нека ни е честит ИЛИНДЕН, а на сите оние кои ги носат имињата Илина, Илинка, Илинденка, Илија, Илчо, Иле… Среќен именден!]]>

„Ohrid Calling“- летен фестивал на електронска музика во Охрид https://arhiva.vistina.com.mk/ohrid-calling-leten-festival-na-elektronska-muzika-vo-ohrid/ Mon, 31 Jul 2023 08:33:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312179

Најмасовниот летен музички фестивал во Охрид е повеќе од спремен за неколкудневното исполнување на музички желби и очекувања од светот на електронската музика. „Ohrid Calling“ оваа година на менито нуди шаренолика и интригантна музичка програма која ќе ја “загрее” атмосферата во веќе востановениот бастион на добра забава и електронска музика касарната во Охрид. Оваа година нè очекува извонредно фестивалско издание со комбинација на стари фестивалски фаворити и возбудливи премиери. Од тропските dance-pop звуци на хитмејкерот Jonas Blue и неговиот прв настап на Балканот, динамичната и заразна продукција на Morten кој во моментов се наоѓа на врвот од неговата кариера, до возбудливите настапи на легендарниот Steve Aoki и лудата енергија на вашиот омилен Salvatore Ganacci кој за прв пат дојде во 2018 како анонимен а денес е премиум DJ кој настапува на сите големи светски фестивали. Покрај нив, со заслужено место на овогодинешниот лајнап се наоѓаат и Regard, Sullivan King, Wolfpack, Marten Hørger, SKIY, Cyrillic, Pessto, Divolly & Markward, Jordan John, Invictoz, Delovski, Jana Slayy и Tasev.]]>

Шакира е прогласена за најубава жена во 2023 година (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/shakira-e-proglasena-za-najubava-zhena-vo-2023-godina-foto/ Tue, 11 Jul 2023 07:37:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309691

Шпанското издание на магазинот „People “ ја прогласи колумбиската поп дива Шакира, за најубава жена на светот за 2023 година, а нејзиното име се најде на листата „50 најубави“ на првата позиција. Како што велат, Шакира е „жена која инспирира“, а нејзините квалитети и го донесоа првото место на листата. Во интервју за шпанското издание на споменатиот магазин, поп-дивата откри дека имало моменти кога нејзиниот свет се срушил и нејзиниот дом се распаднал. Сепак, откри дека нејзините деца, Милан и Саша, се најголемиот извор на среќа и мотив да продолжи понатаму, да се издигне над неволјите и проблемите што ја снајдоа – вклучувајќи го и разводот со поранешниот фудбалер Жерар Пике. На годинешната листа на познати уметници се најдоа имиња на познати личности од различни сфери на уметноста, како Ана де Армас, Џенифер Лопез, Талија и Ева Лонгорија. Фото: Принтскрин/Инстгарам/Шакира]]>

Астролошки предвидувања со Снежана Петкас: Дали можеме да ја промениме нашата судбина и што ќе се случува во 2023-та? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/astroloshki-predviduvana-so-snezhana-petkas-dali-mozheme-da-ja-promenime-nashata-sudbina-i-shto-ke-se-sluchuva-vo-2023-ta-video/ Tue, 21 Feb 2023 07:17:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289823

Астрологијата е нешто што го следат многу луѓе, но ретко кој се задлабочува во неа. Добро е да се знае дека кај астрологијата е многу повеќе од вашиот хороскопски знак. Таа е покомплексна наука отколку што мислат повеќето луѓе. Сечија натална карта е посебна и уникатна и ги зема во предвид сите планетарни подредувања во точниот момент кога сме се родиле. Токму на тема астрологија, екипата на „Бекстејџ“ разговараше со Снежана Петкас, или на инстаграм позната како snezana77, која  ја изучува астрологијата повеќе од 15 години, а студиите ги има завршено кај најдобриот астролог во светот. Снежана вели дека во Македонија треба да внимава на поплави и тоа веќе од март месец, а нашата судбина... Дознајте од видеото во продолжение, дали можеме да ја промениме...? (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Репертоарот на Театар Комедија годинава стартува со претставата „Жени во Собрание“ https://arhiva.vistina.com.mk/repertoarot-na-teatar-komedija-godinava-startuva-so-pretstavata-zheni-vo-sobranie/ Fri, 27 Jan 2023 12:47:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286224

