1тв – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 12 Dec 2020 07:34:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 1тв – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сите знаат каде е Боки 13, ама знае ли некој каде му е најверниот другар: Каде исчезна Сергеј Варошлија? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/site-znaat-kade-e-boki-13-ama-znae-li-nekoj-kade-mu-e-najverniot-drugar-kade-ischezna-sergej-varoshlija-foto/ Sat, 12 Dec 2020 07:33:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102427

Се знаат оддамна, ама последниве година ипол -две, беа неразделни. Како грнче и капаче, како петок и сабота... Беа како како „г*з и гаќи“ што би рекол народот, како браќа... До душа „топли“ - тврдат некои, ама тоа е нивна лична работа. Аферата „Рекет“ што ја  стресе земјава ги раздвои, а нивната дружба ја оневозможена на „неодредено“ време.
За Боки 13 сите знаат каде се наоѓа во моментов, но знае ли некој каде е неговиот моден ангел чувар, Сергеј Варошлија? Емисијата на „модниот гуру“ му заврши пред аферата „Рекет“ и да почне, па уште оттогаш не го гледаме на ТВ екраните. Потоа, видовме дека дружбата со Боки 13 тече по постираните фотографии и видеа од разни локации, воглавно по Грција и грчките плажи.
Но, откако Боки 13 „падна“, Сергеј исчезна! И тоа преку ноќ! До душа во моментот на лишување од слобода на „Тредичи“ на граничниот премин Богородица,  Сергеј не бил со него во џипот, со кој  Боки и двочлената женска придружба тргнале на грчкиот остров Миконос. Тоа ги подгрева теориите дека „другарчињата“ уште претходно ја „спукале“, како што тврдат поединци, иако оваа теза не е ниту докажана, ниту потврдена!
Други пак велат дека Сергеј толку се потресол и исплашил, што бил на работ „да му пукне душата“... Што по другарчето, што заради себе, па решил едноставно да исчезне на некое време од јавниот живот и тоа се' уште трае...
„1ТВ“ оддамна „испуши душа“,  а телевизијата повеќе не е ниту во сопственост на старите сопственици или барем на оние, што така се преставуваа и „оди на добош“. Порталот на 1ТВ е се' уште активен, ама само фиктивно... И таму Сергеј оддамна го нема!
Како што преку ноќ го снема и од социјалните мрежи, па неговите профили на Фејсбук и Инстаграм останаа „замрзнати“ речиси без нови објави!
  Нема нови постови, фотографии, коментари... Нема ништо освен временска празнина!
На местата каде што обично можел претходно да се забележи повеќе не се појавува, на јавни собири уште помалку, зашто сега и ги нема, па сето тоа наведува на уште една помисла: Каде е, дали  и зошто воопшто се крие „модниот гуру“?
Има ли нешто што само Варошлија го знае или едноставно не можејќи да го поднесе  „распадот на империјата“, самиот се повлече во илегала... За да „не му пукне душата“!
Форто: Инстаграм и Фејсбук принтскрин]]>

Лила на сведочење за „Рекет“: Дадов 25 илјади евра донација и 8 илјади евра позајмица на „1ТВ“ https://arhiva.vistina.com.mk/lila-na-svedochenje-za-reket-dadov-25-iljadi-evra-donacija-i-8-iljadi-evra-pozajmica-na-1tv/ Wed, 29 Jan 2020 10:49:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131604

„Не сме скарани, но не сме веќе пријатели со Боки 13“. Вака го почна сведочењето водителката Лила Филиповска за случајот „Рекет“, објавува А1он. „Го познавам од неговата 15-та година. Бевме пријатели, па бевме скарани некое време, па се смиривме пред некое време. Сега не сме скарани, но не сме пријатели“, рече таа. Таа кажа дека дала донација за „1ТВ“ од 25 илјади евра. „Сакав да помогнам“, рече водителката. Целата вест можете да ја прочитате ТУКА.]]>

Поранешен пратеник тврди: И синот на Катица Јанева е директно вмешан во „Рекет“ https://arhiva.vistina.com.mk/poraneshen-pratenik-tvrdi-i-sinot-na-katica-janeva-e-direktno-vmeshan-vo-reket/ Tue, 20 Aug 2019 11:41:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=103071

