-20 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 Oct 2021 18:41:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png -20 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сара Мејс и Лепа Брена славеа на ист ден: Македонската пејачка ја доби најубавата роденденска честитка – „Не постои нешто што повеќе сакам од нив“ https://arhiva.vistina.com.mk/sara-mejs-i-lepa-brena-slavea-na-ist-den-makedonskata-pejachka-ja-dobi-najubavata-rodendenska-chestitka-ne-postoi-neshto-shto-povekje-sakam-od-niv/ Thu, 21 Oct 2021 07:04:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223845

Месец октомври дефинитивно е во знак на македонската пејачка Сара Костадиновска или позната како Сара Мејс. Пејачката секој година во 10иот месец од годината има убав повод за славење. Имено, вчера 20.10.2021 година го прослави својот роденден. Мејс славеше во друштво на своето семејство, односно нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски и нивната ќерка Илина. Таа на „Инстаграм“ објави неколку фотографии и покажа во чие друштво го поминала роденденот. Сара позираше заедно со сопругот и Илина во еден ресторан, а имаше и роденденско колаче на кое има и свеќичка со „Среќен роденден“. Сара ја доби и најслатката и најубава честитка за роденден од нејзината ќеркичка Илина. Додека гореше свеќичката, малата Илина и отпеја песничка на Мејс. „Хепи брдеј деар мамо, хепи брдеј“, пее ќерката на пејачката. Мејс во описот покрај објавата на фотографиите откри што посакува за роденден. „Не постои нешто што повеќе сакам од нив. ❤️👨‍👩‍👧 Нив си ги посакувам за роденден. Да ми се здрави“, напиша покрај постот, а под истиот се нижеа честитки од корисниците на социјалните мрежи. Инаку, она што им е заедничко на Сара Мејс и балкаснакта ѕвезда Лепа Брена е тоа што се родедени на ист датум – 20.10. И српската пејачка Лепа Брена вчера исто така славеше роденден. Брена роденденот го славеше надвор од Србија заедно со нејзините пријатели и роднини. Брена својот 61 роденден го прослави и на највообичаено место односно во обикола на фарма за крокодили. Среќен роденден на двете пејачки. фото: принтскрин/сара мејс/ лепа брена]]>

Рада Манојловиќ без комплекси: „Мразам брендирани работи, најудобните обувки ги платив 20,30 евра“ https://arhiva.vistina.com.mk/rada-manojlovikj-bez-kompleksi-mrazam-brendirani-raboti-najudobnite-obuvki-gi-plativ-20-30-evra/ Sat, 28 Aug 2021 07:02:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213806

Пејачката Рада Манојловиќ често знае да се најде на мета на критики поради нејзиниот стајлинг, па многумина ја прозиваат дека не знае да се облече. Пејачката сега откри што мисли за коментарите на модните експерти и дали воопшто ја погодуваат. „Јас не се чувствувам како модел кој треба да се прошета, да се врати и тоа да го соблече од себе...Има многу пејачи и пејачки кои совршено се стилизирани, но едноставно само добро се облечени“, вели Рада и откри колку пари троши на шопинг. „Дури и мразам брендирана облека и кога нешто скапо ќе го платам после тоа се каам затоа што не може да се пере и секогаш нешто му фали. Ќе платиш нешто скапо и после едно перење во машина ќе отпадне се што може да отпадне. Во ред е за некои добри обувки кои треба да ти се удобни. Најудобни обувките ги платив 20,30 евра“, вели пејачката. Пејачката веќе пет години ужива во врска со Харис Берковиќ, но својот приватен живот го крие од очите на јавноста. Рада откри како и успева својата интима и  приватност да ги зачува за себе. „Се е како што треба и ние сме познати по тоа што ништо не зборуваме, тоа е наш избор. Премногу не имаше во првите 2,3 години, не не оставаа на мира. Навистина, пишуваа секакви глупости, дека неговите не ме сакаат мене, моите не го сакаат него, а од тоа ништо не беше точно“, вели Манојловиќ за „Гранд онлајн“. фото: Инстаграм/рада манојловиќ/ата имагес]]>

Извадоци од најубавите љубовни писма на 20-тиот век https://arhiva.vistina.com.mk/izvadoci-od-najubavite-ljubovni-pisma-na-20-tiot-vek/ Thu, 03 Jan 2019 13:45:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65054

