15 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Mar 2024 08:55:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 15 години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Водителката имаше двоен повод за славење: Милена Антовска врескаше од среќа!  (ФОТО)  https://arhiva.vistina.com.mk/voditelkata-imashe-dvoen-povod-za-slavene-milena-antovska-vreskashe-od-sreka-foto/ Wed, 06 Mar 2024 08:55:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341251

ТВ водителката Милена Антовска - Станковска има двоен повод за славење, па затоа е повеќе од среќна. И за двата повода заслугата е нејзина, и може слободно да се гордее и да се пофали пред нејзините фанови кои ја следат во секој чекор. Најпрвин повод за славење за неа беше моментот што одлучила да го освежи изгледот со миди фризура, а од промената е презадоволна. „Едвај си ја чекам новата фризура“  - напиша таа пред да ја скрати долгата права коса. Потоа покажа и неколку кадри од големата промена која ја направи, кога црната боја на коса за неколку нијанси се одлучи да ја осветли.   Потоа и самата се изненади од новиот изглед, па  од среќа викаше на цел глас.   Промената на имиџот секако беше со цел бидејќи како што потсети, таа слави и цели 15 години како е дел од Канал 5 телевизија.
„Нека се множат само со успеси“ - прва и напиша ТВ водителката и инфлуенсерка, Елена Најдоски, екс -„Живот со стил“, па  понатаму се редеа  убавите честитки од нејзините колешки, пријатели и следбеници од кои доби многу допаѓања како потврда дека се' е како што треба. Фото: printskrin/instgaram/milena_antovska]]>

Не би ја препознале: Бресквица воодушевува со својот глас и изглед, но не изгледаше секогаш како што ја знаете сега (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ne-bi-ja-prepoznale-breskvitsa-voodushevuva-so-svojot-glas-i-izgled-no-ne-izgledashe-sekogash-kako-shto-ja-znaete-sega-foto/ Fri, 07 Apr 2023 09:43:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297143

Анѓела Игњатовиќ Бресквица ја воодушеви публиката со својот глас и изглед, но не изгледаше секогаш онака како што ја гледате сега. На многу млада возраст Брешквица решила да направи неколку козметички корекции. Игњатовиќ ги зголеми усните и малку ги подигнала очните капаци, но уште изгледа доста природно. Бресковица не криеше дека направи корекција на усните, а доказ за тоа е тоа што процесот на вбризгување на хијалуронска киселина во усните го сподели со следбениците на Инстаграм. На социјалната мрежа „Тикток“ се појавија нејзини фотографии кога имала 15 години, а фановите заклучиле дека Анѓела и тогаш била убава и дека не морала ништо да менува на себе. Тогаш имала кратка кафена коса, а потоа експериментираше, па имаше руса и црвена коса, додека сега има светло црвена боја на коса. Анџела често истакнува дека сака тетоважи, па има неколку големи тетоважи на одредени делови од телото. Но досега не ја открила нивната симболика. Фото: Принтскрин/Е - сток/Инстаграм]]>

15 години „Бекстејџ“: Најгледаниот естраден ТВ магазин гламурозно прослави деценија и пол успешно постоење (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/15-godini-bekstejdz-najgledaniot-estraden-tv-magazin-glamurozno-proslavi-decenija-i-pol-uspeshno-postoenje-foto/ Tue, 01 Nov 2022 09:25:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273643

