10 милиони долари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 05 Feb 2021 12:18:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 10 милиони долари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 3 ситуации кога на мажот му е дозволено да ја излаже жената – дури е и пожелно! https://arhiva.vistina.com.mk/3-situacii-koga-na-mazot-mu-e-dozvoleno-da-ja-izlaze-zenata-duri-e-i-pozelno/ Fri, 05 Feb 2021 14:00:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188489

Колкумина од вас денеска ја излажаа саканата личност? Не лажете се себеси, согледајте ја реално ситуацијата и признајте... Познато е дека сите ние секојдневно лажеме. Не мора тоа да бидат големи лаги, но оние малите, со најдобра намера на сите често нѝ се случуваат. Генерално, сите треба да се воздржиме од лаги од било кој вид. На крајот на краиштата, колку повеќе лажеме, толку потешко нѝ е да запаметиме што и кого сме излажале. Навиката за лажење, под било кои околности, е многу лоша навика, која не би требало да стане пракса. Меѓутоа, на мажите им е дозволено да ја излажат својата сопруга во овие три ситуации! 1. Кога сопругата изгледа ужасно, мажот секогаш треба да ѝ каже дека е убава . Можеби во последно време поради стресот добила некоја брчка, пет килограми вишок... Можеби поради неспиење има подочници, бушава коса и лошо расположение... Можеби поради бременоста отекла и е нервозна... Но, тоа воопшто не е важно. Важно е едно: без оглед како изгледа, обврска на секој маж е на својата сопруга да ѝ каже дека е убава. Секако не сте слепи и совршено добро знаете дека имала и подобри денови, но ваша одговорност како личност која ја сакате е да ѝ кажете дека е убава. И бидејќи не е 'будала' и совршено знае како изгледа, таа после ова ќе го знае и следново: дека вие навистина ја сакате, бидејќи сте подготвени за нејзината среќа да излажете. 2. Кога и сама знае дека нема да стигне да ја заврши работата, но сопругот мора да ѝ каже дека сигурно ќе успее! Ако мажот ја сака својата жена, неговата најголема желба ќе биде таа да го постигне сето она што си го зацртала - дури и ако тоа не се реални соништа. Ова можеби е најинтересната и најемотивната карактеристика на љубовта 3. Кога ќе ѝ кажете дека ја сакате повеќе од вашиот живот. Сакајте ја вашата сопруга, не само затоа што е таква каква што е, туку и затоа што може да стане многу повеќе од тоа. Бидете нејзина поддршка и таа ќе стане подобра, попаметна и посилна. Поддршката е најубавиот подарок кој може да го добие од вас. извор:супермен/точка.ком.мк]]>

„Ју-ту“ донираа 10 милиони долари за борба против коронавирусот https://arhiva.vistina.com.mk/ju-tu-doniraa-10-milioni-dolari-za-borba-protiv-koronavirusot/ Thu, 09 Apr 2020 08:19:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144229

Ирскиот поп-рок бенд „Ју-ту“ донираше 10 милиони долари за борба против коронавирусот во својата земја. Парите ќе бидат искористени за поддршка на здравствените работници и купување заштитна опрема. Дел од опремата финансирана од бендот веќе пристигна на аеродромот во Даблин, објави ирската телевизија РТЕ. Ирскиот премиер Лео Варадкар им се заблагодари на рокерите. – „Иако владата нарача количина опрема што во нормално време би била доволна за 13 години, секоја помош од приватниот сектор и јавноста е добредојдена“, напиша тој на Твитер. „Ју-ту“ со години се дел од многу национални, но и светски општествено-политички проекти и кампањи. Во Ирска досега околу 6.000 луѓе се заразени со коронавирус, а 235-мина починале]]>