12 место – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 27 Nov 2023 10:18:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 12 место – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Домаќинот Франција повторно победи на детскиот Евросонг: Тамара Грујеска и покрај моќната изведба и импресивниот настап заврши на 12-тото место (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/domakinot-frantsija-povtorno-pobedi-na-detskiot-evrosong-tamara-grujeska-i-pokraj-moknata-izvedba-i-impresivniot-nastap-zavrshi-na-12-toto-mesto-video/ Mon, 27 Nov 2023 10:18:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328671

Веројатно најпрестижното европско детско музичко натпреварувања Детскиот Евросонг, годинава се одржа викендов во Ница, Франција. Нашата претставничка Тамара Грујеска со песната „Кажи ми, кажи ми кој“ настапи шеста по ред и со својот моќен вокал ги воодушеви присутните и во салата и оние кои покрај ТВ екраните го следеа преносот. Со својот импресивен и сигурен настап, Тамара достојно ја претстави Македонија иако на крајот македонската претставничка  се пласираше само на 12-тото место. Првопласирана беше Франција, која втортпат по ред победи на ова детско музичкото натпреварување, а неа овојпат ја претставуваше Зое Клозир и песната „Coeur“(Срце). Зад неа, како второпласирана заврши Шпанија, додека трета е Ерменија. Резултатите се добиваат како комбинација од онлајн гласовите на интернационалната публика и професионалните жирија, во сооднос 50:50 од вкупните поени. Предводничката на македонската делегација Дијана Гогова Атанасова од МРТ, се огласи на својот Фејсбук профил со заедничка фотографија и благодарност до целата екипа и сите останати кои помогнаа во реализиацијата, настапот на Тамара и учеството на Македонија на годинешниов Детески Евросонг 2023. Како изгледаше и звучеше настапот на Тамара, потстете се уште еднаш од видеото во продолжение: ]]>

Марија Спасовска со песната „Дома“ и го донесе 12. место на Македонија на детскиот „Евросонг“ https://arhiva.vistina.com.mk/marija-spasovska-so-pesnata-doma-i-go-donese-12-mesto-na-makedonija-na-detskiot-evrosong/ Mon, 26 Nov 2018 11:31:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59748

Во арената „Минск“ во белоруската престолнина вчера, 25 ноември 2018  се одржа 16. издание на детската Евровизија, во чии рамки се натпреваруваа рекорден број од 20 земји. Нашата земја, која учествува во натпреварот од самиот почеток во 2003 година, овој пат ја претставуваше 13-годишната Марија Спасовска со песната „Дома“, потпишана од авторите Дарко Димитов и Елена Ристеска. Емотивната балада беше меѓу омилените на евровизиските обожаватели, но сепак не успеа да добие доволно поддршка за да победи на фестивалот, ниту да го собори досегашниот рекорд од највисокото освоено 5. место (2007 и 2008). Имено, нашата Дома“ од стручните жирија доби 64 поени, а од публиката 35, така што со вкупниот збир од 99 поени го освои 12. место,што за нашата земја е дури осми пат да заврши на оваа позиција.
Откако беа објавени гласовите од сите жирија, на ред дојдоа оние од публиката, која гласаше онлајн изминативе два дена. Милионите гласови од гледачите беа претворени во поени, започнувајќи од дваесетина до над сто, така што неизвесноста беше голема до самиот крај, кога победата ја понесе полската претставничка Роксана Венгиел, чија песна „Anyone I Want To Be“ освои вкупно 215 поени.
На второто место се пласираше Французинката Анжелина со темата „Jamais Sans Toi“ (Никогаш без тебе), што е одличен пласман ако се има предвид дека земјата годинава учествува само по вторпат откако се врати во натпреварот по пауза од 12 години, а на третото место заврши фаворитката на жиријата – Австралијанката Џаел со темата „Champion“.                                                                                      Финална табела со поени
Без оглед на крајниот резултат, нашата Марија имаше навистина спектакуларен настап во Минск, а многумина прокоментираа дека оваа моќна балада беше соодветна дури и за големата Евровизија. За сето тоа да биде одлично поставено на сцена се погрижи режисерката Љупка Јакимовска, која се               погрижи „Дома“ да изгледа како бајка.
Честитки за целиот тим што работеше на ова можеби најдобро претставување на нашата земја досега, а како изгледаше и звучеше Марија на евровизиската сцена во Минск дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=0LI1VXv9BIk Извор: РадиоМК]]>

Втора победа за Русија, 12-то место за Македонија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vtora-pobeda-za-rusija-12-to-mesto-za-makedonija-video/ Tue, 28 Nov 2017 12:42:54 +0000 http://vistina.mk/?p=5048

Во Олимписката палата во главниот град на Грузија, Тбилиси, денеска се одржа јубилејното, 15. по ред издание на детската Евровизија, во чии рамки се натпреваруваа претставници на 16 земји. Македонија, која се влучи во натпреварот од самиот почеток во 2003 година, овој пат учествуваше по 13. пат, а наша претставничка годинава беше талентираната Мина Блажев, која се натпреваруваше со темата „Dancing Through Life“, потпишана од Александар Масевски.

https://www.youtube.com/watch?v=rDUASNf0l4c Младата пејачка имаше одличен настап на евровизиската сцена во Тбилиси, а според гласовите и од стручното жири и од публиката, нејзината песна се пласираше на 12. место, што воедно е седми пат за Македонија да го има овој пласман. 1Гласови од стручните жирија Ова јубилејно издание на популарниот фестивал понуди навистина одлични песни, а како што можеше да се забележи и од гласањето, најголеми фаворити беа домаќинот Грузија и Русија. Токму меѓу овие две земји се водеше најтесната битка, но сепак, сосема заслужено, победата ја понесе руската претставничка Полина Богусевич со нејзините „Крилја што освоија вкупно 188 поени. Ова воедно е втора победа за Русија, која претходно триумфираше во 2006 година со близначките Толмачеви, познати и за возрасната евровизиска публика по учеството на стандардната верзија на фестивалот во 2014 година, кога се пласираа на 7. место. https://www.youtube.com/watch?v=bMj52qjlLIU Со само 3 поени помалку (185), на второто место заврши грузијскиот претставник Григор Кипшиџе, а со 172 поени третопласирана беше Австралијанката Изабела Кларк. 2Вкупен резултат од гласовите од жиријата и од публиката За разлика од стандардната „Евровизија“, јуниорската верзија не се одржува во земјата што победила, па така следната година младите евровизиски обожаватели ќе се дружат во главниот град на Белорусија, Минск. Како што спомнавме, ова беше 13. учество за Македонија, чиј најдобар пласман досега сè уште е 5. место, кое го освоија Росица и Димитар во 2007 и Боби Андонов во 2008 година, додека најлош пласман, односно на последно место сме се пласирале во 2006, 2013 и 2015 година.
Настапот на Мина, како и победничката песна на Русија можете да ги погледнете погоре, а доколку го пропуштивте директниот пренос на МРТ1 или онлајн, целата манифестација можете да ја прегледате овде.
 
]]>