1 мај – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 30 Apr 2023 20:12:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 1 мај – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Честит 1-ви Мај, меѓународниот ден на трудот https://arhiva.vistina.com.mk/1-vi-maj-megjunarodniot-den-na-trudot/ Mon, 01 May 2023 06:00:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201073

Меѓународниот празник на трудот се одбележува во знак на сеќавање на 1 мај 1886 година, кога во Чикаго, САД, повеќе десетици илјади работници излегле на улиците, барајќи подобри услови за работа и доследна примена на осумчасовното работно време. Тој ден во Чикаго околу 40.000 американски работници стапиле во генерален штрајк, под паролата „три осумки“ – по осум часа работа, одмор и слободно време. Протестот, на кој е одговорено со репресија, поради бруталната реакција на власта и работодавачите, а потоа и со низа жртви, стана еден вид симбол на борбата за права на обесправените. Протестите започнаа на 1 мај, а до сериозни судири со полицијата дошло на 4 и 5 мај, кои се прошириле и надвор од Чикаго. Полицијата се обидела да ги разбие собирите, што завршило со жестоки насилства и многу жртви, како меѓу демонстрантите така и меѓу полицијата. Во судирите во Чикаго загинале најмалку шест лица, околу 50 работници се повредени, а многумина се уапсени. Подоцна петмина работнички лидери се осудени на смрт, а тројца на затворска казна. Во знак на сеќавање на големата манифестација на обесправените и нивната одлучна борба, на Првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година е донесена одлука 1 Мај да се одбележува со масовни собири, протести и пригодни манифестации. На Вториот конгрес во 1891 година, 1 Мај и официјално е прогласен за Меѓународен празник на трудот. Постепено, во текот на последните години од 19 век и на почетокот на 20 век, 1 Мај е сè помасовно прифатен и одбележуван, многу често и со големи протести. Во повеќето земји од светот овој ден е прогласен за државен празник. Необичен е фактот дека само во САД, каде што всушност и сè започнало, празникот на трудот веќе не се одбележува на овој датум, туку под името Ден на трудот се празнува првиот понеделник во септември. Работничките синдикати се следбеници на оваа иницијатива. До денешен ден, како во целиот свет така и кај нас, Први мај се одбележува во спомен на чикашките работници, на оние кои своите животи ги дадоа за зачувување и унапредување на работничките права. Синдикалното движење во Република Северна Македонија има длабоки корени и традиција. Првите синдикални зачетоци датираат од 1908 година, кога е формиран првиот легален Синдикат на чевларските работници. Сè до 2006 година во нашата земја Денот на трудот се празнуваше два дена (1 и 2 мај), а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас овој ден не се одбележува политички, но е синоним за скара и природа. Традиционално на Први мај голем број граѓани ги посетуваат излетничките места.]]>

И претстојниов викенд е продоложен, понеделник е неработен ден https://arhiva.vistina.com.mk/i-pretstojniov-vikend-e-prodolozen-ponedelnik-e-neraboten-den/ Thu, 28 Apr 2022 13:06:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248086

По овој Велигденски викенд ќе имаме уште еден продолжен викенд и тоа веќе следната недела. Неработни денови се 1 мај (недела), Ден на трудот, односно 2 мај (понеделник), а истовремено, тогаш се паѓа празникот Рамазан Бајрам.]]>

Кај беа и што „кркаа“ познатите македонски фаци за 1-ви Мај: Од скара на балкон и прасе на ражен во двор, до јагоди, пршута и печеница на викендица… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kaj-bea-i-shto-krkaa-poznatite-makedonski-faci-za-1-vi-maj-od-skara-na-balkon-i-prase-na-razen-vo-dvor-do-jagodi-prshuta-i-pechenica-na-vikendica-foto/ Sat, 02 May 2020 08:18:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=147536

