1-вио септември – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 30 Aug 2021 12:47:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 1-вио септември – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Најголемата фолк-забава за ова лето на 1-ви септември во Битола: Најпопуларните македонски фолк ѕвезди на едно место https://arhiva.vistina.com.mk/najgolemata-folk-zabava-za-ova-leto-na-1-vi-septemvri-vo-bitola-najpopularnite-makedonski-folk-dzvezdi-na-edno-mesto/ Mon, 30 Aug 2021 12:47:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217272

На 1-ви септември во еден од најубавите градови во нашата земја ќе се одржи можеби досега најголемиот фолк-спектакл со најпознатите македонски фолк-ѕвезди. Концертот е закажан на ракометното игралиште во Битола, а публиката ќе ужива во најголемите хитови во изведба на популарната Сузана Гавазова, Анета и групата Молика, Марјан Коцев, Стојне Николова, Благоја Грујовски, Ирена Спасовска, Дамјан Стојановски, Рамко Беслими, Ален Хасановиќ, Каан Мазахр и Зуица Лазова. Познатата пејачка Зуица Лазова вели дека ова ќе биде одличен концерт. – Пееме во еден од најубавите градови во Македонија, верувам дека битолчани ќе уживаат и ќе се забавуваат на први септември. Ги покануваме сите што се во можност да дојдат на ракометното игралиште- вели Зуица. Исто така и Марјан Ковец не го криеше задоволството што ќе настапува пред битолската публика. – Со нетрпение чекаме да дојде први септември. Собрани сме многу добра екипа и ветуваме дека ќе направиме одлична забава – накусо изјави славниот пејач. Инаку станува збор за голем концерт со мултиетнички карактер, каде покрај многуте македонски фолк-ѕвезди ќе можеме да видиме изведувачи од другите етнички заеднци, како што се Ромите, Турците и Бошњаците. Она што е важно да се напомене, а тоа е дека познатите изведувачи ќе имаат прилика да пеат на најсовремена опрема, голема бина и одлично осветлување, нешто што ретко се гледа кога станува збор за фолк-музиката. Концертот ќе биде организиран според сите мерки за заштита од корона-вирусот!]]>