Поранешниот пратеник во македонското Собрание, Веле Митаноски, го обвини синот на Катица Јанева дека директно бил вмешан во „Рекет“. Тој на Фејсбук објави статус на кој тврди дека синот на Катица Јанева им се заканувал на градоначалниците, со зборовите: „Знаеш ли ти чиј син сум јас“?
Лазар Јанев, инаку, беше вработен во 1ТВ, телевизијата на таткото на Боки 13, каде тој се претставуваше како директор. Јанев во телевизијата ја држеше позицијата директор на маркетинг. Кога како бомба одекна „Рекет“, веднаш беше спомнато и името Лазар Јанев, синот на обвинителката. Тој изјави дека телефонот на мајка му е загубен, за подоцна во истрагата телефонот да биде најден кај неговата девојка. Но, официјално, досега, името на синот на катица Јанева не е вклучено во истрагата. Тој во моментов не е осомничен за „Рекет“ и Вилма Рускоска го нема повикано на распит. Извор: Засе]]>

За Лила нема маки, еве кој ја дружи во отсуство на Боки? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kaj-lila-nema-utka-eve-koj-ja-druzi-dodeka-boki-e-vo-shutka-foto/ Mon, 12 Aug 2019 07:33:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=101501

Боки - „Тредичи“  и понатаму е во притвор. Аферата секој ден добива нов заплет, станува се позамрсена, како гордиев јазол кој на крајот по се изгледа дека не ќе може да се одмрси, па ќе заигра мечот... да го пресече! Прашање е само чии се' глави ќе одат јабана? Во меѓувреме „1ТВ“  е на шкрги... Телевизијата „работи на апарати“ одржувајќи се на „жими мајка“ во живот. Додека и оние што се обидуваат да ја „вратат“ конечно не сфатат дека од ветеното нема ништо! Бајката (бргу ќе) заврши  - папала маца!
Интересно е да се види каде е и што прави верното и убаво друштвото на Боки - „Тредичи“ додека тој е на „сигурно“!
„Модниот гуру“ Варошлија никаде го нема! Исчезна преку ноќ! Дури и од социјалните мрежи! Едната од двете дами која беше со Боки во џипот при неговото апсење, повеќе ја нема... Барем не, на програмата на 1ТВ , која ионака е сведена на „фчерашна“ со бајати дебатни репризи и „трагикомичен обид“ за правење најнови вести! Ама затоа некои од „Тредичи друштвото“ се' уште се тука... Кој во телевизијата кој, надвор од неа!
Така е со новинарот и водител Зоран Василевски, многу попознат како Зоки - „Фаци“, кој и понатаму  е присутен во 1ТВ. До душа не на програмата, зашто од „ексклузива забава“ на Зоки му остана само цревото в раце! За да ја полева тревата во дворот на 1ТВ да не овене на жештините, како нивната програма!  Ама ако! И тоа е нешто! Барем е корисно и еколошки прифатливо!
Откако Боки 13 повеќе не е на слобода, најинтересно прашање е кој ја дружи Лила, со оглед на тоа дека таа, Варошлија и Боки  беа речиси неразделни во периодот по отворањето на 1ТВ. „Првата другарка на банкарот“ беше дури и втората дама во џипот на „газда 13-ка“ при неговото апсење на граница.
И за да нема повеќе дилеми и недоумици, одговорот е тука. Лила за дружба си најде достојна замена во „човек од доверба“ од 1ТВ! Кога веќе нема емисија, Зоки - „Фаци“ има „ексклузива“ покрај цревото, да ја дружи и Лила додека Боки е во Шутка! Или можеби нивната средба во еден од познатите скопски молови беше сосема случајна, па заврши само со еднократен лимонада муабет?
Како и да е, Лила, во отсуство на старото друштво, си најде нова екипа за дружба во Охрид: синот Филип и нејзиниот асистент Спасе - „временска“ од ТВ „Сител“!
 
