2 -ри ноември – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 31 Oct 2022 13:36:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 2 -ри ноември – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По повод светскиот ден на балетот: Раскошната балетска класика „Рајмонда“ во НОБ https://arhiva.vistina.com.mk/po-povod-svetskiot-den-na-baletot-raskoshnata-baletska-klasika-rajmonda-vo-nob/ Mon, 31 Oct 2022 13:36:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273625

По повод Светскиот ден на балетот кој оваа година се одбележува на 2.11.2022, на сцената на Националната опера и балет на 1 ноември 2022 (вторник) во 20 часот, ќе се изведе еден од бисерите на балетската уметност, раскошната балетска класика „Рајмонда“ од Александар Глазунов. Безвременски балет кој е израз на целосната убавина на класичниот танц. Диригент на претставата е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко од Украина. Прекрасните костими и спектакуларната сценографија се на гостите од Украина, Гана Ипатиева и Андреј Злобин. Во главните улоги ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Балаж Лочеи (Унгарија), Абдурахман: Васил Чичиашвили (Грузија), Илијана Данилов, Христина Наќевска, Наташа Трендафилова Гицев, Игор Веланоски и Ендру Кук (Англија). Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. „Рајмонда“ е балет во два чина. Светската премиера е одржана во Маринскиот театар во Санкт Петербург, во јануари, 1898 година. Либретото за балетот „Рајмонда“ е базирано на типичната драматургија која го обележува времето на Романтизмот. Во драмите (приказните) на овој уметнички правец доминираат темите за јунаштвото, благородништвото, љубовта, достоинството и честа.]]>

Концертот во чест на Тоше на 2. ноември во ВИП Арена „Борис Трајковски“ https://arhiva.vistina.com.mk/koncertot-vo-chest-na-toshe-na-2-noemvri-vo-vip-arena-boris-trajkovski/ Wed, 03 Oct 2018 13:19:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=51356

Големиот концерт во чест на Тоше Проески, кој беше пролонгиран ќе се одржина 2 ноември, информира меѓународната фондација „Тодор Проески“. Овој настан е поддржан и од Министерството за култура, кое за неговото организирање издвои 5.000.000 денари. „Поради новиот термин, повторно ќе се преговара со балканските ѕвезди што ќе дојдат и ќе настапат со хитови на Тоше. Доколку терминот им одговара, би требало на концертот да гостуваат Аки Рахимовски, Борис Новковиќ, Ања Рупел, Јелена Томашевиќ…“, велат од фондацијата.
На концертот ќе биде промовиран и албумот „Secret Place“ со нови, досега необјавени песни од Тоше Проески. „Материјалот се работеше во студиото на познатиот англиски продуцент Енди Рајт, автор на хитовите од претходниот англиски албум на Тоше – ’The Hardest Thing’“, додаваат од фондацијата. Организаторите наскоро ќе објават и детали за продажбата на влезниците за кои, како што велат, цената ќе биде прифатлива поради тоа што настанот има хуманитарен карактер. На 16 октомври ќе се навршат 11 години откако Тоше трагично загина во Хрватска, во местото Нова Градишка. https://www.youtube.com/watch?time_continue=160&v=Qb3LoqEnG7o]]>