2-ри август – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 02 Aug 2023 10:48:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 2-ри август – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дневен хороскоп за 2-ри Август 2023 год. https://arhiva.vistina.com.mk/dneven-horoskop-za-2-ri-avgust-2023-god/ Wed, 02 Aug 2023 10:48:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312403

Овен

Во заеднички интерес е актуелните проблеми да ги решите што побрзо и без дополнителни компликации. Доколку ве оптоваруваат нови емотивни сомнежи, разговарајте искрено со саканата личност и инсистирајте да ја докажете вистината. Ќе ви годи разговор со близок пријател.

Бик

Не треба да ги врзувате вашите интереси само за одреден тим на соработници, туку да си дозволите можност за поширок поглед на деловно поле. Нема причина да се залажувате давајќи си лажна надеж или емотивни фантазии. Само она што е „проверено“ е безбедно. Обидете се да ја подобрите вашата концентрација.

Близнаци

Нема потреба да ги обвинувате другите за вашиот деловен неуспех, не бидете неправедни кон личноста чии намери не ги знаете доволно. Имате впечаток дека вашиот партнер упорно крие одредени детали или вистина, што дополнително влијае на вашето лошо расположение. Избегнувајте премногу напорни или стресни ситуации.

Рак

Одбивате да прифатите туѓа улога во преговорите, не сакате да бидете надвор од главните настани на деловната сцена. Некој ве поттикнува да бидете во добро расположение. Во согласност со вашите афинитети, можете да создадете романтична атмосфера и да привлечете нечие внимание. Слободното време посветете го на рекреација.

Лав

Треба да ги одредите вашите деловни цели и да ги подмирите постојните сметки, не дозволувајте некој да ве предводи и да ви кажува што да правите. Бидете искрени со партнерот и разговарајте за работите кои ве мачат и ви тежат на душата. Избегнувајте ситуации кои ве вознемируваат психички.

Девица

Ако сакате да ги тестирате вашите интелектуални или практични способности, треба да имате прецизни цели. Избегнувајте напнати ситуации при средба со саканата личност, важно е меѓу вас да има добри намери. Обидете се правилно да ја насочите вашата позитивна енергија.

Вага

Имате добра проценка за различните можности на деловната сцена и знаете како да влијаете на околината. Добро сте расположени, нема причина да бегате од „љубовните сигнали“. Почестете се со омилена забава. Вие сте во одлична психофизичка фаза.

Скорпија

Изгледате сомнително кога се среќавате со колегите. Доколку премногу се оддалечите од заедничките теми, ве очекуваат дополнителни компликации. Во одредени ситуации со вас страда некој близок, но вие тоа упорно го негирате со намера да ги промените работите во ваша корист. Прекумерната грижа лошо влијае на вашата концентрација.

Стрелец

Фокусирајте го вашето внимание на приоритетните прашања, а останатото препуштете им го на другите. Болната амбициозност може да ви се сруши врз глава. Доколку работите во тим, работете во тим. Кога се среќавате со некој близок, поставувате услови кои се сметаат за негативни. Сакате многу повеќе внимание отколку што добивате од вашиот партнер.

Јарец

Добро размислете кому ги доверувате вашите планови, консултирајте се со личност со која имате позитивно искуство од минатото. Новите изливи на нежност пред саканата личност носат взаемно задоволство, но и чувство на сигурност што ви недостасуваше изминатиов период. Ви треба добар поттик или емоционална инспирација, опуштете се.

Водолија

Им влевате недоверба на соработниците и барате нови информации со цел правилно да ги разјасните заедничките дилеми. Не го разбирате однесувањето на партнерот, но тоа не ви дава право самостојно да одлучувате за заедничките планови. Ќе уживате во релаксација и весели содржини, како рецепт за добро расположение.

