10 илјади евра – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 18 Sep 2019 09:10:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 10 илјади евра – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По аферата „Рекет“ ја прозваа Тамара да ги врати донираните 10 илјади евра од Боки, но таа сега открива дека никогаш не ги ни добила! https://arhiva.vistina.com.mk/po-aferata-reket-ja-prozvaa-tamara-da-gi-vrati-doniranite-10-iljadi-evra-od-boki-no-taa-sega-otkriva-deka-nikogash-ne-gi-ni-dobila/ Wed, 18 Sep 2019 07:01:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=107433

Поминаа речиси четири месеци од евровизиската еуфорја во која фокусот беше на годинешната претставничка Тамара Тодевска. Веднаш откако пристигна во Скопје ја следеа низа скандали кои не поминаа како „секое чудо за три дена“, а за истите се уште се пишува и зборува. Тогаш, како заслуга за еврозизискиот пласман, долгогодишниот пријетел на Тамара Боки 13 и менаџментот на сега веќе згаснатата 1ТВ, одлучија да и дадат донација од 10 илјади евра како помош во градење на нејзината интернационална кариера. Потоа на Тамара и се случи скандалот со погрешното интонирање на химната, што дополнително ја разгори ситуација, а пак на Боки, аферата „Рекет“. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tamara-todevska-na-nastapot-vo-ambasadata-na-sad-gi-izbrisha-ilindencite-od-makedonskata-himna-goce-delchev-dame-gruev-pitu-guli-sandanski-preskoknati-vo-izvedbata-video/ Тамара во тој период беше повлечена од јавноста и откажуваше настапи. Боки пак, како што е добро познато, заврши зад решетки поради аферата „Рекет“. А тука остана и дилемата дали Тамара ги доби ветените 10 илјади евра и ако е така за што ги искористи? Не изостанаа ниту прозивките на социјалните мрежи за пејачката да ги врати парите. За Тамара сега бурата како да стивна, па вчеравечер реши да им се врати на настапите, односно пееше на Камениот мост во рамките на манифестацијата „Звуците на чаршијата“. Се активираше и медиумски, па во интервју за „Фокус“, откри дека ветените пари никогаш не ги ни добила. - Не би сакала да коментирам ништо околу случувањата со Бојан Јовановски. Сепак, се познавам со него подолго време и кон мене бил секогаш коректен. Донацијата никогаш не беше реализирана, вели пејачката за „Фoкус“. Како што велат старите, кога ќе кажеш некому, ќе ти олесни на душата, веројатно така е и за Тамара откако и ја соопшти на јавноста својата страна на приказната, а како дополнителен мелем си ја има песната и секако семејството. Инаку, Тодевска сподели и дека нејзините музички аспирации сега се наочени кон европската турнеја која стартува наредниот месец во Шпанија, Данска и Германија.]]>