15 години како бројка можеби и не изгледаат така многу. Но, да се биде деценија и пол во етерот, при тоа да станеш и останеш најгледаниот, најпопуларниот и најдобриот ТВ магазин, а сето тоа да се случува во држава како Република Македонија, каде третманот на забавата и естрадата и во медиумите и во општеството се на маргините,  навистина е „лавовски потфат“. На екипата на „ТВ магазинот од зад сцената“  сепак ова и успеа, па „Бекстејџ“ вчеравечер, понеделник, 31 октомври 2022 година, гламурозно прослави деценија и пол успешно постоење. Роденден или јубилеј сеедно, на ретко кому кој се занимава со оваа бранша му пошло од рака да го доживее. Низ тимот за оваа деценија и пол минале низа од познати личности, од кои некои почнале како тотални анонимуси за токму преку „печењето на ТВ занаетот“  денес да станат профилирани ТВ лица и познати јавни фаци. Манекени и манекенки, топ модели, музичари, водителки, новинарки и новинари, сниматели, монтажери, продуценти... Со текот на годините поставите се менуваа , но „Бекстејџ“ остана... Марјана, Влатче, Јулија, Маца, Миро, Миа, Снеже, Драгана, Сани, Емилија... беа пионерите или меѓу првите кои го „газеа патот“, ја „табаа ѕвездената патека“ полна со трње и предизвици, сопки, пречки, дилеми, компромиси... Но и убавини и сатисфакција при создавањето нови ѕвезди, градење кариера на постоечките, збогатување на гламурозниот блесок на оние, најголемите - мегаѕвездите од Македонија, регионот па и оние од Европа и светот... Кога истите доаѓаа кај нас или „Бекстејџ“ одеше кај нив, застанувајќи на црвениот тепих рамо до рамо со најголемите светски продукции и екипите од најпознатите  ТВ куќи на „Канскиот филмски фестивал„, „Филмскиот фестивал во Венеција“, „Берлин“, во САД, на фестивалските сцени на еден „Егзит“ во Нови Сад, „Зигет фестивал“ во Будимпешта, па се' до домашните како „Манаки“ во Битола, „Д фестивал“ во Дојран, „Охрид колинг“, „Скопје гори“, „Макфест“, „МАРС“... Како и на големите европски и светски спортски натпреварувања во кошарка, ракомет, фудбал низ Европа и во Македонија! Секаде каде што има интересен културен, театарски,  филмски, литературен, музички, естраден, спортски... настан, фестивал, манифестација... кој вреди да се одбележи, „Бекстејџ“ секогаш бил тука да го проследи! Генерации водители и новинари минуваа и го градеа имиџот на „ТВ магазинот од зад сцената“  пред камерата и на ТВ екраните, секој оставајќи свој личен печат, свое парче душа, но и знаење, умеење, залагање, за потоа повеќето и самите низ него да станат бренд за себе во светот на шоу-бизнисот. Од Симона и Мартина, преку Андреј, Габи, Ели, Николина, Јасмина, Тања... па се' до Барбара, Ангела, малата Ева, Ноно, уредничката Ева... И уште еден куп други помалку или повеќе инволвирани лица од водителската и новинарската професија и техниката. И секако, темелот на проектот што 15 години суверено доминира во естрадно- магазинскиот ТВ етер, главните продуценти  - Александар Б. и Петар Н.
Затоа славеничкото собирање во „Ивент центарот“ не беше само обична роденденска прослава, обичен јубилеј... Туку место каде што  и се одбележа испишувањето на една историја во која нема јавна личност, помалку или повеќе популарна, позната, домашна, странска, светска... која не застанала пред камерата на „Бекстејџ“. Така беше и за прославата на која беа собрани еден куп ѕведи од сите споменати бранши, а симболичното делење награди, настапите на некои од естрадните уметници, говорите на добитниците... само му додадоа уште малку „ѕведена прашина“ на преубавото дружење одблизу на естрадата, на кое заради сите познати случувања, последниве години речиси и заборавивме. Токму тоа можеби беше уште позначајниот момент кој тимот на „Бекстејџ“ одново ни го овозможи барем на неколку часа. Останатото е помалку важно, зашто денес се наградени едни, како што вчера биле други, а веќе утре ќе бидат некои трети... Зашто така и треба да биде! Ова останатото е оноа, непроценливото! Зашто така се гради естрадната сцена на е една земја, така се стимулирааат помладите и оние кои доаѓаат, така се негуваат и одржуваат оние кои веќе блеснале, така се вреднуваат и им се дава пиетет на ветераните кои оставиле трајни вредности, така ги испраќаме и со носталгија се сеќаваме оние кои за жал, повеќе ги нема меѓу нас, а беа дел од нас. „Бекстејџ“... нека се множат годините, успесите, резултатите, достигнувањата... Зашто во нив е вткаена и целата естрада, културата, спортот... Преку Вас истите стануваат поблиски до сите нас. Така се гради личноста, збогатува духот, создава систем на вистински вредности, се одржува и негува нацијата, идентитетот... Зашто сето споменато е „огледало“  на еден народ... Во случајов, Македонскиот! А.Д.      ]]>

Хана е цела на мама: Ќерката на Наташа Беквалац порасна во вистинска убавица (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/cela-na-mama-kjerkata-na-natasha-bekvalac-porasna-vo-vistinska-ubavica-foto/ Tue, 24 May 2022 09:03:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251751

