1-во полуфинале – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 19 May 2021 11:52:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 1-во полуфинале – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вечерва е првото полуфинале на „Евросонг 2021“ https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-e-prvoto-polufinale-na-evrosong-2021/ Tue, 18 May 2021 05:01:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203025

Домаќините ветуваат само добра забава, одлични сценски ефекти и фантастични изведувачи. Водители  на годинашната програма ќе бидат ТВ лицето Шантал Јансен, ТВ водителот и пејач Јан Смит, двократниот холандски евровизиски претставник (1998 и 2007 година) Едсилија Ромбли и  Јутјуб ѕвездата, Ники де Јагер. Првото полуфинале ќе го отвори последниот сениорски победник на Евровизија, Данкан Лоренс, со изведбата на неговиот сингл Feel something, што го сними во соработка со диџејот Армин ван Бурен. По завршувањето на натпреварот, за време на паузата за гласање ќе настапат пејачката Давина Мишел и актерката Текла Ретен, кои ќе го изведат перформансот „Моќта на водата“ придружена со истоимената песна и снимки од холандски делти, вклучително и насипи кои ја штитат земјата од Северното Море. Исто така, ќе се карактеризира со употреба на проширена реалност, што ќе придонесе сцената на Арената „Ахој“ да стане водена.   Годинашниот натпревар за песна на Евровизија ќе се одржи во „Ахој“ Арената, а покрај Македонија која ја преставува Васил Гарванлиев кој ќе настапи како шести поред со „Here I stand“, вечерва следниве земји учеснички ќе ги претстават своите песни:
  1. Литванија:  „The Roop“ | Discoteque ; 2. Словенија: Ана Соклич | Amen; 3. Русија: Манижа | Русинка;  4. Шведска: Tuse | Voices; 5. Австралија: Moнтејн | Technicolour;                                                        6. Македонија: Васил | Here I stand;  7. Ирска: Лесли Рој | Maps; 8. Кипар: Елена Кагрину | El diablo; 9. Норвешка: Tiks | Fallen angel; 10. Хрватска: Албина | Тик-ток;                                                         11. Белгија: „Hooverphonic“ | The wrong place; 12. Израел: Eden Alen | Set me free; 13. Романија: Roksen | Amnesia; 14. Азербејџан: Efendi | Mata Hari;  15. Украина:  „Go_A“ | Buka                                      и 16. Малта: Destini | Je me casse.
]]>

Македонија во првата полуфинална вечер на „Евровизија 2018“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-vo-prvata-polufinalna-vecher-na-evrovizija-2018/ Tue, 30 Jan 2018 14:45:09 +0000 http://vistina.mk/?p=11276

Подготовките за 63. издание на „Евровизија“ се веќе во полн ек, а со денешното влечење жрепка веќе е познато и која земја во која полуфинална вечер ќе настапува. Како и секогаш, извлекувањето се емитуваше во живо на евровизискиот канал на Јутјуб, а на самиот почеток беше определено кога ќе гласаат шесте финалисти, односно земјите од „големата петка“ и домаќинот, па така Португалија, Шпанија и Обединетото кралство ќе гласаат во првата полуфинална вечер, а Германија, Франција и Италија во втората.
Заради непарниот број на учесници, полуфиналистите се поделени на 19 во првата и 18 во втората полуфинална вечер. Како и во самиот процес на пријавување за натпреварот, така и овде Македонија беше извлечена буквално последна, а нашиот претставник или претставничка ќе настапи во втората половина од Првата полуфинална вечер на 8 мај. Заедно со нас ќе се натпреваруваат и нашите соседи Бугарија, Албанија, Грција и Хрватска, како и Белорусија, Литванија, Чешка, Белгија, Исланд, Азербејџан, Израел, Естонија, Швајцарија, Финска, Австрија, Ирска, Ерменија и Кипар. Во втората полуфинална вечер, на 10 мај, ќе се натпреваруваат: Русија, Србија, Данска, Романија, Австралија, Н0рвешка, Молдавија, Сан Марино, Холандија, Црна Гора, Шведска, Унгарија, Малта, Летонија, Грузија, Полска, Словенија и Украина.
Секако дека редоследот на настапи за самиот настан ќе биде дополнително утврден, односно откако ќе бидат познати сите песни и подредени според самиот стил на музиката. Како што е познато, МРТ неодамна распиша конкурс за нашата евровизиска песна, а домашните и странските автори можат да ги праќаат своите композиции најдоцна на 8 февруари. Потоа, врз основа на избраната композиција ќе биде предложен и изведувач или група изведувачи што би нè претставувал/е во Лисабон. Како и да е, надежта последна умира, па се надеваме дека токму годинава ќе биде соборен пласманот на Елена Ристеска, која е единствената наша претставничка што се искачила до 12. место во едно евровизиско финале. https://www.youtube.com/watch?v=22UO_twddIo]]>