2 бона – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 16 Dec 2021 13:48:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 2 бона – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Антониа Гиговска и „2Бона“ беа гладни да ви ја претстават нивната – „Хиена“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-i-2bona-bea-gladni-da-vi-ja-pretstavat-nivnata-hiena-video/ Thu, 16 Dec 2021 13:48:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231516

Популарното трап-дуо 2Бона и младата пејачка Антониа Гиговска деновиве ја промовираа својата прва заедничка песна под насловот „Хиена“. Музиката е дело на Тони и Кун заедно со Лазар Цветковски кој ги направил и аранжманот и битот, а ги изработил и миксот и мастерингот. На текстот освен момчињата од 2Бона, работел и Тајзи. Нивната „Хиена“ добила и филмувано видео чија реализација и екранизација ја потпишуваат Томислав Живковиќ и Steady Flow. Темата музички воопшто не отстапува од она што како стил го имаат зацртано и  го возат и трап дуото и самата Антониа... Бит, ритам, трап, нејзиниот впечатлив, моќен вокал и совршено препознатливата, ултрамодерна продукција на Лазар. Иако на прва можеби делува малку развлечено, „Хиена“ е  ново, овој пат заедничко  чедо во музичкото јато на младите артисти... Логично продолжение на она што го работат и 2Бона и Антониа, чиј спој никако не е случаен, зашто ја поседуваат и делат истата енергија, популарност, возрасна група на публика... Затоа и „Хиена“ како нивна фузија му доаѓа нешто како енергетско-музичка трансфузија и за неа и за нив... Фузија која одлично функционира, меѓусебна хемија која кармата само ја мултиплицира... Заради нив сите други се клише, за генерацијата која со нив и нивните песни, расте, живее и дише... Генерацијата гладна ко' „Хиена“ за некаква промена... Та била таа и музичка. ]]>

2Бона и Тајзи тој ветар ги носи на… – „Југ“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/2bona-i-tajzi-toj-vetar-gi-nosi-na-jug-video/ Mon, 17 May 2021 12:21:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202796

Трап, хипхоп, аренби и регетон дуото составено од Марио Јелиќ – Кун (продуцент, артист и текстописец) и Антонио Стојановски – Тонито (артист и текстописец), или обајцата познати како „2 Бона“ песните како да ги „штанцаат“ како на фабричка лента. По многубројните соработки и дуети со познати македонски и артисти од регионот од нивниот „ков“,  момчињата од 2Бона остварија соработка и со  Тајзи со кого неодамна ја промовираа нивната нова заедничка песна насловена „Југ“. Музичка приказна која се однесува на младите кои се повеќе заминуваат од Македонија. Ова е прва соработка на 2Бона со Тајзи и тие заедно ја создаваат и музиката и текстот на заедничката песна, додека миксот и мастерингот се на Кун и Лазар Цветковски. Видеото го реализираше можеби еден од најмладите режисери во Македонија, за кој допрва ќе се дознае и слушне, Томислав Живковиќ. Спотот е  сниман во различни градови и предели од Македонија… Железничката станица во Скопје, Марковите кули во Прилеп, Охрид, Стоби, и на неколку други локации низ нашата преубава Македонија. Во видеото освен 2Бона и Тајзи, се појавува и Гордана Винчиќ уметник која и  ја има нацртано сликата која се појавува во видео спотот. А за што поточно пеат 2Бона и Тајзи во новата песна “Југ”, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=LgV05ZVis4o]]>

Кога Дијана ОГ ќе се појави, мириса на – „Беља“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-dijana-og-kje-se-pojavi-mirisa-na-belja-video/ Wed, 27 Jan 2021 12:01:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187040

Дијана Дурлевиќ е 19-годишна скопјанка која кариерата ја започна како млада поетеса, а зад себе има објавено шест збирки поезија. Но нејзиното „второ јас“ ќе ја втурне во светот на музиката и естрадата, па така Дијана Дурлевиќ ќе стане Дијана ОГ која публиката ја препознава како траперката која е без влакна на јазикот, како во стиховите на своите песни, така и во изјавите и интервјуата што ги дава.