Хана Икодиновиќ, најстарата  ќерка на Наташа Беквалац од првиот брак со ватерполистот Данило Икодиновиќ, ги изненади сите со ново видео во кое „флертува“ со камерата додека се шета. Ова видео набрзина собра многу лајкови и комплименти, со оглед на тоа што претходно не можевме да ја видиме Хана во вака опуштено издание. Многумина коментираа колку Хана е убава исто како мајка си и како е очигледно дека ќе биде заводничка исто како популарната пејачка. Наташа и Хана неодамна споделија заедничка фотографија кога „малечката“ го славеш својот 15-ти роденден, на која се гледа дека пејачката и ги пренела своите гени на нејзината ќерка, кога е убавината во прашање. Хана се роди на 17-ти март 2007 година, кога цветаше љубовта меќу Наташа и Данило. Помладата ќерка Катја пак, пејачката ја роди 11 години подоцна, во 2018 година, додека беше во брак со Лука Лазукиќ. Фото: Инстаграм принтскрин/#hanaikodinovic]]>

Иџе ја покажа романтичната страна: “Те сакам што секогаш те сакам… како и пред 15 години“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/idze-ja-pokaza-romantichnata-strana-te-sakam-shto-sekogash-te-sakam-kako-i-pred-15-godini-foto/ Thu, 05 May 2022 13:00:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248919

Нашиот најуспешен автомобилист на сите времиња, Игор Стефановски-Иџе денес ја покажа својата романтична страна. Имено, тој и неговата сопруга денес прославуваат годишнина од брак, па тој објави фотографии и прекрасна порака: „На денешен ден пред 15 години…те сакам како што секогаш те сакам…СРЕЌНА ГОДИШНИНА“ – напиша тој, означувајќи ја својата сопруга Емилија. ]]>

Едниот го родила на 15 години, а другиот е опасен фраер: Ова се синовите на Зорица Марковиќ https://arhiva.vistina.com.mk/edniot-go-rodila-na-15-godini-a-drugiot-e-opasen-fraer-ova-se-sinovite-na-zorica-markovikj/ Fri, 13 Nov 2020 11:26:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176022

Фолкерката и ријалити учесничка  Зорица Марковиќ има два сина Дејан и Илија, кои ретко се појавуваат во јавноста. Зорица неодамна објави заедничка фотографија со нејзините синови и покажа колку се блиски. Дејан го добила верувале или не, кога имала само 15 години со еден хармоникаш од нејзиното село, со кој набргу по породувањето се развеле. Пејачката потоа го напушти родниот град за да продолжи со пејачката кариера. Ретко го гледала Дејан, иако денес тие имаат одлични релации и семејни врски. Пејачката синот Илија го добила во вториот брак, а девојките велат дека тој е опасно згодно момче и голем шмекер. ]]>

„Ти си нашиот живот“: Соња Тарчуловска со емотивна порака за 15-иот роденден на ќерката https://arhiva.vistina.com.mk/ti-si-nashiot-zivot-sonja-tarchulovska-so-emotivna-poraka-za-15-iot-rodenden-na-kjerkata/ Fri, 21 Feb 2020 08:30:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=135287

Родендените се едни од убавите поводи за славење, особено на оние најблиските кога се собира потесниот круг на семејството за да прослават. Да, некои сакаaт да слават и од своите родендени да прават гламурозни забави, а некои не сакат премногу „фешти“ и внимание на овој ден. Македонската пејачка Соња Тарчуловска и нејзиниот сопруг Јохан вчера (20.02.2020) имаа убав повод за славење. Имено, нивната најстара ќерка Мелани наполни 15 години. Пејачката на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од различни периоди на  ќерката и со емотивна порака и го честиташе роденденот. „Мелани како да беше вчера, кога се појави на овој свет. Го паметам моментот кога те погледнав за прв пат.Ти си нашиот живот.Среќен 15 ти роденден“ напиша Тарчуловска на социјални мрежи. Под фотографија се нижиеа честитки и убави желби за Мелани, а пејачката им се заблагодари на пријателите за честитките. Инаку, Соња и Јохан од бракот имаат уште две деца Младен и Јована. фото: фејсбук]]>

Починала на нејзини раце: Вака изгледа мајката на Рада Манојловиќ која ја изгуби пред 15 години https://arhiva.vistina.com.mk/pochinala-na-nejzini-race-vaka-izgleda-majkata-na-rada-manojlovikj-koja-ja-izgubi-pred-15-godini/ Tue, 29 Oct 2019 10:03:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115024