View this post on Instagram
 
Ohridsko leto ❤️❤️❤️ #summer #friends #love #life

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

]]>

1ТВ објави дека Мелита и Накова се скарани, гевгеличанката експресно „им ја затна устата“: „Ми недостасуваш убавино, моја втора половино“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/1tv-objavi-deka-melita-i-nakova-se-skarani-gevgelichankata-ekspresno-im-ja-zatna-ustata-mi-nedostasuvash-ubavino-moja-vtora-polovino-foto/ Mon, 27 May 2019 07:09:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89635

„Екс водителката Мелита Ракичевиќ ставила крај на дружбата со манекенката Александра Накова! Во една расправија Накова ѝ рекла на Мелита дека била стара, по што Мели смртно и се налутила и дефинитивно ставила крај на нивното повеќегодишно пријателство. Доказ за тоа е Инстаграм, каде ниту Накова ниту Мелита повеќе не се следат“ - објави викендов порталот на „1ТВ“.
Многумина останаа вчудовидени, знааејќи дека Мелита и Александра откако се здружија по разводот на Накова, станаа толку многу блиски, што беа речиси нераздвојни, па едната другата ја нарекуваше „сестра од друга мајка“!
Често одеа заедно на луксузни патувања, постојано објавуваа секси фотосесии, двете ставија во исто време силикони и тоа кај ист хирург, имаа исти надргадби на косите, па дури имаат и слични силиконски усни... Во последно време имаа или си ги менуваа истите очила за сонце, костими за капење...  Или што би се рекло, Мелита и Накова беа „другата во мене“!
Но дека нее баш се' така како што некои објавуваат и пишуваат, се потруди експресно да демантира згодната гевгеличанка. Имено, Накова експресно на својот Фејсбук профил објави фотграфија на која е заедно со Мелита,крај која напишала: „Ми недостасуваш убавино, моја втора половино“. Што значи дека нема ниту „К“ од кавга, напротив... Накова и Мелита се во одлични односи, иако веројатно поретко се гледаат.
Но, по се изгледа причината е друга, сосема поинаква... Мелита последниов период  беше отсутна од Македонија додека престојуваше во Дубаи, а Накова во тој период повторно беше медиумски активна. Најпрвин ја  снимаше новогодишната фотосесија за „Бекстејџ“, па се појави во последниот спот на ДНК за темата „Ромео и Јулија“, а наскоро и во видеото на „Балкан бенд“ за песна наменета за регионалниот естраден пазар.
Но, тоа не ќе да е главната причина за „раздвоеноста“ на двете убавици... Она што стои меѓу нив освен нивната взаемна пријателска љубов, по се' изгледа е и една друга, нова љубов, која и се случува на Накова!?
Последните објави на нејзините профили на социјалните мрежи јасно асоцираат и потенцираат дека на сексапилната гевгеличанка одново „и летаат пепрутки во стомакот“!
Доколку е така, можеби тоа е причината што Накова и Мелита повеќе не се толку „блиски“, или поточно, не минуваат повеќе време во заедничка дружба?!]]>

Инспектор Томе од „Преспав“ има свој двојник… во татко му на Боки 13? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/inspektor-tome-od-prespav-ima-svoj-dvojnik-vo-tatko-mu-na-boki-13-foto/ Sat, 02 Mar 2019 10:54:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=75541

Речиси нема човек кој некаде таму или тука близу, нема свој двојник на светот. Иако по физикус идентични можат да бидат само близнаците, па дури до крај ни тие, сепак луѓето си имат свои „копии“ кои помалку или повеќе се верни на оригиналот. Само прашање е кој е оригиналот? Обично, ако сте јавна личност, славен лик, позната фаца, медиумска ѕвезда и слично, луѓето во вашиот лик го препознаваат оригиналот, па доколку наидат на некој друг кој личи на Вас, тој за нив е „копијата“.
Е сега, ликот на актеропт Горан Стојановски некогаш познат како Џемо - „Биљбиљ“, или сега по најново, инспектор Томе од популарната македонска ТВ серија „Преспав“,  на сите им е добро познат!  Ама на малкумина им е познато дека и  тој, како и многумина, има свој двојник. Добро, човекот е нашто малку постар од него, за нијанса повозрасен, ама сепак неодоливо потсетува во ликот на охридскиот актер. И ништо чудно ниту невообичаено не би имало во тоа, доколку и тој не е познат. Или барем, татко на позната личност.
Имено, газда Миле е еден од сопствениците на новата „1ТВ“ и биолошки татко на нејзиниот најекспониран лик, Бојан Јовановски, попознат како Боки 13. Или едноставно кажано, Миле -татко му на Боки, во ликот недоливо потсетува на инспектор Томе, односно актерот Горан Стојановски.
Ех,  сега само остана дилемата кој е „копијата“, а кој „оригиналот“, со оглед дека едниот е попознатиот, ама затоа пак ниту другиот не е тотален анонимус, а башка е и повозрасниот, што значи дека прв дошол на овој свет? Миле Јовановски или Горан Стојановски? Газда Миле од „1ТВ“ или инспектор Томе од „Преспав“, не е важно. Важно е дека... ТОЈ е ликот!  ]]>

