2-3 брака – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 14 Dec 2020 08:33:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 2-3 брака – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Емилија Розман на себесвојствен начин ги брои деновите до Нова Година: Наместо новогодишна елка, хумор на своја сметка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/emilija-rozman-na-sebesvojstven-nachin-gi-broi-denovite-do-nova-godina-namesto-novogodishna-elka-humor-na-svoja-smetka-foto/ Mon, 14 Dec 2020 08:27:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180577

Нова Година и Дедо Мраз, елка, лампиони, украси, сијалички, слатки и подароци... И се разбира весела, опуштена атмосфера, полна со радост, песна, дружење, забава... Вака некако сите ја замислуваме и дочекуваме Новата Година и деновите пред најлудата ноќ, кои вообичаено се денови на опуштање и дружење... Но за жал, не и годинава, зашто оваа веројатно беше најлошата година од почетокот на новиот милениум. Затоа и нема атмосфера како што е вообичаената пред новогодишните празници, ниту пак расположението може да биде такво после се' што ни се случуваше и се' уште се случува во годината на корона пандемијата, со многу заболени и изгубени животи. Затворени, изолирани, депресивни, отуѓени, асоцијални... Стануваме лошо друштво и за себе, а камо ли за околината, во која колку и да сакаме, колку  и да имаме желба и волја, се' помалку имаме можност за дружење со блиските, роднините, пријателите, другарите, колегите... Најчесто дома, во четири ѕида, со мобилниот в рака, покрај компјутерот или телевизорот во виртуелниот свет на дигиталната технологија, изгубени во морето различни информации и лажни вести, збунети, конфузни, некако осамени во душата, дури и кога не сме сами...! Затоа многумина од нас и ги бројат деновите до Нова Година, која сите едвај чекаат да дојде само со една цел: За што побргу оваа 2020 да замине... Да ја испратат во неповрат и никогаш повеќе ваква да не ни се повтори.  И додека некој брои на прсти, друг гледа на календар, трети ги бројат викендите, останатите ги бројат обврските и сето она што им останало да го завршат како обврска до Нова Година, Емилија Розман ги брои деновите до 31-ви декември на себесвојствен начин. Единствен и оригинален! Имено, за македонската мисица, манекенка и модел како што е познато, оваа 2020 година беше „несреќна“ не само заради коронапандемијата која ја погоди и неа како и сите нас, особено нејзиниот бизнис за цвеќе, подароци и нивното аранжирање и пакување. Госпоѓица „Розмантична“ летово влета во романтична авантура, која за 24 часа се претвори во свршувачка, од која убавицата излезе само за неколку недели. Експресно кажа ДА, па се премисли и покаја и по кусо „брачно искуство на одредено време“, се разиде со свршеникот... Според неа благовремено, и тоа на неодредено! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/emilija-rozman-se-razvede-se-omazi-za-momche-shto-go-poznavashe-edvaj-24-chasa-a-se-razvedoa-po-brak-od-samo-nekolku-nedeli/ Токму ваквата годинешна животна случка, Розман ја искористи за шега на сопствена сметка според која ги брои деновите до Нова Година: Еееј уште 2-3 брака и разводи и оп, Нова Година“ - напиша (одново) госпоѓица Розмантична на својот Фејсбук профил, правејќи хумор на своја сметка наместо да кити новогодишна елка! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин]]>