Мајката на Радмила Манојловиќ, Мирјана починала пред 15 години од тешката болест. Таа не успеала да излезе како победник од болеста, а како што вели Рада таа се повеќе и повеќе и недостига. Пејачката често знае да се потсети на нејзината мајка, па на својот „Инстаграм“  знае некогаш да објави семејна фотографија. „Таа заслужува да знаете како изгледа и колку е убава. Мојата убавица, мојот херој и мојот ангел“ напиша Рада во опис на една фотографијата. Инаку, Рада неколку пати досега истакна во какви проблеми се соочувала кога нејзината мајка била тешко болна. „Во моментот кога дознав дека мајка ми боледува од тешката болест, беше најтежок период во мојот живот. Го молев Господ да оздрави, да и даде сила и верував дека ќе го победи ракот. Почина во 2004 година, а во последните моменти јас бев со неа. Тешко ми е да зборувам за тоа бидејќи беа тешки моменти. Денот кога мама ме напушти беше најтежок ден во мојот живот“ изјави Рада во една прилика и додава: „Се сеќавам колку сакаше да успеам во пеењето. Имаше визија. Нависитна веруваше во мене. Последните денови ме советуваше што и како да правам во животот. И сега ми доаѓа да се исплачам кога ќе се сетам колку беше голем борец и колку сакаше да успеам. Се ова што го постигнав и го должам на неа. Сите песни, хитови, концерти и ги посветувам на мојата мајка. Сега и татко ми е задолжен за мојот успех, на двајцата сум благодарна“ вели Манојловиќ.]]>

Откриено кој маж ја силвувал Деми Мур на 15 години: „Какво е чувството кога мајка ти ќе те продаде за 500 долари?“ https://arhiva.vistina.com.mk/otkrieno-koj-maz-ja-silvuval-demi-mur-na-15-godini-kakvo-e-chuvstvoto-koga-majka-ti-kje-te-prodade-za-500-dolari/ Tue, 08 Oct 2019 10:17:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=111440

Деми Мур во книгата „Inside out“ објасни како нејзината мајка ја водела по барови за да запознава мажи. Актерката раскажува дека кога имала 15 години, пристигнала во хотелот во кој живеела со нејзината мајка, а во апартманот ги пречекал постар маж кој ги имал клучевите од нивната соба. Тој ја силвувал, а потоа признал дека на мајката на актерката платил 500 долари за да спие со неа. „Тоа беше силување и измама кога човекот ме праша: „Какво е чувството кога родената мајка ќе те продаде за 500 долари?“, напиша Деми во својата автобиографска книга. Американските медиуми го открија идентитетот на мажот кој ја силувал актерката. Станува збор за Базил Думас познат како Вал Думас, познат бизнисмен со грчко потекло кој бил сопственик на популарниот ресторан и клуб „Кавез лудило“. Во текот на 70тите овој клуб бил многу популарен кај познатите како што се Селвистер Сталоне, Елтон Џон и други. Думас имал 48 години кога ја силвувал Деми, бил оженет и имал деца. Една година откако Думас ја силвувал актерката, таа ја напуштила својата мајка, заминала во Холивуд и станала ѕвезда. Таткото на Деми ги оставил актерката и нејзината мајка Вирџинија.  Вирџинија потоа се премажила за Ден Гајнс за кој актерката мислела дека и е биолошки татко се до 13 година кога пронашла извод од матичната книга на родени. Ден и Вирџинија биле алкохоличари, а Вирџинија неколку пати се обиде да се самоубие.]]>

Лидија Вукиќевиќ отвори душа, па ги изнесе сите детали: „Да, во врска сум со 15 години помладо момче, и тој го плати луксузното патување“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lidija-vukikjevikj-otvori-dusha-pa-gi-iznese-site-detali-da-vo-vrska-sum-so-15-godini-pomlado-momche-i-toj-go-plati-luksuznoto-patuvanje-foto/ Thu, 19 Sep 2019 09:37:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=107815

Актерката Лидија Вукичевиќ (57) има момче кое е помладо од неа цели  15 години. Познатата Виолета од култната серија „подобар живот“ вели дека е заљубена како тинејџерка во маж  кој го крие од јавноста. „Минувам прекрасно време со него! Се гледа од авион дека сум заљубена. Никогаш не сум била намќор, секогаш сум имала весел дух, но кога сум заљубена, имам насмевка од едното до другото уво“ - изјавува Вукичевиќ и продолжува: „Некамисли кој што сака, но јас сакам помлади мажи на возраст помеѓу 41 и 45 години. Ако излезам со дете од 29-30, сите ќе речат: „Погледни ја, мајка може да му биде“. Ако излезам со некој кој има 60 или 65 години, тогаш пак ќе речат: „Излегла со дедо кој е полн со пари“. Не ме интересира што ќе каже некој, но имам синови, а нивното мислење и тоа како ми значи. Вака,  најдов златна средина“ - вели актерката. Таа и нејзиниот партнер имаа незаборавен одмор на Занзибар, кој тој и го подари. „Бевме сместени во прекрасна куќа со поглед на океанот. Тоа е едно од најубавите патувања за мене затоа што јас бев таму со мојата сакана личност, со мојата љубов“ - заклучува актерката.]]>