16 роденден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 31 Oct 2023 12:44:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 16 роденден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Бекстејџ“ го славеше 16-тиот роденден: Уште една гламурозна вечер на најгледаниот естраден ТВ магазин (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bekstejdh-go-slaveshe-16-tiot-rodenden-ushte-edna-glamuzrozna-vecher-na-najgledaniot-estraden-tv-magazin-foto/ Tue, 31 Oct 2023 11:11:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324564

По јубилејната деценија и пол во македонскиот ТВ етер која  лани ја прослави, најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“ ја продолжи традицијата гламурозно да ги одбележува своите родендени. Годинава не беше ништо поразлична, само што вчеравечер, понеделник, 30 октомври 2023, една година подоцна 16-иот роденден  се одвиваше во салата на еден од познатите хотели во центарот на Скопје, а  меѓу присутните имаше  и „некои нови деца“ заедно со добар дел од старите проверени асови. Најмногу оние од естрадата, но и од јавниот, политичкиот, спортскиот, модниот, медиумскиот... свет во Македонија. Или што би рекле, од Петре Шилегов и Стојанче Ангелов, преку Владо Јаневски, Роберт Саздов, Миле Кузмановски, Светлана и Мики Црнокрак, Вера Јанковиќ, Антонио Димитриевски, Марјана Станојковска, Ненад Георгиевски, Ана Стојановска... па се' до Мартија Станојковиќ, Антониа Гиговска, Таско,  Пајак и Лара... И уште десетици други познати и популарни естрадни фаци и секако претставниците на највлијателните медиуми во Македонија. Се' на се', шаренолик збир на познати гости и секако по некој заталкан „падобранец“, кои на покана на домаќините дојдоа да го испочитуваат нивниот 16 - годишен труд, успешна работа и опстојување во ТВ етерот што во македонски услови е вистински подвиг. Секако дел од нив дојдоа и за да ги примат наградите кои „ТВ магазинот од зад сцената“ традиционално секоја година според сопствените критериуми им ги доделува на најуспешните, најпопуларните, најомилените во 2023 година од областа на естрадата, медиумите, социјалните мрежи... Како и обично дел од наградените, но и некои од останатите естрадни  изведувачи со своите изведби ги забавуваа пристутните гости. Снимени материјали одеа на видеоскринот, а меѓусебната дружба помеѓу гостите беше евидентна. Кога сме кај наградите, наградени меѓу останатите беа: Сара Климоска, Елиф Елмас, македонските одбојкари,  Владо Јаневски, српскиот инфлуенсер Марко Маријоковиќ.„Либеро бенд“, Пајак, Лара Иванова, Дарко Димитров, кабарето „Голд Фелиција“ од Битола, ДЈ Галоски, најдобрата општествена кампања „Крени глас“, „Универзитет Скопје“  за поддршка на македонската музичка сцена. Меѓу наградените беа и популарните Нучи, Зера, Хени и Попов кои уживаа до самиот крај на манифестацијата. Низ целата роденденска фешта на „Бекстејџ“ на стејџот приказната успешно ја водеше комичарот и имитатор, младиот велешанец  Стефан Николовски. Се' на се' и оваа родененска прослава на „Бекстејџ“ помина во убава, опуштена и пријатна атмосфера, која патем им овозможи на познатите и популарни естрадни и јавни лица да се соберат, видат и дружат меѓу себе. Покрај  својата примарна улога, да информира и забавува, „магазинот од зад сцената“ оствари уште една многу важна - да го вреднува и валоризира трудот на оние кои даваат се' од себе да не оттргнат од  здодевноста, монотонијата, апатијата и безнадежноста во кои не втурна политиката, цврсто грабнувајќи не во своите алчни канџи. Иако можеби само симболично  „дарувана“,  естрадата со оваа традиционална роденденска ѕвездена фешта на „Бекстејџ“, сепак има свој пиедестал на кој секоја година се менуваат победниците... На општо задоволство на сите! А, родендените... Ма, само нека се множат! Фото: Инстаграм - allstars]]>