Први Мај... Ден на трудот, ден на работникот, симбол на борбата за неговите права за подобри работни услови, помала експлоатација, помало работни време, поголема плата... И секако, наследената оставштина од социјализмот, 1-ви Мај да биде ден за пикник, за излез во природа, скара, пијалок, дружба, песна, па и по малку рекреација и спортување... Зависно од тоа, „кој(а) по што спорт е?“ Познатите македонски личности или барем голем дел од нив, не останаа имуни на овие што наследени, што новостекнати навики. Скара, печење, мезе, салати, пијачки... „се вртеа“, мезеа, јадеа и пијеа на различни локации. Од балкони и тераси, преку постaвeни маси во домашниот двор или на викендичка, до некоја анонимна пољана или пак ним добро позната ледина. Ниту короната, карантинот и полицискиот час не ги спречи познатите фаци да покажат какви се' првомајски „јунаци“ има меѓу нив, кога се скарата и пикникот во прашање. Познатата македонска ТВ водителка и пејачка Бојана Скендеровски е тазе мајка по втор пат, па очигледно таа и нејзиниот сопруг Васко, не сакаа да ризикуваат и решија празникот на трудот заедно со дечињата да го минат дома. „Кој рече дека оваа година нема да имаме скара?“ - праша сопственикот на "Скендеровски продукција", па ја монтираше електричната скара на терасата од својот стан во подножјето на Водно. На планина речиси и да се лоцирани, погледот кон падините на Водно и крстот е тој, а и месото ставено „натенане“ да се пече. Во меѓувреме за амбиентот да биде баш празничен, се потруди домаќинката со песна, додека домаќинот ја вртеше скарата... „Блазе тебе ѕвездо моја, си го имаш него...“ или така некако веќе одеа стиховите на песната од Наум Петрески, која ечеше на распеаниот и разигран првомајски балкон под Водно, на семејството Скендеровски. Скара се вртеше и кај Жарко Димитриовски, ама во дворот. Водителот на ток шоуто „1 на 1“ првомајски реши да спои две во едно: убавото и корисното, „кркањето“ и снимањето, пикник и емисија, која истата ја снимаше додека ги вртеше плескавиците на електричната скара, во очекување на двајца познати гости... Кои - ќе видите во „1 на 1“! На домашната скара и тоа првомајска, карантинска, не можеа да и одолеат ниту мисиците и манекенките... Плус со кромитче, па и салатичка...  за мерак!  Убавата штипјанка Ивана Ина Димитрова, модната писта и подиумот ги замени со празничен ручек во дворот. Калориите не се проблем, брзо се топат, ако имаш соодветен начин за нивна елиминација, а Ивана оддамна покажа дека знае како тоа се прави. „Честит 1 Мај пролетери“ - напишал на својот Фејсбук профил пејачот Филип Јордановски, иако е далеку од пролетер, зашто покрај пеењето, главна професија му е банкарството, а тој е еден од директорите на скопската централа на бугарската „Капитал банка“. Арно ама, „пролетерската традиција“ од социјализмот, очигледно  и понатаму достојно си ја почитува, па Филип заедно со семејството и другарите за 1. Мај реши да излезе на ледина... Пикник и скара во природа, за оваа традиционална празнична пригода. Чашката ракиичка и насмевките се задолжителни... како и скарата со плескавици, наместо заштитни маски и ракавици. Тие никако не одат во пакет со првомајското хедонистичко задоволство. Имуна на првомајска скара на отворено не остана ниту Миа Костова. Нејзината локација, една куќа/викендичка со преубав двор во околината на Скопје и се разбира весело друштво и полна трпеза. До душа, повеќе вегетаријански или само така ни се чини... Очигледно, скарата допрва се подготвувала да се распали... Впрочем, денот е долг, а тек ноќта... Најдалеку од „месната естрадна елита“ се чини отиде водителката и позната ДЈ-ка, Вера „Генерал“ Јанковиќ. Кај Вера нема далавера, има да се јаде додека се може, па и згора на тоа... ДЈ Јанковиќ има српско презиме, а каква тоа српска крв тече во тебе, ако не си спремил прасе? И тоа не во фурна, туку на ражен, во двор! Да се врти како плоча, првите комшии да видат, а цело маало да го почувствува мирисот на крцкавата кожичка на тазе печеното прасенце! А, ДЈ Вера дотерана и спремна по сите прописи... Со заштитна маска на лице и електричен ражен, со првомајска парола: „Двор ни е, прасе ни е...!“  Алал да ви е! Е сега, не се сите по скарата и печењето... Има некои што за празникот на трудот му ја збришаа надвор од дома, на својата или на викендичка кај пријател(к)ите, а наместо скара или прасе, своите хедонистички апетити ги задоволија со многу поегзотично мени. Писателката и стенд ап комичарка Ивана Наскова, 1.Мај го дочека карантински дислоцирана. Во викендичка во Маврово, во женско друштво и малку подиетална празнична трпеза. Дека не им фали даска, покажа масата на која даската со сувомесно мезе, кашкавал, сирење и други месно-млечни производи беше сервирана заедно со по некоја чаша бело винце. А овошјето со ваквото мени оди под задолжително. Впрочем, линијата треба да се задржи и додека целата нација е во изолација, зарем не? Слично на неа, на иста локација - Маврово, само во различна викендичка , но со речиси иста гастрономска поставка, 1.Мај го помина и водителката на „Живот со стил“. И Елена Стефановска се почести со даска, бело вино и јагоди, сервирани надвор на масата во дворот со поглед на езеро, а внатре... Внатре, десерт - шумско овошје со јаткасти плодови или така наречена витаминска „секси - салата“. Здрава за телото, уште поздрава за либидото...   Впрочем, фотопозата сама зборува, за тоа како се согорува акумулираниот вишок калории, дома или на „туѓи“ територии! И за крај на оваа наша мини првомајска прошетка, една вистинска работничка закуска. Популарниот охридски радио и ТВ водител Жанко „Зш“ Голабоски, е познат љубител на природата, планината и планинарските авантури, па затоа и овој Први Мај не пропушти да се здаде во потрага по нова возбуда. Доследен на работничката идеја, со срп и чекан и развиорено црвено пролетерско знаме, Жанко денот на трудот како и лани, кога на Магаро го прослави со бурек, годинава на Требенишко езеро го одбележа со закуска од житарки! Да живее празникот на трудот!        ]]>