За разлика од оние естрадни ликови кои пеат едно, а зборуваат друго, кај оваа млада девојка важи: „Што на ум, тоа и на друм“.

Затоа Дијана и нема баш проблем да каже кого не може да гледа и кој ја вади од кожа. Признава дека искреноста и донела низа неволји, ама вели не се оптоварува со тоа. Иако сега поезијата е ставена на пауза заради музиката, таа открива дека пишувањето е нејзина голема љубов и нема да се откаже од неа.

„Не ни сакам да ме споредуваат со никоја, зашто сум најгоре, над сите женски артисти кај нас“ - порачува Дијана во свој стил и открива дека е во преговори со естрадни имиња од соседството за дует.

За кусо време оваа млада девојка успеа да сними дури 7 песни и исто толку видеа, од кои последното насловено „Беља“ кон крајот на минатата година. Музиката и стиховите се нејзино авторство, битот е на Joezee Production, додека миксот и мастерот ги направил Марио Јелиќ - Кун, како и аранжманот заедно Антонио Стојановски - Тонито,  момчињата од популарното трап дуо „2Бона“. Комплетната реализација на видеото за песната ја потпишува SteadyFlow, а како изгледа кога Дијана ОГ ќе предизвика женска „Беља“, проследете во продолжение:   https://www.youtube.com/watch?v=_RNzOIG7eNc]]>

Star Boy, македонскиот артист стартува со интернационална кариера со – „Cash game (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/star-boy-makedonskiot-artist-startuva-so-internacionalna-kariera-so-cash-game-video/ Tue, 01 Dec 2020 13:40:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178945

„Со музика започнав на возраст од 12-13 години, кога ја снимив мојата прва песна. Оттогаш, имам некаде околу 5-6. Подоцна, на 23-годишна возраст, решив професионално да влезам во овие води. Почнав да ја снимам мојата музика на српски и македонски јазик, за да може да се слуша пошироко и надвор од Македонија“ - ја започнува својата приказна  „Star Boy“, Македонецот чие вистинско име е Ванчо, а е момче кое се обидува да направи интернационална кариера на музичката сцена. Тој живее во Париз, во градот каде што во 2017 година основа свој бренд за гардероба наречен „ROYALTY PARIS“. Бренд кој како што самиот вели е заштитен со лиценца низ цела Франција и сега планира да го заштити и на меѓународно ниво. Во последните 3 години од својата професионална кариера Star Boy  има снимено видеа од неколку европски градови како што се Париз, Амстердам, Брисел и Лондон кои можат да се погледнат на неговиот официјален Јутјуб канал „Royalty Records“. „Пред да започнам да работам на албумот, излезе една трака на српски и француски јазик, која се издвојува од другите, се вика „Лете паре“ која  достигна 150 илјади прегледи за 3 месеци. Албумот „INFINITY“ беше започнат во Париз, подоцна доснимуванн во Лондон и Загреб и конечно завршен во Македонија. Содржината на 8-те траки, карактеристична според името, има различен карактер. Тој е збир на настани од мојот живот во кои се содржани пресвртите, добивките и загубите во последните две години“ - раскажува артистот за своето дискографско првенче. Првата песна премиерно беше  промовирана на 23 ноември и се вика „Cash game“ („Кеш игра“) за која е снимено и видео и е објавена на GorillaTV каналот (2Bona). Втората трака е предвидено да излезе оваа недела, поточно на 6 декември, наречена е „Mad“ („Луд“) , исто така со видеозапис. <Во соработка со GorillaTV, сите песни ќе бидат објавени кај нив, односно целиот албум INFINITY 2020. Од 8-те песни на албумот, предвидено е 4 од нив да бидат визуелизрани со видеозаписи. Третиот проект, од кој најсилниот се вика „Motorsport“, за кој веќе се снимаа дел од сетовите, се очекува да излезе на крајот од годината. Во овој проект, какоспецијален гостин се појавува легендата на македонскиот моторспорт Игор Стефановски - Иџе, а во истиот своја улога ќе има и македонската манекенка, мисица и модел Кристина Димитри(евска). Имам свое студио каде ги снимам песните, имам и свој тим што се грижи за мојот маркетинг и  секако спонзорите без кои моите проекти не би биле такви какви што се“ - порачува за крај Star Boy  препорачувајќи  да го проследите видеото за неговиот прв пилот сингл од албумот „Infinity“, песната со наслов „Cash game“ за која стиховите ги напишал  самиот Star Boy, битот е на Taip On The Beat, миксот и мастерингот ги изработиле The Smoke House. Видеото го потпишува Владислав Гавриловски, светлото го изработил Љупчо Мастер Хип, додека фотографијата е на Венко Паркуера. https://www.youtube.com/watch?v=_AdmQmcAYaY]]>

