2-1 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 31 Mar 2021 21:24:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 2-1 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонија „ја клекна на колена“ Германија на нејзин терен: Голема победа на гости на нашите фудбалери од 2:1 https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-ja-klekna-na-kolena-germanija-na-nejzin-teren-golema-pobeda-na-gosti-na-nashite-fudbaleri-od-2-1/ Wed, 31 Mar 2021 21:23:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196954

Фудбалската репрезентација на Македонија изигра неверојатно на гостувањето против Германија. Македонија победи со резултат од 2:1 и освои огромни 3 бодa во квалификациите за СП 2022. Македонија успеа да се избори за голема победа против Германија во 3 коло од квалификациите за СП во Катар. Горан Пандев во 45+2 и донесе водство на Македонија и со ова стана најстариот играч кој и дал гол на Македонија во квалификации за Светско првенство. Во второто полувреме, главниот судија Карашев сметаше дека Алиоски го соборил Сане, па Гундоган од пенал израмни во 73 минута. Потоа чист пенал не и беше досуден на Македонија откако Емре Чан по изведениот корнер играше со рака во шеснаесетникот на Германија. Спортската правда стигна во 85 минута кога Елиф Елмас додавањето до Адеми го куниса со шести гол за него во националниот дрес, доволен за голема победа на Македонија над фаворизираната Германија. Во следното 4 коло од мундијалските квалификации, Македонија ја дочекува во моментов водечката Ерменија со три победи и 9 бода во нашата група, по денешната победа на Ерменците над Романија со 3:2. Натпреварот Македонија - Ерменија се игра поЕУРО 2021, на 2-ри септември на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Нашите момчиња оставија срце на терен и се покажаа во најдобро можно светло! Душата ни ја обоија во црвено жолта боја. Браво мајстори, Македонија се гордее со вас!]]>

Елмас: Горд на мене и на мојата Македонија! https://arhiva.vistina.com.mk/elmas-gord-na-mene-i-na-mojata-makedonija/ Fri, 11 Oct 2019 17:01:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112144

Нашата репрезентација синоќа ја совлада Словенија со 2-1 на „Тодор Проески“ арената во Скопје и со тоа ги задржа шансите за второто место во групата Г, кое носи бараж за пласман на Европското првенство 2020. Елиф Елмас, кој ги постигна двата гола синоќа за „црвено-жолтите“, покажа дека е следната ѕвезда на нашата репрезентација, а по мечот на социјалните мрежи упати кратка порака: Горд на мене и на мојата Македонија!
]]>