2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Jul 2022 12:58:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Балкан Гала фестивал 2022“ во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/balkan-gala-festival-2022-vo-bitola/ Wed, 06 Jul 2022 12:58:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257430

Со Рок симфонија и настап на домашни, балкански, но и интернационални артисти, вечерва на ракометното игралиште во Битола почнува дводневниот фестивал „Балкан Гала 2022“. Дел од вечерашното отворање ќе бидат Ристо Вртев, Гиле (Електрични Оргазам), Ружица (Ареа), Пеце (Суперхикс) и добро познатите и редовни гости на Рок симфонијата на Камерниот оркестар на Битола (КОБ), Михајло Трајковски – Сак и Жарко Јакимоски. „Речиси една деценија како Камерниот оркестар настапува со своите проекти низ Македонија на скоро сите фестивали, но и на најголемите фестивали низ целиот Балкан. „Балкан Гала“ е производ на природното созревање на најпопуларните проекти на Камерниот оркестар на Битола. Публиката секоја година во се поголем број ги посетува настаните на КОБ, што во суштина е и причина за создавањето на „Балкан Гала“ кој полека прераснува во традиционален настан што се одржува секоја година и секое издание ги проширува границите за артистите што гостуваат“ – велат организаторите. По завршувањето на Рок симфонијата, во 23:00 часот, забавата ќе продолжи со британскиот ди-џеј Дарен Емерсон (екс фронтмен на легендарните „Underworld”), како и со Горан Кан и Херцел од Македонија. Утрешната вечер е резервирана за Поп симфонија, под диригентство на маестро Владимир Димовски, а ќе настапат домашни и странски артисти меѓу кои Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Горан Каран, Викторија Лоба, Виктор Апостоловски,…]]>

Дневен хороскоп за вторник, 24 мај 2022 година https://arhiva.vistina.com.mk/dneven-horoskop-za-vtornik-24-maj-2022-godina/ Tue, 24 May 2022 09:49:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251769

Овен Престојот на три планети во полето на кариерата ќе ви донесе исклучителна можност да ја постигнете претходно поставената цел. Ве очекува подобрување. Слободниот Овен може да запознае интересна личност во знакот Вага или Близнаци. Тахикардија. Бик Овој период ви носи подобрени односи со колегите и претпоставените. Атмосферата на работа станува далеку поконструктивна, па резултатите нема да изостанат. Овој ден ви носи решение за долгогодишен проблем во вашето семејство. Комуникацијата со партнерот се подобрува. Напнати сте поради природата на работата. Близнаци Денеска ве очекува кратко патување. Ќе можете да го проширите кругот на соработници и тоа ќе ви донесе просперитет. Врската со партнерот влегува во помирни води. Успешно го надминавте претходното недоразбирање. Болка во коленото. Рак Деловните преговори кои долго време беа во застој, сега ќе го направат првиот голем чекор напред. Ве очекува успех преку соработка со пријателите. Овој ден го поминувате во топла атмосфера која ја исполнува вашата врска со партнерот, но и семејството во целина. Проблем со дебелината. Лав Сега акцентот е ставен на вашата комуникација, како и на парите. Овој период ќе ви донесе бројни средби и нови соработки. Слободните Лавови чекаат љубовна романса со една шармантна Вага. Вие сте уморни. Девица Девиците кои се занимаваат со креативна работа и пишување, во овој период можат да доживеат вистински просперитет. Успехот ќе го постигнете преку оригинални деловни идеи. Девиците кои се во врска размислуваат да ја официјализираат својата врска. Проблеми со стомакот. Вага Невработените Ваги очекуваат добра деловна понуда, но многу ќе зависи од начинот на кој ќе се претстават. Венера во вашиот знак придонесува да зрачи посебен магнетизам и шарм. Ве очекува интересно запознавање преку работа. Лошо варење. Шкорпија Заеднички именител на овој ден се успешно завршените деловни преговори и новата соработка. Успех преку соработка со странство. Периодот на криза на доверба е зад вас. Следува натамошно усогласување на односот со партнерот. Нервоза. Стрелец Доминантна тема во целиот овој период се финансиите. Одлуките што ќе ги донесете сега ќе бидат критични за целиот период до крајот на годината. Љубовната врска со личност која живее во друг град или во странство може да се претвори во многу повеќе од авантура. Дехидрација на организмот. Јарец Стелиумот во вашиот знак ве претставува како главен актер на астролошката сцена. Во овој период ќе се случат работи кои ќе бидат клучни за вашиот најголем напредок во кариерата. Доколку не сте задоволни од врската со партнерот, овие денови сериозно размислувате за раскинување. Нервозни сте до кулминација. Водолија Пред вас се две подеднакво добри деловни опции. Слушајте ја вашата интуиција и таа ќе ве одведе во најдобар правец. Овој ден ви носи можност да влезете во тајна врска со личност која не е слободна. Главоболка. Риба Планетите ви даваат поддршка за развој на приватниот бизнис. Можете да обновите некоја стара соработка со компанија од странство. Периодот на недоверба меѓу вас и партнерот целосно ве исцрпи емотивно. Следува понатамошна стабилизација. Се чувствувате одлично.]]>