Синот прооде, Александра Пријовиќ излезе надвор со мајка и да го прошета… ама не малечкиот Александар, туку некого друг (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-proode-aleksandra-prijovikj-izleze-nadvor-so-majka-i-da-go-prosheta-ama-ne-malechkiot-aleksandar-tuku-nekogo-drug-foto/ Thu, 30 Apr 2020 09:00:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=147345

 Александра Пријовиќ не може да се види често надвор, па откако медиумите ја фатија на прошетка, за нејзините обожаватели тоа беше вистинско и ретко задоволство. Пејачката носеше долго здолниште и заштитна маска на лицето, како и  ракавици. Заштитена по сите прописи. Потоа на Прија и се придружи и нејзината мајка Борка. Двете седнаа заедно во паркот, па наскоро се вратија во куќата, а сето тоа го овековечи екипата на „Папарацо лов“. Досега, Александра Пријовиќ  најчесто меѓународниот ден на трудот 1. Мај   го прославувала работно. Оваа година, сепак, по сила на нештата ќе  „крене рачна“ и ќе го замени микрофонот со чаша добро вино, во дворот на домот на нејзиното семејство на Бежаниска коса во Белград. Како што самата открива, синот Александар токму вчера проодел и веднаш станал „господар на домашниот простор“. Откако малиот Александар се  родил, тој е секако шеф на нејзиниот и животот на сопругот Филип. „И да не го пуштаме, тој сигурно го прави она што го сака. Тој само што прооде, па сега  е господар на просторот, а ние како и сите родители уживаме во секој чекор од неговиот живот“ - резимираше Прија, која сепак не го зеде со себе малиот Александар кога излезе надвор од куќата, туку на прошетка поведе некој сосема друг... Нивниот домашен миленик, нивниот пес, белата рунтава пудлица. ]]>

Неработни денови: За Велигден ќе одмарате 4 дена, а потоа и на 1-ви мај https://arhiva.vistina.com.mk/nerabotni-denovi-za-veligden-kje-odmarate-4-dena-a-potoa-i-na-1-vi-maj/ Thu, 11 Apr 2019 10:38:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=82454

За Велигден, големиот празник кој ни е на праг, добиваме 4 неработни денови и шанса да одмориме, а веднаш по Велигден е и први мај. Неработни денови ќе бидат петокот (26-ти април) пред Велигден кога е Велики петок, па потоа и понеделникот (29-ти април) како втор ден Велигден. Тоа се четири споени денови, а после еден работен ден (30 април-вторник), следува пак неработен ден, односно 1-ви мај (среда).]]>

Зошто никако не смеете скарата да ја подмачкувате со масло? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-nikako-ne-smeete-skarata-da-ja-podmachkuvate-so-maslo/ Mon, 30 Apr 2018 10:56:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=24112

Вообичаено „правило“ меѓу скараџиите е пред да се стави месото, истата да се подмачка додека е топла. Ако и вие ова го правите, тоа е погрешно иако голем број интернет страни и книги за готвење го предлагаат ова. Сепак, една книга за готвачи која е повеќе пати наградувана, нуди друг совет. Авторот на книгата напишал дека подмачкувањето на скарата не е добра идеја. Според неговата книга, доколку користите масло, истото ќе испари и ќе се претвори во карбонат веднаш бидејќи ќе ја достигне температурата. Јаглеродот и димот немаат убав вкус и ова ќе влијае на вкусот кој ќе го има вашата храна. Покрај ова карбонатот на скара создава уште еден слој кој го отежнува чистењето. Друго решение е на месото да додате малку мајонез кој е самиот по себе мрсен, но не се тргнува толку лесно и на изненадување на многумина и дава добар вкус на храната. Идеален е за задржување на зачините на месото. Посебно добро оди со риба и пилешко. Можеби не сте љубител на мајонез и одржувате здрав живот, но само внимателно. Се е во ред ако сте умерени.]]>