2017 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 10 Jun 2018 06:30:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 2017 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ЗАМП ги објави најслушаните македонски песни за 2017: На врв и на дно или… врвот е дно? https://arhiva.vistina.com.mk/zamp-gi-objavi-najslushanite-makedonski-pesni-za-2017-na-vrv-i-na-dno-ili-vrvot-e-dno/ Sat, 09 Jun 2018 16:19:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=31659

Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) на својот официјален сајт конечно ги објави најслушаните македонски песни во 2017 година објави порталот „Женски магазин“. За потранспаретно следење и контрола над емитуваните авторски дела, ЗАМП кај радио и ТВ-станиците минатата година инсталира систем за електронско евидентирање, кој на авторите и носителите на авторски права ќе им овозможи увид во податоците кои се однесуваат на нивните емитувани дела.
Резултатите конечно се достапни и за јавноста, а најемитуван рефрен за 2017 година е хитот на Влатко Лозаноски, темата „Мандарина“ на авторите Магдалена Цветкоска, Лазар Цветкоски и Милан Миланов.  Лозано е и единствениот изведувач со две композиции меѓу најслушаните десет според податоците на ЗАМП, со хитот „Жена како ти“ како трета најслушана во текот на минатата година.
Интересен момент е што „Мандарина“ е оригинално издадена во 2014 година, а дури лани била најслушана. Меѓу „највртените“ песни има и такви кои се снимени и многу порано, како нумерата Туѓа си бескрајно“, која Ефто Пупиноски ја промовираше во далечната 1992 година, но се прослави дури две децениии подоцна и оттогаш редовно се пее на свадби, веселби и концерти.
Согласно чл. 158 став 1 т.8 од Законот за авторското право и сродните права (Сл.весник на РМ бр.115/10; 140/10; 51/11,147/13,154/15 и 27/16), ЗАМП ги oбјавува десетте најкористени домашни авторски дела во 2017 година и тоа:
И кога ќе се погледне чистат веднаш станува јасно дека во македонскиот музички етер нешто не штима. Или кај оние што ја мерат слушаноста или кај оние што прават песни? Имено, од десетте најслушани, едвај две се песни направени во годината кога е мерењетио на слушаноста направено - 2017, што значи дека или народот нема потреба од нова музика или новите песни не ги бива или пак е во прашање нешто сосема трето, од типот: не ги бива оние што го спроведуваат мерењето на слушаноста? И тоа случајно или намерно?
Од дузина македонски хитови како: „Ова лето ќе се памти“ на Лозано, „Љубена“ на Кристина Арнаудова, „Мојот крал“ на Ај Кју, „Хеј мама“ на Наташа Малинкова, „Невозможна мисија“ на ДНК... и да не ги набројуваме останатите,  според македонските радиостаници во 2017 кај нив беа највртените песни од домашната поп продукција. Македонскиот радиски фестивал „МАРС“ кој изминативе 10 години секоја година токму според гласовите на слушателите и изборот на радиостаниците ги наградува највртените песни, сите споменатим како и грст други ги вброи во 2017-тата меѓу наградените.
И шест месеци откако истече годината, види чудо: ЗАМП со својот „зарибан софтвер мерач“ наеднаш за највртени прогласува песни стари 3, 5, 10... години... па дури и постари од две и пол децении? Наеднаш слушателите и радиостаниците, имаат друга перцепција за популарноста на македонските песни, поинакво уво од претходно, се рабира, откако ЗАМП ќе им „ги стави неговите слушалки“ на уши? Чудна некоја селекција? Со сиот респект кон легендите како Ефто Пупиновски и неговите безвременски фолк евергрини или најнаградуваниот хитмејкер последниве години, Лазар Цветковски?
Конечно, нели е чудно и непоимливо неговите стари песни да се послушани од поновите, публиката повеќе да ги бара и слуша оние од пред 5 години наместо најновите песни на Влатко Лозаноски, напишани од истиот тој Лазар Цветковски? Па ајде веќе кога се фативме за имиња, зарем ви се верува дека ЗАМП со својот „хитомер“ измери дека „Мандарина“ од истиот автор и изведувач лани беше попопуларна и повртена од нивната „Ова лето ќе се памти“, која според сите, ама баш сите радиоистражувања и радиски параметри на слушаност, беше прогласена за апсолутен радиски хит во 2017?
Ама тоа е... ЗАМП! Со нив како што е познато,  ниту државата не може(ше) да излезе на крај, а камо ли авторите, изведувачите, радиостаниците, слушателите... Ним или „хитомерот“ им мери само „евергрини“ или некој таму сакал „ова лето да се памти“ по тоа што „скапаните мандарини“  ќе ни ги „поттурат“ како свежи портокали? Очигледно, никако да дувне свеж ветер кај „мерачите на музичка популарност“ во македонскиот етер!  ]]>

Домашната естрада во 2017: Зрно прашина во телевизискиот „прајм тајм“ ! https://arhiva.vistina.com.mk/domashnata-estrada-vo-2017-zrno-prashina-vo-televiziskiot-prajm-tajm/ Mon, 01 Jan 2018 08:41:09 +0000 http://vistina.mk/?p=7991

-Самото повлекување на забраната на ЗАМП за емитување македонска и музика од регионот беше „настан за себе“ на почетокот на годината! Забраната ја тргнаа, а чарето не го најдоа!  Остана само штетата од терањето хирови заради лични интереси на мала група...!
-Во 2017 некако како да се одбивме од дното, па работите тргнаа нагоре... кон површината. Естрадата почна да се буди, имаше убави песни, иако институциите затаија. Се’ уште нејасно и прецизно до крај (не)регулирани авторски права се рана, а изведувачите од домашната естрада и понатму се странци дома во ударните термини на главните ТВ медиуми. Гранд и Пинк ѕвездите блескаат, турските серии царуваат, а нашите се, ако воопшто и се,  само „зрно прашина“ во „прајм тајм“  телевизиските термини! Во 2017 ЈУ Тјуб и натаму беше најгледаниот медиум за македонски спотови, за жал!
- Лозано, Лоба, Наташа Малинкова, ДНК, Ај Кју... и уште некои други имаа навистина добри хитови. Некст Тајм уште еднаш покажаа дека се мајстори за обработка на македонската музичка историја, алтернативната сцена стандардно солидна.
- Големите концерти на ДНК и повратничкиот на МЕМОРИЈА докажаа неколку работи: дека умееме, знаеме, можеме... ама и дека имаме публика за големи спектакли!
Барем локални, ако не повеќе. Дека и нашите, а не само регионалните можат да бидат големи ѕвезди, кои полнат големи сали!
- За жал, фестивалите како да се во фаза на стагнација, издишување, па и исчезнување... Скопски  го снема, Макфест и Охрид Фест западнаа во апатија и бледило.
- МАРС  го дочека јубилејот – 10 години и остана единствената релевантна манифестација која ги вреднува и стимулира  протагонистите на македонската музичка естрада. Можеби не со толку големи парични награди како другите, ама статуетката заработена таму вреди повеќе од пари. Зашто е чесно и заслужено добиена. Без, манипулации, местенки, задкулисни игри...
- И конечно, радиостаниците остануваат единствените релевантни и најголеми поддржувачи  на македонската музика.
Сите останати се или минорни или манипулатори или „баш ги боли уво“ за македонската естрада!]]>