„Виенски бал“ на 14-ти мај во „Александар Палас” во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/vienski-bal-na-14-ti-maj-vo-aleksandar-palas-vo-skopje/ Sat, 07 May 2022 10:02:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249205

Традиционално, по 21-ви пат ќе се одржи на 14-ти мај во хотелот „Александар Палас”. Организаторот, Здружението за културна соработка Јохан Штраус, со поддршка на заедничкото покровителство на амбасадата на Република Австрија во Република Македонија и Владата на нашата земја, овозможува и македонската метропола да има свое, оригинално издание на Виенски бал. Со тоа Скопје, веќе две децениии, е дел од мапата на светски метрополи кои ја негуваат оваа вековна австриска традиција.
Виенскиот бал во Скопје и годинава ќе ја задржи својата традиционална, хуманитарна нишка. Во рамките на уметничката програма, оркестарот „Јохан Штраус” ќе музицира под диригенство на Бисера Чадловска. Грациозните танчери на Танцовиот клуб „Прима Данца” ќе имаат атрактивни танцови точки, а магијата на балетската уметност, на сцената на Балот, ќе ја донесат првенците на Балетот при МОБ, Саша Ефтимова и Балаш Локсеи. Гостите ќе имаат можност да уживаат во настапот на танчерски пар – гости од Бугарија, Свинг бенд, а солисти ќе бидат Драган Бобиќ-Дексо и Калина Велковска. Како и секоја година, дрес кодот на Виенскиот Бал во Скопје е задолжителен: долги тоалети за дамите и смокинг или темен костум за господата.
]]>

Од 4. до 8. мај 2022 на „ВинкоСкоп“: Игор Џамбазов, Фолтин, Ласт експедишн, ДНК-анплагд, Фиц – Студени Нозе, Суперхикс, Мики-Џафер… https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-foltin-last-ekspedishn-dnk-fic-studeni-noze-superhiks-miki-dzafer-od-4-8-maj-2022-na-vinkoskop/ Wed, 04 May 2022 08:55:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248077

Уживање во вкусовите на македонска традиционална храна, многу музика, базар на ракотворби и арт перформанс, ќе понуди годинашниот „ВиноСкоп” што ќе се одржува од 4 до 8 мај на плоштадот „Македонија” во Скопје. Игор Џамбазов, Фолтин, Last Expedition, DNK Unplugged, Фиц Студени Нозе, Суперхикс, Мики Јовановски – Џафер, DJ Goce SAF и ЗЏМ Биг Бенд, се само дел од имињата задолжени за добро расположение, но организаторите најавуваат и други изведувачи, изненадувања и еден цел ден со многу блуз. Еве ја комплетната програма по датуми и денови:  ]]>

Ова се 10-те најубави плажи на светот за 2022 година – само една во Европа https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-10-te-najubavi-plazi-na-svetot-za-2022-godina-samo-edna-vo-evropa/ Tue, 01 Mar 2022 12:37:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241176

Иако сè уште не сме влегле во месец март, многумина од нас веќе сонуваат за летување и размислуваат за идеалната дестинација за овогодишниот летен одмор. Според мислењето на корисниците на „Trip Advisor“, најубавата плажа на светот се наоѓа на островите Туркс и Каикос – Грејс Беј (Grace Bay), која минатата година го зазеде 4-то место. Во листата од топ 10 плажи најмногу има карипски плажи, а единствената земја со повеќе од една плажа е Бразил. Ова се 10-те најубави плажи за 2022 година: „Grace Bay“, Туркс и Каикос
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Grace Bay Club (@gracebayclub)