„2бона“ и Слаткаристика одново заедно во „Главо луда“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/2bona-i-slatkaristika-odnovo-zaedno-vo-glavo-luda-video/ Thu, 03 Sep 2020 12:59:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=165717

Македонската хип-хоп, треп и РНБ група „2бона“ заедно со нивниот несуден ментор Марко Маринковиќ - Слаткаристика пред неколку дена ја издадоа песната „Главо луда“ за музичката продукција „Two louder“. На почетокот на песната, членовите на популарниот бенд, Марио Јелиќ - Кун и Антонио Стојановски - Тонито, вметнаа еден дел од песната „Главо луда“, изведена во оригинал од легендарниот Здравко Чолиќ. Менаџментот „Трипл М“ од Швајцарија, кои под своја закрила ги имаат едни од најпознатите рап и фолк-пејачи, претходно побараа дозвола од авторот на некогашниот хит на Чола од седумдесеттите години за да користат дел од  стиховите за нивниот проект. Автор на песната е Душко Трифуновиќ, кој за жал почина пред неколку години. Неговите авторски права ги наследи неговиот роднина, кој има право да ги продава, подарува и прави што сака со неговите песни. Откако му била испратена е-пошта со барање за дозвола, тој го одобрил користењето на правата. „Тоа е вистина. Во песната се пеее и споменува делот „Главо  луда“, кој звучи многу моќно. Ги добивме сите права да го користиме, се надеваме дека песната ќе и се допадне на публиката. Имајќи предвид дека песната е објавена само пред некој ден, ние сме многу задоволни од бројот на прегледи на Јутјуб, како и од пофалбите што ги добиваме од ден на ден, од минута во минута“ - рекоа Марио и Антонио. Слушнете како звучи новата песна на скопските трап/хип-хопери кои заедно со Слаткаристика се автори на музиката и стиховите, додека видеото за „Главо луда“ го реализирал Дарко Манасиевски - Желе: https://www.youtube.com/watch?v=3MaG1Us5Npo&feature=emb_logo]]>

„Blue Band“ ја ќарија од „2 Бона“ – „Лажи ме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/blue-band-ja-kjarija-od-2-bona-lazi-me-video/ Tue, 19 May 2020 12:29:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=150453

„Blue Band“ е музички состав од пет момчиња:  Диме – вокал, Зоки – клавјатури, Бојан – клавјатури, Дарко – тапани и Благоја – гитара, а постојат од 2017 година. Со првата песна „Револвер“, оваа млада екипа докажа дека го познава вкусот, пред се на тинејџерската публика. Овој пат, тие ја промовираат и втората автоска песна „Лажи ме“, повторно модерна тема во брз ритам, песна на која соработуваа со истата екипа. Музиката, текстот и аранжманот се дело на Антонио Стојановски - Тонито и Марко Јелиќ - Кун од „2Бона“, кој ги направил и миксот и мастерот на песната. Видеото го изработил Крсте Шупев, зад камерата бил Кокан Палашев, а во спотот се појавува синооката тинејџерска убавица, моделот Тања Јанушева. Многу наскоро оваа дружина најавува и новитет на кој веќе работат извесно време, а дотогаш уживајте во нивната „Лажи ме“: https://www.youtube.com/watch?v=z1zNW2jn2lo]]>

