13 октомври – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 09 Jun 2018 15:15:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 13 октомври – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Конечно: Концерт во чест на Тоше https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-vo-chest-na-toshe/ Sat, 09 Jun 2018 15:13:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=31650

На 13 октомври годинава во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи концерт во чест на Тоше Проески. Балкански и македонски ѕвезди ќе ги отпеат најголемите хитови од легендарниот македонски пејач, а од фондацијата „Тодор Проески“ изјавија дека сè уште е рано да откриваат детали за настанот кој фановите со нетрпение го очекуваат.
„Интензивно работиме на овој проект. Подготовките се во полн ек, веруваме дека сеќавањето за Тоше и овојпат ќе го одбележиме достоинствено“, велат од фондацијата. На концертот најверојатно ќе биде промовиран и четвртиот постхумен албум со работен наслов „Secret place“ (Скришно место)  кој содржи десет песни на Англиски јазик.
Се подготвуваат и три видеозаписи. Едниот е снимен во Македонската филхармонија, вториот во студио, а третиот во Крушево. Албумот се работеше во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт. Во англиската верзија на албумот, една од песните е на внукот на Тоше, Кристијан Ристески“, најавија од фондацијата во јануари годинава.
По смртта на Проески, во изминативе десет години беше објавен голем дел од неговиот претходно необјавен материјал, од кој последно ја слушнавме неговата верзија на српски јазик од хитот „Штом сакаш“ на Каролина, како и темата „Light the flame“ и двете објавени по повод 10 години без Тоше. https://www.youtube.com/watch?v=Qb3LoqEnG7o Извор: РадиоМК
]]>