2019 година – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 30 Dec 2019 08:33:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 2019 година – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Елена Стефановска 2019 ја испраќа со стил: Водителката со неколку фотографии ги сублимираше најубавите моменти https://arhiva.vistina.com.mk/elena-stefanovska-2019-ja-isprakja-so-stil-voditelkata-so-nekolku-fotografii-gi-sublimirashe-najubavite-momenti/ Mon, 30 Dec 2019 08:33:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=126375

Од Новата 2020 година не дели само уште еден ден, а веќе одамна ги сублимираме впечатоците од 2019 година. Водителката на „Живот со стил“, Елена Стефановска оваа година ја испраќа со многу убави спомени, а како што вели оваа дефинитивно била нејзината година. Стефановска на „Инстаграм“ во повеќе делови ги откри своите најубави моменти од 2019 година. Имено, таа прво објави колаж од фотографии од патувања, а во објавата напиша: одмор на Јадранско Море - патување во Загреб, Париз, Ријека, Опатија - многу љубов - модни комбинации - убави приказни за сите мои инстаграм следбеници Потоа, во вториот дел од сублимирањето на впечатоците, Стефановска истакна дека 2019 е нејзината година и дека е благодарна на секој момент во неа. Но, водителката дефинитивно  2019 ќе ја памети и по љубовта, со оглед на тоа дека оваа година ја обелодени својата врска со Бојан. Таа, исто така на социјалните мрежи објави колаж од неколку фотографии со Бојан, а како објаснување даде: „Се што ви е потребно е љубов“. Веруваме дека во 2020 ќе продолжат убавите и среќни моменти во животот на водителката. фото: Принтскрин/инстаграм/еленастефановска  ]]>

Aндреа Мирческа е добитник на „Златен Орикс“ за најдобар млад џез-музичар во 2019 година https://arhiva.vistina.com.mk/andrea-mircheska-e-dobitnik-na-zlaten-oriks-za-najdobar-mlad-dzez-muzichar-vo-2019-godina/ Mon, 14 Oct 2019 12:21:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112515

Скопскиот џез фестивал веќе трета година по ред ја доделува наградата „Златен Орикс“ за најдобар млад џез-музичар во Македонија. Лани со неа се закити младиот пијанист/клавијатурист Филип Димишковски, а во 2017 година – тапанарот Виктор Филиповски. Оваа година, наградата „Златен Орикс“ оди во рацете на басистката Андреа Мирческа. По тој повод, на 15. октомври (вторник) во 20:00 часот во МКЦ Клуб и Ресторан се организира коктел забава зачинета со музички настап. Андреа Мирческа е родена 1998 година во Прилеп. Завршила средно музичко училиште во Битола. Студира џез контрабас, апсолвентка е на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професорот Кирил Туфекчиевски. Повремено свири со Летечки пекинезери, била дел од Мјузик митинг Сараево во склоп на Џез фест Сараево. Гостува на неколку концерти на Јордан Костов Трио (со Марко Боско – перкусии и Маки Хачиyа – вокал и пијано). Дел е од најновиот авторски проект „Шамба“ на гитаристот Бојан Петков. Редовно настапува на клупски џез свирки во Скопје и низ земјата. Вклучена е и во повеќе уметнички проекти: ГОДО, Танго Ритмо, ЗиБомбхЛабаво&Фанки и други. Доделувањето на наградата „Златен Орикс“ е една од повеќето придружни активности на 38. издание на Скопскиот џез фестивал, чијашто главна програма стартува в четврток, 17 октомври.]]>