„2 Бона“ го извадија својот најсилен – „Џокер“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/2-bona-go-izvadija-svojot-najsilen-dzoker-video/ Thu, 12 Mar 2020 13:02:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139160

Трап, хипхоп, аренби и регетон дуото составено од Марио Јелиќ – Кун (продуцент, артист и текстописец) и Антонио Стојановски - Тонито (артист и текстописец), или обајцата познати како „2 Бона“ песните ги „штанцаат“ како на фабричка лента. Имено, дуото кое на македонската музичка сцена донесе вистинско освежување и еден поинаков звук повторно во етерот исфрли нова песна. Не поминаа ни 2 месеци откако ги покажаа нивните „Пиштоли и рози“, а „2 Бона“ веќе имаат нов музички адут, нов „Џокер“. Имено, така се вика нивната нова тема во која остануваат доследни и на стилот и на правецот и жанрот... И во музиката, стиховите, па и во видеото, во кое овој пат нема ни разголени старлети, ниту  цицлести стриптизети, икао темата на „андерграунд животот од онаа страна“ и понатамму е присутен како лајт мотив. Такава е и песната на која како автори (музика и текст) се потпишуваат самите Кун и Тонито, аранжманот, миксот и мастерот, стандардно се на Иван Иванов - Ивајо, кому овој пат во продуцентската работа му асистирал Кун. Видеото пак го потпипшува една сериозна белградска профи екипа собрана под името: „НН Медиа“ (видеопродукција), каде сценариото, режијата и камерата се на Немања Новаковиќ, а продуцент е Алесксандар Пејчиќ, додека зад целокупниот проект стои извршната продукција „Bassivity Digital“. Целата приказна е всушност дел од проектот „Јужен ветер“, мегапопуларната српска серија работена според сценариото од истоимениот филм со Милош Биковиќ и Драган Бјелогрлиќ. Со најава дека соработка на „2 Бона“ со оваа екипа тука не завршува, погледнете го најновиот „Џокер“ кој Кун и Тонито го извадија досега: ]]>

„2 Бона“ се „ложат“ на – „Пиштоли и рози“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/2-bona-ovoj-pat-ponudija-trap-balada-vo-paket-so-pishtoli-i-rozi-video/ Tue, 18 Feb 2020 12:57:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134846

Се попопуларното македонско дуо „Два Бона“ имаат нова песна. И овој добропознатиот модерен трап правец не изостанал, со тоа што песната е во побавен ритам или ако така може да се нарече - трап балада. Македонските рапери Марио Јелиќ – Кун и Антонио Стојановски – Тонито овој пат отстапиле од  започнатата пракса, да прават песни во дует со нивните помалку или повеќе познати колеги од кај нас и соседството, „Пиштоли и рози“ ја изведуваат сами. Самите се и автори на музиката и стиховите, додека зад миксот и мастерот стојат Кун и Иван Иванов - Ивајо. Разбирливо и новата тема е проследена со видеоекранизација која ја изработиле Крсте Шупев и Алек Тасевски -  IMedia. Како и во секое нивно видео и во ова за „Пиштоли и рози“ се појавува ена сексапилна, атрактивна и згодна девојка, овој пат белградскиот модел и таначарка од „Fluid dance & events “ која се потпишува под уметничкото име di.dzej. Како звучи и изгледа кога „2 Бона“ нудат трап балада во пакет со „Пиштоли и рози“, проследете во продолжение. ]]>