Љубовта е едно од најмоќните чувства коишто можеме да ги почувствуваме. Нема поголема радост од тоа човек да сака и да биде сакан. Порано луѓето често пишувале љубовни писма, а денес ви презентираме извадоци од некои од најубавите љубовни писма во 20-тиот век. „Не барам секогаш да ме сакаш на овој начин, но те замолувам да запомниш една работа. Некаде во мене секогаш ќе постои личноста којашто сум вечерва.“ – Ф.Скот Фицџералд „Те сакам повеќе од кого било на овој свет… те сакам поради милион работи, часовници, вампири и нечисти ноќти, нашкрабани слики, прекрасна коса, вртењето во глава и соништата кои паѓаат.“ – Дилан Томас „Едноставно ми недостигаш, на сосема едноставен очаен човечки начин. Ми недостигш уште повеќе отколку можев да замислам, а бев подготвена многу да ми недостигаш. Па така, ова писмо во суштина е само крик на болка.“ – Вита Саквил-Вест „Не сакам да живеам – сакам прво да љубам, а случајно да живеам.“ – Зелда Фицџералд „Второ, постојат неколку видови љубов. Едната е себична, злобна, лакома, егоистична работа која ја употребува љубовта за сопствената важност. Тоа е грдиот и осакатен вид. Другиот вид придонесува да се излее се што е добро во тебе, почнувајќи од љубезност до внимателност и почит. Тука не станува збор само за онаа општествена почит која вклучува имање манири, туку почит од повисок вид кој вклучува признавање на друга личност како уникатна и вредна. Првиот вид љубов може те направи болен, мал и слаб, но вториот вид може во тебе да ослободи сила, храброст, добрина и дури и мудрост за која не си ни знаел дека ја имаш.“ – Џон Штајнбек „Твојот збор патува низ целиот простор и допира до моите клетки кои се моите ѕвезди и тогаш доаѓа до твоите кои се мојата светлина.“ – Фрида Кало „Не можам да го извадам од глава тоа прекрасно попладне, силуетата на местото каде што лежев на тревата се мешаше со рајското синило, малечки облаци брзо се движеа додека ветерот ги туркаше на бескрајно патување. Тогаш најблиску до мене беше најпрекрасното нешто, твојата мека коса на мојот образ, твоите бакнежи кои беа толку ладни и вонземни и мојата среќа беше толку голема.“ – Џулија Ли-Букер „Мојата љубов за тебе вечерва е толк длабока и нежна што изгледа како да е надвор од мене.“ – Кетрин Менсфилд „Ништо не се случи како што замисливме, освен нашите деца. Никогаш не помисливме дека ќе лутаме низ светот. Никогаш не помисливме дека нашите професии и интереси ќе покриваат толкав обем. Никогаш не помисливме дека нашата 33 годишнина ќе ја дочекаме длабоко во нашата втора војна и јас на фронтот. Е па, драга, ние доживеавме да стигнеме до најважниот дел од церемонијата, „во болест и здравје, во богаство и сиромаштија, се додека смртта не не’ раздели.“ – Теодор Рузвелт Џр. „Еднаш ти кажав дека нашиот брак е како адолесцентскиот сон за тоа како бракот треба да изгледа. Тоа воопшто не се промени.“ – Роналд Реган „Имам милион слики од тебе во еден час. Сите се различни и се враќаат на истото. Мислам на тебе наспроти небото и на тоа ридче на тоа неделно утро. Светлината, сенката, тишината, дождот и шумата. И ти. Твоите раце и усни и коса и рамена и глас – ти.“ – Руперт Брук „ Одговарам на едно од твоите писма, а потоа лежам во кревет наводно мирен, но моето срце бие низ целото тело и е свесно само за тебе. Јас ти припаѓам само на тебе, не постои друг начи како да го изразам тоа и тоа не е доволно силно.“ – Франц Кафка „Среќата е внатре во тебе… затоа отклучи ги оковите од твоето срце и дозволи си да растеш, како слаткото цвеќе кое си. Го знам одговорот – само рашири ги крилјата и ослободи се.“ – Џими Хендрикс.]]>

Вонредна прогноза: Снежен бран и поларни температури од речиси -20°C https://arhiva.vistina.com.mk/vonredna-prognoza-snezen-bran-i-polarni-temperaturi-od-rechisi-20-c/ Wed, 28 Feb 2018 12:31:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=14326

Денеска, особено на запад и југозапад, ќе има повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од -6 до 2 степени и истите ќе бидат ДАЛЕКУ ПОД ПРОСЕКОТ за самиот крај на месец февруари.
Најстудено ќе биде во четврток наутро, кога минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -18 до -8 степени, додека на некои места, не се исклучува можноста да паднат дури и до околу -20 степени, а на високите планини и под -20 степени.
Со ова се прекинува почетокот на климатолошката пролет која почнува токму во четврток. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: На возачите им препорачуваме КРАЈНО ВНИМАТЕЛНО да управуваат со своите возила поради тоа што и тоа како ќе има појава на голомразица поради ПРЕМНОГУ НИСКИТЕ температури на воздухот кој се очекуваат. Во соработка со: meteomax.mk
]]>