1 април – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 31 Mar 2023 10:45:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 1 април – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Доаѓа Први април: Како настанал Денот на шегата? https://arhiva.vistina.com.mk/doaga-prvi-april-kako-nastanal-denot-na-shegata/ Fri, 31 Mar 2023 10:45:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296093

Општопознато е која е целта на Први април- среќа и смеење, но не е познато од каде потекнува. Како настанал Денот на шегата и каква е неговата историја? Она што е уште поинтересно е фактот дека не постои точно дефиниран одговор на поставеното прашање, постојат само теории. Еве и пет најинтересни факти за овој весел празник. Библијата Потеклото на овој интернационално признат ден датира уште од библиски денови, кога историјата на човештвото првпат почнала да се запишува. Оваа теорија истакнува дека празникот на шегата се слави кога Ное, по првпат пуштил гулабица да провери дали водата од големата поплава се повлекла. Дека тоа било на први април потврдено е и во Хебрејската Библија, како и во 71 сури на Куранот. Уште една теорија зборува дека Исус бил пратен од страна на Понтие Пилат до Ирод и назад токму на овој ден. Овој пат често е нарекуван и како залудна работа, т.е. како шега. Па токму поради тоа се смета дека тој ден од тогаш се смета и како Ден на шегата. Рим Шегите кои се одвивале на 1 април исто така датираат од времето на древниот Рим. Се смета дека Римјаните и Келтите празнувале фестивал на шегите во време на пролетната рамнодневница која се случува близу до Денот на шегата. Исто така, постои и древен римски мит кој зборува за богот Плутон и неговото киднапирање на Просерпина, божица на житото и жетвата. Мајката на Просерпина можела само да го слушне гласот на својата ќерка и залудно ја барала по огромните пространства на подземниот свет. Ова исто така, како и кај случајот со Исус, се сметало за залудна работа. Префрлање од Јулијанскиот на Грегоријанскиот календар Римјаните и Хиндусите Новата година ја славеле веднаш по пролетната рамнодневница, која паѓа на 20 или на 21 март. Во средниот век, поголемиот дел од Европа на 25 март го славел празникот Благовести, како почеток на празнувањето на Новата година. Славењето траело една недела, се до 1 април. Папата Грегор 12 во 1582 година наредил почитување на грегоријанскиот календар, според кој Новата година се прославува на 1 јануари. Бидејќи народот никогаш не бил склон на прифаќање на нови правила во секојдневниот живот, многумина одбиле да се покорат на календарот на папата Грегор и продолжиле да ја слават Новата година околу 1 април. Тие кои го прифатиле новиот календар, тој ден правеле шеги на сметка на неинформираните, исмевајќи ги нивните застарени слави. Британска култура Една од теориите е поврзана за британскиот крал од 13 век. Имено, овој крал секој пат кој го поминувал, го прогласувал за јавно добро. Еднаш на 1 април, планирал да помине низ дел од градот Нотингемшир. Кога ги слушнале плановите на кралот, граѓаните се одлучиле да не му дозволат да влезе во градот. Кралот поради тоа испратил војска, за да ги казни непослушните граѓани, но кога војската стигнала, цел град се впуштил во будалести активности, како што е давење риби на суво. Кога слушнал како се однесуваат жителите на овој град, кралот го прогласил градот за премногу глупав за казна. Завршува во 12 часот, на пладне Иако е еден од најпопуларните интернационални празници, малку луѓе знаат дека времето за шеги е дозволено само до 12 на пладне. Извор: Курир.мк]]>

Најоригинален: Водителот на Телма се маскираше во Боки 13-ка! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/najoriginalen-voditelot-na-telma-se-maskirashe-vo-boki-13-ka-foto/ Tue, 02 Apr 2019 07:22:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=80537

1-ви Април, денот на шегата и сите под маски! Иако нашиот „политички бал под маски оддамна трае“, сепак денот си е ден и редно е да биде така и одбележан. Затоа од најмало до најстаро вчера беше маскирано. Сите.. или речиси сите, а особено оние на кои им е до малку смеа и забава „го ставија своето второ јас“ на себе, па се преобразија во она , што во животот не се, а би сакале да бидат или обратно: никогаш не би сакале да бидат она во што се маскирале! Кој како го толкува денот и значењето на маската што ја ставил! Се маскираа и познатите... од пејачи и пејачки, до актер(к)и, манекенки, ТВ водителки и водители... Најчесто, во некакви страшни или смешни маски и костими! Асоцијација на животот, работата, секојдневието... ли? Кој да знае, ако не секој за себе! Но сепак, од сите маски, една маска беше хит! Имено, екипата или барем дел од неа, на Утринската програма на ТВ Телма исто така го испочитува 1-ви Април, па тоа утро на својата програма во живо се појавија маскирани!
Женскиот дел од тимот како некакви, волшебнички, маѓепснички или вештерки... Како вештерките не од „Иствик“, туку од „Телма“, да речеме! Цеце Трајковска и водителката на временската прогноза Ирена Лазарова - Димитровска до душа не беа нешто многу поразлични од вообичаено, освен по една специфична шапка како моден детал и жезол, меч или трозабец ќе да беше во раката.
Ама затоа нивниот колега, водителот Гоце Андреевски беше вистински хит! И не само на Телма, туку тој ја имаше маската на годината вклучувајќи ги сите од еснафот на сите други телевизии.
Гоце беше маскиран во никој друг, туку во Боки 13-ка!
Затоа и сите сакаа да се фотографираат со него! Сите и домаќини и гости сакаа да имаат слика со него!
Ако не верувате, прашајте ги, а патем... Погледнете ја сличноста, која никако не е случајна! Можеби само намерата да се претвори во ликот на „големиот 1ТВ газда“? Или ниту тоа?!
Како и да е, водителот на утринската на ТВ Телма вчера ја имаше најоригиналната првоаприлска маска!
Ама ако! Животот е маскенбал, така барем во една позната песна се пее, а под туѓа маска, полесно се живее!  ]]>