1ТВ во отворена војна со Бојана Скендеровски: Од изгледот се префрлија на приватниот живот од нејзиното минато, а таа им се закани со тужба! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/1tv-vo-otvorena-vojna-so-bojana-skenderovski-od-izgledot-se-prefrlija-na-privatniot-zivot-od-nejzinoto-minato-a-taa-im-se-zakani-so-tuzba-foto/ Tue, 22 Jan 2019 08:18:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=68501

Откако модниот „1ТВ гуру“ Сергеј Варошлија, во „неговиот термин“, не штедеше зборови да и каже се’ што има да и каже на водителката од „Улица Македонија“, најмногу на сметка на нејзиниот изглед, имиџ и облекување… Бојана Скендеровски на модниот критичар му возврати со одговор преку својот Фејсбук профил,  со ништо помалку лут, остар и жесток јазик!
Но препукувањето не заврши тука, а и очигледно не остана и само на модата, модниот изглед, имиџот... „1ТВ“ империјата реши не да се препукува, туку да „пука“ од сите расположиви оружја по пејачката и водителката, па веќе вчера, 21 јануари 2019, на својот веб портал осамна нов напис за дамата од „Улица Македонија“.
Овој пат на тапет беа нејзиниот приватен живот со акцент на нејзиното минато, зачинето со пикантни детали од бракот со бившиот сопруг на Бојана, Огнен Чаловски. „Огнен Чаловски беше првиот сопруг на екс пејачката, а сега водителка Бојана Скендеровски. Нивниот брак траеше само две години, а по разводот Бојана на Огнен му останала должна голема сума на пари, како и мебел од нивниот заеднички стан на Водно. Бојана и Огнен беа во врска околу десет месеци, а се венчаа во 2010 година. Тогаш ја основаа и фирмата „Дестио бело“ и отворија козметичко-фризерско студио“ - ја започнува својата приказна „1ТВ порталот“, продолжувајќи да раскажува како таа и екс сопругот уште од првиот ден многу се расправале зашто неа ја интересирале само пари. Тој не можејќи веќе да издржи го напуштил домот, а таа не му вратила ништо од скапиот мебел и многу лични негови работи кои ги добиле на свадбата, па дури ни велосипедот.
„Огнен се жалеше дека Бојана му останала должна и многу пари кои никогаш не му ги врати, а и го малтретираше и психички“ - тврди во написот порталот на 1ТВ, повикувајќи се како што тие тврдат, на  исказите на нивен анонимен извор кој наводно додава дека на Огнен бракот му бил хорор и дека кога завршила целата драма му олеснило, станал друг човек. Порталот уште тврди дека редакцијата го исконтактира Огнен Чаловски кој наводно им ги потврдил овие информации, а тие приказната ја завршуваат со тоа дека Бојана безуспешно се обидувала да биде дел од естрадата, па по неколку години се откажала од пеењето и влегла во водителските води, но и таму не покажала резултати!
На овие, прилично сериозни јавно изнесени детали и квалификации кои длабоко задираат во приватноста на една јавна личност, газдарицата на денес една од најмоќните приватни ТВ продукции  во Македонија, не седеше со скрстени раце.
Преку својот Фејсбук профил во една реченица таа веднаш јавно ги обелодени и своите намери.
Очигледно Бојана Скендеровски овој пат ќе се одлучи правдата да ја бара по судски пат. Дали војната на „двата ТВ света“ ќе продолжи вербално и со навредливи преписки или ќе има и судска разрешница, останува да видиме?!  ]]>