19 март – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 07 Mar 2022 13:43:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 19 март – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Раде Шербеџија ќе одржи ексклузивен концерт во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/rade-sherbedzija-kje-odrzi-ekskluziven-koncert-vo-bitola/ Mon, 07 Mar 2022 13:39:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242054

Легендарниот актер и музичар Раде Шербеџија  на 19-ти март во Центарот за култура – Битола ќе има свој ексклузивен концерт, единствен во Македонија со својот албум „Не свртувај се сине” кој неодамна го издаде. На сцената ќе биде заедно со „Западни колодвор”, а наскоро се очекуваат повеќе детали околу концертот и билетите. Легендарниот актер, со светска слава Шербеџија, кој со култната улога на Александар во филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, пред повеќе од четврт век беше дел и од големиот меѓународен успех на ремек-делото на македонската филмска уметност, изненади со овој албум – „ Не окреќи се, сине“, традиционално, во издание на најголемата регионална дискографска куќа „Croatia Records“. Новиот студиски албум на легендарниот актер, поет и музичар е врвно музичко достигнување што ни доаѓа како подарок во живо за публиката која на 19 март ќе биде во Битола, а создаден е во време на короната, кога паузираше филмската индустрија. Најавен со хитот „Ето пјесме“ кој за него го напиша Хусеин Хасанефендиќ од „Парни ваљак“, Шербеџија албумот го сними со екипа одлични музичари на крајот на 2020. На албумот, Шербеџија го остава и својот авторски потпис, посветувајќи му ја песната „Шехерезада“ на познатиот словенечки театарски режисер Томаж Пандур, за која аранжманот го создаде нашиот Диран Тавитјан. ]]>