Риби

Вашиот ентузијазам и личната гордост може да се толкуваат на различни начини, повнимателно изберете ги зборовите што ги користите во друштво на колегите или вашите претпоставени. Покажете ѝ на вашата сакана дека добрата волја и вниманието значат повеќе од „скапите подароци“. Уживајте во работите кои позитивно влијаат на вашето расположение.
]]>

За многу години Македонци: Честит Илинден https://arhiva.vistina.com.mk/za-mnogu-godini-makedontsi-chestit-ilinden/ Wed, 02 Aug 2023 07:02:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312374

Денес се прославува Илинден – Денот на Републиката, кој  е еден од најголемите државни празници на Република Македонија, а 2-ри август  е исто така и голем верски празник  кој се слави во чест на пророкот Свети Илија. Денот на Републиката се прославува во знак на сеќавање на два големи настани кои се случиле на овој датум, и со кои се удрени темелите на македонската државност:
  • Илинденското востание од 1903 година кое било организирано од ВМРО против Отоманската империја, и во текот на кое била прогласена Крушевската република.
  • Првото заседание на АСНОМ од 1944 година, во текот на Втората светска војна, на коe се поставени основите на денешна Република Македонија.
Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател… Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република. Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто. Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија. Илинден е прогласен е за државен празник уште на Првото заседание на АСНОМ во 1944. Големи народни собири се одржуваат во сите манастири, а се организира и коњанички марш од Скопје до Крушево каде што главнината од востаничките водачи ја прогласиле Крушевската република во 1903 година. Главната прослава се одржува на Мечкин камен, каде што во херојска борба со отоманските војски загинал војводата Питу Гули со својата верна дружина во август 1903 година. Македонците традиционално го прославувале овој ден бидејќи е голем верски празник кој влече корени уште од паганските словенски времиња, кога врховниот словенски бог Перун бил заменет со христијанската верзија – Свети Илија. Нека ни е честит ИЛИНДЕН, а на сите оние кои ги носат имињата Илина, Илинка, Илинденка, Илија, Илчо, Иле… Среќен именден!]]>

Патронатот на општина „Илинден“ со концерт на „Некст тајм“ и спортски викенд https://arhiva.vistina.com.mk/patronatot-na-opshtina-ilinden-so-koncert-na-nekst-tajm-i-sportski-vikend/ Tue, 23 Jul 2019 12:33:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=98922

На 28.07.2019 година (недела) со почеток во 20:30 часот, во амфитеатарот на паркот „Галерија на отворено“, пред Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден,  под мотото „Со Илинден традицијата продолжува“, на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на општината „Илинден“,  2-ри Август и националниот празник на македонскиот народ. Одбележувањето на Денот на општината ќе биде збогатено со настап на групата „Некст Тајм“. Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ, на 27 јули (сабота) и 28 јули (недела) 2019 година, ќе се одржи и Спортски викенд „Илинден 2019“. На оваа традиционална спортска манифестација која што се реализира по 11-ти пат се очекува да учествуваат над 700 спортисти кои ќе се натпреваруваат во повеќе спортови: велосипедизам, шах, атлетика-трчање, тенис, баскет и голем фудбал. Централен настан ќе биде традиционалната професионална велосипедска трка во должина од 100 километри „Трофеј Илинден 2019”, која што е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја. И оваа година „Трофеј Илинден 2019” ќе има интернационален карактер бидејќи се очекува да учествуваат над 70-на велосипедисти од неколку држави, кои ќе се натпреваруваат во повеќе категории: сениори, мастерс, кадети, јуниори, жени, У15 и У13.
Стартот на трката е закажан за 27 јули (сабота) во 16:00 часот пред Спортската сала „Гоце Делчев“, каде што ќе биде и целта. Патеката е кружна, ќе се возат 4 круга низ населените места на Општина Илинден: Илинден, Марино, Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци и Кадино, при што должината на еден круг е 25 километри. Покровителот на оваа традиционална манифестација, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, на најдобрите екипи и поединци ќе им додели соодветни награди, маици, пехари и медали.]]>