Репертоарот на Театар Комедија во 2023 година стартува со претставата „Жени во Собрание“, која ќе биде изведена на 27 и 28 jануари, но и на 1 и на 2 февруари. Станува збор за комедија работена според истоимениот текст на античкиот комедиограф Аристофан, во препев од проф. д-р Валериј Софрониевски и според текстови на Билјана Крајчевска и актерската екипа, а во режија на Ќендрим Ријани. Знаеме дека античките жени немале формална политичка моќ и права, а доколку имало такви – завршувале трагично (Клитемнестра, Медеја, итн.). Еден од малкуте примери каде што имаме впечаток дека добиваме далеку попозитивна верзија на женската моќ е комедијата „Жени во Народно собрание“ на Аристофан – вели драматургот на претставата, Билјана Крајчевска. Нејзини, но и текстови од актерите-учесници се вклучени во драматизацијата на претставата. Таа открива дали доколку владеат жените ќе имаме похумани општества, или и поубавиот пол е склон кон екстреми. Во претставата играат Зорица Нушева, Ева Скендеровска, Наталија Теодосиева, Кристина Христова Николова, Благица Трпковска, Ангела Стојановска. На 4 февруари ќе биде изведена комедијата „Женска гардероба“. Работена е по текстот на чешкиот автор Арношт Голдфлам, а во режија на Наташа Поплавска. Претставата е направена од сопствени средства на Театар Комедија, но и со финансиска помош на амбасадата на Република Чешка во Македонија и од стопански субјект од оваа европска држава. – „Женска гардероба“ е современа комедија која ни го открива и ни го покажува она што публиката најчесто не може да го види – животот на актерите зад сцена. Станува збор за пиеса која ни ги раскажува приказните на четири актерки на различна возраст, кои сакаат различни нешта, но она што ги спојува и ги врзува се гардеробата и театарот со сета негова магија и страст – велат од Комедија. На 10 февруари, пак, ќе биде изведена претставата „Илуминати“, работена според култниот филм „39 скали“ на Алфред Хичкок, во режија на Синиша Евтимов. Театар Комедија и оваа претстава ја направи од сопствени средства во изминатата година. – Жанровски претставата е уникатен спој на трилер, акција и комедија, со елементи на ноар и со филмски јазик. Приказната се одвива околу главниот херој, Кирил Балкан, што го толкува актерот Тино Костадиновски. Тој заедно со плејадата споредни ликови, вешто интерпретирани само од тројцата актери Наталија Теодосиева, Сергеј Димовски и Атанас Атанасовски, нè води низ својата животна приказна со несекојдневни патешествија – стои во најавата за овој театарски чин.]]>

Еве кај кого падна паричката на Бадниковта вечера кај македонските јавни личности (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kaj-kogo-padna-parichkata-na-badnikovta-vechera-kaj-makedonskite-javni-lichnosti-foto-2/ Sat, 07 Jan 2023 08:05:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283043

Според верувањата кај оној кај кого се паднала паричката ќе има среќна и бериќетна година. Многумина од македонските јавни личности на социјалните мрежи се пофалија кај кого се паднала паричката оваа година на Бадник. Кај Теа Трајковска се падна кај Теа, а таа се пофали на „Инстаграм“ и напиша: „Ми се падна паричката сеа уште да ми тргне во животот“. Македонскиот голман Борко Ристовски оваа година славеше Бадник со сопругата и синот, а паричката се падна кај синот Душан. Тамара Тодевска се пофали дека паричката оваа година се паднала кај неа. Водителката Лила Филиповска покажа како изгледала трпезата за Бадниковата вечер. Калиопи се пофали со Бадниковата трпеза. Во домот на  Сани Урдаревиќ , паричката се падна кај нејзиниот сопруг Никола Урдаревиќ. Викторија Лоба покажа како изгледала трпезата за овој голем празник. Водителката Елена Стефановска ја покажа Бадниковата трпеза од Маврово каде што престојувала. Во домот на пејачот Филип Пецовски паричката се падна кај Филип. Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ се пофали дека паричката се паднала кај синот Павел. Оваа година во домот на Сузана Гавазова паричката се падна кај нејзината ќеркичка Емелие. Вера Мештеровиќ на нејзиниот „Инстаграм“ се пофали дека оваа година паричката се паднала кај нејзиниот син Андреј. Среќни празници. фото: Инстаграм]]>