14-18 мај – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 21 Sep 2018 11:04:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 14-18 мај – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Евровизија 2019“ од 14 до 18 мај во Тел Авив https://arhiva.vistina.com.mk/evrovizija-2019-od-14-do-18-maj-vo-tel-aviv/ Fri, 21 Sep 2018 11:04:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=49267

По неколкумесечни преговори за точната локација каде што ќе се одржува 64. издание на „Евровизија“, како град-домаќин на популарната манифестација е избран Тел Авив, соопштија од ЕБУ. „Би сакале да им се заблагодариме на сите израелски градови што се понудија да бидат домаќини на натпреварот, и на националната телевизија КАН, која детално ги разгледа сите опции и ни помогна да донесеме одлука. Сите понуди беа одлични, но на крајот решивме дека Тел Авив ги нуди сите потребни можности за најголемиот музичи настан на светот. Возбудени сме што го носиме натпреварот во сосема нов град и едвај чекаме ’Евровизија 2019’ да ја направиме најспектакуларната досега“, изјави извршниот надгледувач на фестивалот, Јон Ола Санд.
Организаторите ги утврдија и датумите за трите фестивалски вечери, па така полуфиналните вечери ќе се одржат на 14 и 16 мај, а големото финале на 18 мај. Сето тоа ќе се одвива во Експо-центарот во Тел Авив, наречен „Битан 2“ (Павилјон 2), кој има капацитет за 10.000 посетители. „Евровизија 2019“ ќе се одржи во Израел по победата на Нета Барзилаи со песната „ Toy“ со што оваа земја го забележа четвртиот триумф на овој фестивал.]]>