„Varadero“, Куба
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Varadero Beach (@_varaderobeach)

„Turquoise Bay“, Австралија
„Quarta Praia“, Бразил
„Eagle Beach“, Аруба
„Radhanagar“, Индија
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Hannabeach (@beachworld100)

„Baia do Sancho“, Бразил
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Mario Nogueira (@mariojcnogueira)

„Trunk Bay Beach“, Девствени острови
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Luis Revuelta (@lorm5152)

„ Baía dos Golfinhos“, Бразил
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Loisi Cosméticos (@loisi_cosmeticos)

„ Spiaggia dei Conigli“, Италија
извор: точка.мк Извор: точка.мк]]>

Денеска завршува гласањето за избор на македонски претставник на Евровизија 2022 https://arhiva.vistina.com.mk/deneska-zavrshuva-glasanjeto-za-izbor-na-makedonski-pretstavnik-na-evrovizija-2022/ Fri, 04 Feb 2022 09:06:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237727

МРТ неодамна ги претстави шесте избрани песни во трка за Евровизија 2022, а вечерва дојде време и Македонија да го одбере својот претставник за на ова музичко шоу кое ќе се одржи во Италија овој мај. Пејачите во борба за пат до Торино се млади, автентични, талентирани и познати лица за македонската јавност и со огромен ентузијазам му пристапуваат на овој нов евровизиски предизвик. Ris Flower, Кали, Yon Idy, Лара, Виктор и Андреа се избраните пејачи и се подготвени целосно да ве освојат. Покрај талентот и љубовта кон музиката, сите нив ги обединува и возбудата во пресрет на официјалното соочување на нивните евровизиски теми со публиката. Платформата за гласање е отворена седум дена од промоција на песните, односно од 28.01.2022 во 22:00ч до 04.02.2022 (денес). Вашите гласови се половина од финалниот резултат, а другата половина ќе се добие од гласови на меѓународно стручно жири. Гласовите од онлајн гласањето и гласовите на меѓународното стручно жири ќе бидат претворени во поени, според евровизискиот принцип на гласање (50:50). Победник ќе биде изведувачот кој ќе освои најмногу поени и тој ќе ја претставува земјата на Изборот за песна на Евровизија 2022 во Торино. Доколку дојде до изедначен број на поени, тогаш предност ќе има мислењето на меѓународното стручно жири. извор: Курир.мк]]>

Три трендови кои ќе станат моден хит во 2022 година https://arhiva.vistina.com.mk/tri-trendovi-koi-kje-stanat-moden-hit-vo-2022-godina/ Mon, 31 Jan 2022 13:45:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236962

Ви го претставуваме враќањето на модните трендови кои годинава ќе станат неизбежни. Модата оваа сезона е инспирирана од модните трендови од изминатите децении. Време е да се вратиме на пастелните нијанси од 2000-тите и големите цветни принтови од 90-тите. Тука се и неизбежните марами, кои повторно ќе најдат места во нашите плакари. Ви претставуваме три тренда кои се закануваат да доминираат на модната сцена во 2022 година.

Големи цветни принтови

Големото враќање на модата од 90-тите и 2000-тите ќе го означи враќањето на големите цветни принтови. Разбијте ги монотоните тонови со цветен џемпер или ефектно мини здолниште со впечатлив цветен дезен. Сите погледи ќе бидат вперени во вас кога ќе се појавите во впечатлив цветен фустан.

Пастелни бои

Пастелните бои се совршен начин да ја освежите секоја модна комбинација оваа сезона. Лаванда маичка или панталони во боја на лимон можат да додадат посебен шмек на вашата облека. Пастелните бои се синоним за ведрина, среќа и пролет – тие ќе бидат совршено освежување на вашата гардероба.

Марами

Барајќи инспирација од Грејс Кели од 50-тите па се до модните икони од раните 2000-ти, овој тренд доаѓа и си оди во модниот свет речиси половина век. Лесно можеме да сфатиме зошто постојано се враќа – изгледа толку добро. Овие марами се лесни за стилизирање и изгледаат шик со која било облека. Замотајте марама преклопена на половина околу главата, пронајдете ги вистинските очила за сонце и се претворивте во холивудска ѕвезда од 50-тите. извор: попара.мк]]>

