10 заповеди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Sep 2023 06:57:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 10 заповеди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Снеже Велков сака да ве потсети на „нејзините“ 10 заповеди… не се Божји, туку се животни и подеднакво важни и вредни (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/snezhe-velkov-saka-da-ve-potseti-na-nejzinite-10-zapovedi-ne-se-bozhji-tuku-se-zhivotni-i-podednakvo-vazhni-i-vredni-foto/ Wed, 27 Sep 2023 06:48:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319827

Библијата, таа света книга која е и најчитана и најпродавана во светот на сите времиња. Во неа многу поучни нешта, меѓу кои и познатите „10 Божји заповеди“... Знаете веќе: не убивај, не лажи, не кради, не врши прељуба... Или во една реченица, не го прави сето она што не сакаш да ти го прават на тебе! И нема човек кој не ги знае, не ги прочитал или барем слушнал иако многумина баш и не се држат до нив и не ги применуваат. Напротив! Во овој свет на изопачености, во ова денешно време и таканареченото „ново нормално“ се повеќе за такво се смета сето она што е ненормално. Она другото пак од Бога дадено, на што не учи Библијата како да е потиснато, потценето и заборавено. Но, не е баш така кај сите и секого. Се' уште мнозинството знае што се тоа вредности и вредносен систем, што е култура, однесување, почитување, емпатија, карактер, достоинство... Иако за нив можеби нема пишани правила или пак има, ама не се собрани на купче, на едно место, има луѓе кои ќе ве потсетат дека  животните кодекси на однесување се подеднакво вредни. Македонската ТВ водителка Снеже Велков  и овој пат има да ви каже „нешто конкретно“... Не во својата емисија, туку онака, сосема лично и тоа јавно. Чисто за да ве потсети како да бидете „најдобрата верзија од себе си“. Нејзините „10 заповеди“ не се Божји, туку се животни, но подеднакво важни и вредни... За да (о)станеш човек, во вистинска смисла на зборот! Еве ја нејзината „златна десетка“ животни мудрости:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

1. Кренете ја главата горе, ама не и носот. 2. Љубете, ама немојте да молите за љубов. 3. Имајте самодоверба, ама немојте да бидете самобендисани. 4. Зборувајте, ама научете и да слушате. 5. Дозволете да ве имаат до себе, но не и да ве поседуваат. 6. Јадете, ама немој да се прејадувате. 7. Имајте свои ставови, ама не држете се слепо за нив ако не иде. 8. Имајте своја цена, но немојте да сте на распродажба. 9. Дозволете да ве платат, но не им дозволувајте да ве купат. 10. Бидете мудри, не тврдоглави. Веројатно има уште многу тоа... Или можеби секој од вас има и своја дузина поуки да додаде на овие „десет нејзини“... Сеедно, едно е сигурно: Придржувајте се кон она што е најдобро за вас, ама не на штета на другите околу вас. Оти линијата е тенка, ама штетата е голема! Фото: Инстаграм/velkovsneze
]]>