20 години љубов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 04 May 2023 08:27:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 20 години љубов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Песната им е живот, а животот им е песна: Татјана Лазаревска и Новица Василевски прославија дваесет години љубов (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pesnata-im-e-zhivot-a-zhivotot-im-e-pesna-tatjana-lazarevska-i-novitsa-vasilevski-proslavija-dvaeset-godini-lubov-foto/ Thu, 04 May 2023 08:18:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300555

Велат, круна на секоја љубов е бракот, од кој произлегува семејството, односно потомството. Да се ​​стапи во брак во денешно време кога некои се обидуваат да го обезвреднат и да го сведат само на обично парче хартија договорно потпишано од двајца плус двајца сведоци, е нешто што треба да се почитува и искрено да се честита. Но да се биде пак во скалден брак кој опстојува цели 20 години со истата онаа љубов и жар како и првиот ден, како и првата помината брачна ноќ е вистинска уметност на живеењето. Особено ако тоа живеење е исполнето со предизвиците и стапиците на професијата, со нејзината слатка и горчлива страна, со примамливиот вкус на славата и популарноста од една и мирисот на парите од друга страна... Професија каква што е естрадната, во која токму заради нејзините специфики, бракот тешко опстојува, па многумина познати и популарни, токму заради споменатите причини не успеале бракот да го задржат и се разделиле. Но, дека исклучоците го потврдуваат правилото, се токму познатата и популарна македонска естрадна брачна двојка: Новица Василевски и Татјана Лазаревска, кои деновиве, или поточно на 3-ти мај, го одбележаа својот брачен јубилеј - две децении откако си го кажаа судбоносното ДА и се заколнаа на вечна љубов. Обајцата уште пред да се запознаат беа веќе доволно познати и реномирани естрадни уметници... Татјана како дел од македонскиот фолклор и подоцна фолк пејачка која беше позната, а Новица тогаш, како новиот вокален солист на некогаш ултрапопуларната македонска фолк група „Биоритам“. Љубовната приказна на двајцата млади уметници се преточи во семејна сага која започнува во Скопје. По десеттина години заеднички живот тие решија да ја продолжат со преселба на најужниот континент - Австралија, каде што пред нешто помалку од десет години, семејството  заедно со нивните синови Петар и Стефан, ќе се насели и изгради семејно гнездо во едно од предградијата на Мелбурн. Вредната македонска брачна двојка со нивната напорна работа и постепениот естраден пробив меѓу македонската заедница иселеници, но и оние другите од некогашните ЈУ простори, полека почнува да ја гради својата популарност  и во туѓина, па набргу од печалбата успеваат да  купат и своја куќа и да ја уредат по сопствен терк и стил. Со текот на годините Татјана и Новица станаа познати забавувачи во македонската заедница низ цела Австралија, а се и сепопопуларни и кај другите нации од Балканот кои живеат и работат на најужниот континент. Токму за ноивниот животен и работен јубилеј, за нивниот приватен и професионален дводецениски успех, понежната половина на семејно-естрадната двојка - Татјана Лазаревска, споделила неколку фотографии кои и неа и нејзиното семејтво, но и нивните обожаватели ги вратија во времето на денот на нивната венчавка и свадбената веселба. „Среќна 20-годишнина мажу мој, Новица Василевски, љубов моја“ - напишала пејачката во постот покрај споделениот фото-колаж од свадбени спомени. Им посакуваме уште многу јубилеи, грст хитови, дузина успеси, басносновна заработувачка, бескрајна среќа, златна, па и платинеста свадба, зошто да не... И секако, мноштво внучиња. Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/tatjanalazarevska_official]]>