2022 година ќе биде убедливо најдобра за овој хороскопски знак, тврдат руските астролози https://arhiva.vistina.com.mk/2022-godina-kje-bide-ubedlivo-najdobra-za-ovoj-horoskopski-znak-tvrdat-ruskite-astrolozi/ Thu, 20 Jan 2022 13:45:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235572

Благодарение на положбата на Јупитер, овој хороскопски знак ќе почувствува големо подобрување на квалитетот на животот во текот на 2022 година и сè ќе му оди од рака. Според зборовите на астролозите, оваа година ќе претставува еден вид пресвртница за - Овенот. Експанзивниот Јупитер преминува во вашиот знак на 10-ти мај за првпат во последните 10 години и во тој период неговата активност и влијанието на вашиот знак ќе биде најмоќно. Јупитер се смета за добра планета, поточно планета на раст и среќни околности. Тој носи храброст за преземање ризици, ги зголемува вашите цели и соништа и тоа ќе трае сè до 28-ми октомври.

Како оваа положба на планетите ќе влијае на животите на Овните?

Ќе почувствувате наплив на позитивна енергија и ќе бидете подготвени за нови потфати. Доколку веќе некое време размислувате за започнување на сопствен бизнис или промена на работното место, овој период е идеална прилика за тоа. Позитивното влијание ќе го почувствувате и на полето на љубовта. Овните кои се во врска ќе живеат во вистинска хармонија, додека оние слободните ќе имаат прилика да запознаат интересни личности кои ќе се борат за нивната наклонетост. Што се однесува до здравјето, и тука ве очекуваат убави вести. Поради поволната положба на Јупитер, ќе бидете поштедени од поголеми здравствени компликации.]]>

7 модели на џемпери без кои е невозможно да ја замислиме зимата: Удобни и практични за комбинирање https://arhiva.vistina.com.mk/7-modeli-na-dzemperi-bez-koi-e-nevozmozno-da-ja-zamislime-zimata-udobni-i-praktichni-za-kombiniranje/ Mon, 17 Jan 2022 13:00:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235194

Зимата е време кога сите се стремиме да ја обезбедиме потребната удобност, но и да не загрее. Овој зимски моден тренд се широки, опуштени џемпери. Ви носиме седум модели на џемпери со кои можете да ја комплетирате вашата гардероба оваа зима.

1. Спортска варијанта

Плетен, топол џемпер во боја на јоргованот одлично оди со патики и фармерки.

2. Џемпер за елегантна комбинација

Дури и широкиот џемпер изгледа елегантно во комбинација со високи потпетици кога е кафеав во топла нијанса.

3. Џемпер- фустан

Долг џемпер може да се носи и како фустан со длабоки чизми.

4. Со сатенско здолниште

Црн, широк џемпер со сатенско здолниште и рамни црни чизми може да биде одличен избор за различни пригоди.

5. Во атрактивни бои

Тиркизниот џемпер одлично се комбинира со црна и кафена, а интересно ќе изгледа и со широки панталони на работ.

6. Џемпер со каиш

Подолгиот џемпер кој ќе го носите со поширок појас со тесни панталони одлично им стои на дамите кои имаат убава фигура.

7. Неизбежната ангора

Белиот, топол, надуен ангорски џемпер е парче облека кое никогаш не излегува од мода. извор: попара.мк]]>

Боја која ќе ја одбележи 2022 година: Одлично ѝ прилега на секоја жена и зрачи со луксуз и елеганција https://arhiva.vistina.com.mk/boja-koja-kje-ja-odbelezi-2022-godina-odlichno-prilega-na-sekoja-zena-i-zrachi-so-luksuz-i-elegancija/ Tue, 11 Jan 2022 13:45:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234419

Оваа година ќе биде во знакот на нежните, но воедно и многу моќни бои, а една од нив ќе доминира во сите годишни сезони. Како што велат модните експерти, виолетовата боја ќе биде хит во наредните месеци, а она што е добро кај неа е што одлично прилега на сите дами - без разлика дали сте русокоса, црнка, бринета, па дури и црвенокоса. Во тренд ќе бидат сите парчиња во оваа боја, од панталони преку здолништа и фустани па сè до аксесоари. Ќе се носат сите нијанси, а на вас останува само да ја изберете онаа која ви е најомилена. Веќе можеме да забележиме бројни трендсетерки во стајлинзи во кои виолетовата боја ја игра главната улога, а доколку не сте сигурни како најдобро да ја искомбинирате, погледнете ги фотографиите во продолжение: ]]>