16 мај – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 23 Apr 2020 11:06:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 16 мај – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На 16-ти мај во 21 часот во живо на МРТ: Наместо класична Евровизија, Македонија дел од алтернативното шоу „Eurovision – Europe Shine a Light“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-16-ti-maj-vo-21-chasot-vo-zivo-na-mrt-namesto-klasichna-evrovizija-makedonija-del-od-alternativnoto-shou-eurovision-europe-shine-a-light/ Thu, 23 Apr 2020 11:06:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146227

По конечното откажување на 65-тото издание на Изборот на песна за Евровизија, Европската радиодифузна унија и нејзините партнери од Холандија, НПО, НОС и АВРОТРОС се заложија за организирање и продуцирање ново алтернативно шоу со наслов, Eurovision: Europe Shine a Light, кое ќе се емитува во живо, на 16-ти мај со почеток во 21 часот, што беше и претходно потврдениот термин за одржување на евровизиското финале. Специјалното телевизиско шоу нема да има натпреварувачки карактер, но ќе им оддаде значајно признание на сите песни и учесници од 41-та земја, колку што требаше да учествуваат на годинашната Евровизија. Веќе селектираните песни ќе бидат емитувани само во фрагменти, учесниците ќе бидат претставени низ најразлични снимени видео пораки и материјали, но ќе ги видиме и слушнеме и обедините од различни локации низ Европа низ стиховите на познатиот евровизиски хит на Katrina And The Vawes: „Love shine a light“, победничка песна на Евровизија во 1997-мата година. „Сакаме да направиме шоу коешто нема да им оддаде признание само на уметниците од 41-та земја, коишто требаше да настапат во Ротердам, туку и телевизиска програма која ќе ги инспирира и поврзе луѓето низ Европа и во овие изолирани и тешки времиња. Ќе оддадеме почит на сите коишто се погодени од корона вирусот, но и на оние коишто работат деноноќно во борбата против него“, изјави извршниот продуцент на шоуто, Зитце Бекер. Шоуто ќе приреди и многу изненадувања за евровизиските фанови, коишто може да се вклучат во формирањето на големиот евровизиски хор кој од сите страни на светот ќе ја изведе песната на Џони Логан, „What another year“! Со оваа песна Џони Логан победи на Евровизија 1980-тата година, која тогаш се одржа во Хаг, Холандија. Конечниот датум за испраќање на видеата е 24-ти април, а фановите од Македонија коишто сакаат да се приклучат кон оваа иницијатива повеќе детали за овој повик може да прочитаат на официјалната страница: eurovision.tv ( https://eurovision.tv/story/eurovision-sing-a-long-with-johnny-logans-whats-another-year ) Водители на шоуто ќе бидат презентерите Шантал Јансен, Едсилиа Ромблеј и Јан Смит, коишто требаше да бидат домаќини на Евровизија 2020. Најпознатата интернет ѕвезда од Холандија, која на социјалните мрежи се претставува под името nikkitutorials исто така ќе направи интересни содржини за шоуто во форма на онлајн интервјуа со изведувачите. Шоуто ќе трае 2 часа, а ќе биде пренесувано од 46 национални сервиси, меѓу кои и Македонската Радио Телевизија.  ]]>

Тамара Тодевска на социјалните мрежи се огласи за настапот на „Евровизија“: „На 16- ти мај ќе пеам за мојата ќерка“ https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-na-socijalnite-mrezi-se-oglasi-za-nastapot-za-evrovizija-na-16-ti-maj-kje-peam-za-mojata-kjerka/ Tue, 19 Feb 2019 08:06:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=73444

Оваа година Изборот за најдобра песна на „Евровизија“ ќе се одржи во Тел Авив, Израел. Македонски претставник на годинешното издание на „Евровизија“ ќе биде Тамара Тодевска која ќе не претстави со песната „Proud“ на авторскиот тим  Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски. Тодевска се уште ја нема претставено песната, но заедно со својот тим вредно работи и веруваме дека наскоро ќе ја објави.
По повод нејзиниот настап на „Еврововизија“; Тодевска се огласи на својот „Фесјбук“ истакнувајќи дека за неа „Евровизија“ не е да победи или да биде во првите 10, туку нешто повеќе од тоа.
Пред еден месец, кога добив покана да ја претставувам мојата земја на Изборот за песна на Евровизија во Тел Авив (покрај моето ентузијастично и радосно ,,Да!"), првото нешто што ми падна на ум беше: „Која ќе биде целта на моето учество на натпреварот? Што е тоа што сакам да го кажам? Што е тоа што сакам да го споделам со светот?“ За мене учеството на Евровизија никогаш не било да се влезе во финале, да се биде меѓу првите 10 или да се победи. Евровизија за мене отсекогаш била многу повеќе од тоа. За мене Евровизија отсекогаш претставувала прифаќање на различното, пркосење на правилата и прифаќање на себеси, баш онаков каков што си. Евровизија е таа една вечер во годината кога публиката во целиот континент се собира на едно место за да ја прослави посебноста, храброста и вербата во себе! Тоа е местото кадешто да се биде различен значи да се биде ГОРД на себеси. Јас сум мајка на две деца, имам тригодишна ќерка и тримесечен син. Знам дека звучи како клише, но тие навистина го променија мојот живот и јас како мајка и како родител чувствувам дека е моја и наша обврска да донесеме позитивни промени во животите на нашите деца. Целиот мој живот ми кажуваа дека не се однесувам женствено, дека не сум доволно добра, дека се движам и се однесувам како машко. Наведни ја главата, облечи нешто секси и на никој нема да му биде гајле што зборуваш, ми велеа. За нив јас бев само уште една изгубена девојка. Денес, кога ќе ја погледнам ќерка ми, сакам да има можност да расне во свет во кој никој нема да ѝ суди, нема да ѝ кажува како да се однесува, како да постапува или како да се движи. Сакам да знае дека не мора да ги следи правилата за да биде прифатена. Сакам да биде онаква каква што таа сака да биде и најважно, да биде горда на себе. Тоа е најмалку што можам да направам за неа.
Таа исто така истакна дека на 16ти мај ќе во чест на нејзината ќерка Хана и за сите оние на кои им било кажено да ги наведнат главите и да ги следат правилата.
Затоа, на 16-ти мај, ќе пеам за мојата ќерка. Ќе пеам за сите на кои им било кажано да ги наведнат главите и да ги следат правилата. На 16-ти мај, ќе ги прекршиме правилата и барем една вечер во годината ќе му кажеме на светот дека СЕ ГОРДЕАМ СО СЕБЕ е секогаш посилно од нивното НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕШ ДОВОЛНО ДОБАР/А! СЕКОГАШ ќе бидете доволно добри! Се гледаме во Тел Авив
  За потсетување, во 2008 година, Тамара заедно со Врчак и Адријан Гаџа ја претставуваше Македонија на Евровозија во Белград, во 2004 година беше придружен вокал на Тоше Проески во Истанбул, а во 2014 придружен вокал на нејзината сестра Тијана Дапчевиќ во Данска.]]>