10 номинации – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 16 Mar 2021 13:49:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 10 номинации – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Оскари 2021: „Менк“ со десет номинации https://arhiva.vistina.com.mk/oskari-2021-menk-so-deset-nominacii/ Tue, 16 Mar 2021 13:49:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194483

„Менк“ на Дејвид Финчер доби најмногу номинации за 93. Оскари. Овој филм е номиниран во 10 категории. Музичарот Ник Џонас и сопругата, актерката и мис на светот за 2000 година, Пријанка Чопра-Џонас ги објавија номинациите во сите 23 категории на годинешната церемонија. За прв пат во историјата две жени, Клои Жао и Емералд Фенел, се номинирани за најдобра режија. До сега во оваа категорија биле номинирани само 5 жени. Жао е прва режисерка со азиско потекло која ја добива номинацијата, но и жена со најмногу номинации во една година – таа исто така е номинирана за адаптирано сценарио, за монтажа и за продукција за филмот „Земја на номади.“ За најдобар филм ќе се борат 8 наслови – „Земја на номади“, „Менк“, „Исус и црниот месија“, „Минари“, „Надежна млада жена“, „Звук на металот“, „Татко“ и „Судењето на чикашките седуммина“. За најдобра режија се номинирани Клои Жао за „Земја на номади“, Емералд Фенел за „Надежна млада жена“, Дејвид Финчер за „Менк“, Ли Ајзак Чанг за „Минари“ и Томас Винтерберг за „Уште една тура“. Чедвик Боузман посмртно е номиниран за Оскар за најдобар актер за својата последна филмска улога во „Ма Рејни: Мајка на блузот“, а во оваа категорија се и Ентони Хопкинс за „Татко“, Риз Ахмед за „Звук на металот“, Гери Олдман за „Менк“ и Стивен Јеун „Минари“. Петте номинирани актерки се Андра Деј за „САД против Били Холидеј“, Вајола Дејвис за „Ма Рејни: Мајка на блузот“, Френсис Мекдорманд за „Земја на номади“, Ванеса Кирби за „Делови од жена“ и Кери Малиган за „Надежна млада жена“. Оскарите 2021 година ќе се емитуваат во недела на 25 април во 20 часот. Свеченоста на доделувањето на Оскарите на 25 април ќе се одвива на повеќе места, а не само од „Долби театарот“ во Лос Анџелес, како досега, соопшти Американската академија за филмски науки и уметности. Годинешниот пренос е замислен како своевидна комбинација од класичен ТВ-пренос, видеоврски со ѕвездите и интернет-пренос. Оскарите се најгледаниот забавен настан во САД, покрај Еми, Греми наградите и Златните глобуси.]]>