16 јуни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 16 Jun 2020 12:59:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 16 јуни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кинотека додели 100 примероци од ДВД изданието со филмовите на Кирил Ценевски https://arhiva.vistina.com.mk/kinoteka-dodeli-100-primeroci-od-dvd-izdanieto-so-filmovite-na-kiril-cenevski/ Tue, 16 Jun 2020 12:58:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154004

Кинотека на Македонија одбележува една година од смртта на филмскиот режисер Кирил Ценевски (1943-2019) на 16 јуни  (вторник) и по тој повод во периодот од 9 до 15 часот, на заинтересираните филмофили бесплатно им се доделени 100 примероци од ДВД изданието со неговите играни филмови. Се работи за ДВД изданието со дигитално реставрираните играни филмови на Кирил Ценевски што Кинотеката го промовираше пролетта минатата година, неколку месеци пред заминувањето на легендарниот автор во македонската кинематографија. Роден е во Крива Паланка, 28.1.1943. Филмски режисер и сценарист. Студирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје. Со киноаматеризам се занимава уште од студентските денови. Првпат на игран филм професионално е ангажиран како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски во филмот ЦЕНАТА НА ГРАДОТ (1970). Во 1971 година Ценевски го режира филмот ЦРНО СЕМЕ, за којшто добива повеќе награди: Златна арена за режија на фестивалот во Пула, Златен венец за најуспешен деби, 11 Октомври… Потоа ги сними ЈАД (1975) и ОЛОВНА БРИГАДА (1980), а по четвртиот игран филм ЈАЗОЛ, Ценевски не застана зад камерата повеќе од три децении. Неговиот (пре)долг авторски молк, по експлозивната деценија ипол во неговото неконформистичко творештво, секогаш е причина за навраќање на овој, по многу нешта исклучителен, филмски опус, со дигитализираното издание на неговите играни филмови.]]>

По четврти пат „МАН“- доделување на македонските алтернативни награди https://arhiva.vistina.com.mk/po-chetvrti-pat-man-dodeluvanje-na-makedonskite-alternativni-nagradi/ Thu, 31 May 2018 08:20:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=29878

Претстојното, 4. по ред издание на „Македонските алтернативни награди“,  ќе се одржи на 16 јуни во Градскиот парк во Скопје.
Манифестацијата и годинава ќе го одбележи најдоброто од алтернативата, а веќе е познат и добитникот на наградата за особен придонес и развој на македонската алтернативна сцена – Тошо Филиповски. Повод за тоа е капиталното дело на музичкиот новинар „Македонската рок енциклопедија“ која беше промовирана на почетокот на месец мај годинава.
Доделувањето на МАН наградите на протагонистите на македонската алтернативна сцена, всушност е почеток на создавање на традиција и само останува да ги зголемуваме бројките на изданијата во годините што следат. Како и на претходните три изданија, забавата ќе започне напладне, во 12.00 часот, а ќе трае до 1 часот по полноќ. Повеќе детали за настанот на Фејсбук.      ]]>