„Два бона“ и „ТХЦФ“ со заедничка песна, публикумот – „Комиран“… од Елеонора Миљковиќ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dva-bona-i-thcf-so-zaednichka-pesna-publikumot-komiran-od-eleonora-miljkovikj-video/ Fri, 17 Jan 2020 12:22:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=129638

Се попопуларното македонско дуо „Два бона“ имаат нова песна. Македонските рапери Марио Јелиќ – Кун и Антонио Стојановски – Тонито и овој пат ја продолжуваат започнатата пракса, да прават песни во дует со нивните помалку или повеќе познати колеги од кај нас и соседството. Така, по соработките со нашите Слаткаристика, Таско, потоа со Елена Китиќ или Газда Паја (Србија), Криско (Бугарија)... на ред дојдоа и српските колеги  на „2 бона“ - „ТХЦФ“ со кои македонските рапери заеднички ја снимија „Комиран“. Музички - ништо ново, нешто што е досега неслушнато ниту пак поразлично од она што и досега го нудеа Кун и Тонито во нивните претходни песни. Едноставно, восталена позната шема на двојазичен монолог-дијалог помеѓу раперите од двете земји на тема како изгледа и до кои височини лета една балканска старлета! Видото на Огнен Шапковски занаетски добро сработено, содржински издржано, каде визуелното го следи контекстот на лирикита на стиховите на уште една позната приказна... Како што е позната и главната „хероина“ во видеото, атрактивната скопјанка Елеонора Миљковиќ која веќе „ја комираше“  балканската јавност со своето учество во реалното шоу „Задруга“. Како и во споменатото ријалити и овде кај Нора во прв план се нејзините бујни атрибути и нескротливиот сексапил, кои предизвикувачки мамат да го погледнете спотот барем уште еднаш. „Родена да блеска“ на нејзината моќ уште на прв поглед да ви го дигне... адреналинот, не останаа имуни ниту српските портали кои ја потенцираат нејзината улога во „Комиран“. Иако ниту „2 Бона“, ниту нивниот менаџмент не се сетиле да ја потишат или да и го споменат името во портфолиото на екипата која го реализирала проектот, испишано под видето на Јутјуб. За оваа песна музиаката ја напишале самите Кун и Тонито, аранжманот го потпишува Иван Јованов - Ивајо кој стопи и зад миксот и мастерингот на темата. Како звучи и изгледа кога си “Комиран“ дознајте од „2 бона“ во продолжение: ]]>

На „2 Бона“ и Криско не им треба фина, за да шетаат ко… – „Горила“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-2-bona-i-krisko-ne-im-treba-fina-za-da-shetaat-ko-gorila-video/ Tue, 03 Dec 2019 14:08:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122065

Најновата песна  на македонските рапери Марио Јелиќ - Кун и Антонио Стојановски - Тонито,  попознати како „2 Бона“ е снимена во дует со бугарската музичка ѕвезда  Криско и се вика „Горила“. Автор на провокативното видео е Огнен Шапковски. „Очекуваме балкански успех со Горила“, ќе изјави Антонио Стојановски за бугарските медиуми. Премиерата на песната и видеоспотот се случи пред неколку дена на Јутјуб. Во моментов „2 Бона“ се едни од најпопуларните млади уметници во Македонија. За помалку од шест месеци, тие имаат стекнато бројни обожаватели. Кун и Тонито се етаблираа не само како изведувачи, туку и како продуценти. Тие се автори на сите нивни дела. Покрај тоа, снимија и неколку балкански дуети, меѓу кои и големиот хит „Коломбиана“ со Елена Катиќ. Нивните видеа на Јутјуб достигнуваат огромен број на  прегледи за помалку од една година. Сите нивни песни се рангирани на првото место на рангот на „Трендинг“ на Јутјуб. И „Горила“ изобилува со еротски набој и секси кадри, преку голотија во кафез и танц на шипка... А и стиховите се приказна за себе: „Мене не ми треба фина, ми треба лоша да сме фирма“... Погледнете и преслушајте: ]]>