007 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 25 Aug 2021 09:41:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png 007 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Еве кога излегува новиот филм за Џејмс Бонд https://arhiva.vistina.com.mk/eve-koga-izleguva-noviot-film-na-dzejms-bond/ Wed, 25 Aug 2021 09:18:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216680

По бројните шпекулации за премиерата и менувањето на датумите, сега конечно е објавен новиот датум за првото емитување на новиот филм со агентот 007. Светската премиера на филмот „No time to die“ ќе биде одржана на 28 септември. Филмот во кој Даниел Крејг ја игра улогата на тајниот агент Џејмс Бонд требаше да ја има премиерата на 2 април.]]>

Новиот агент 007 ќе биде жена https://arhiva.vistina.com.mk/noviot-agent-007-kje-bide-zena/ Thu, 12 Nov 2020 13:24:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175883

Во новиот трејлер за Џејмс Бонд „Нема време за умирање“, се навестува дека агентот 007 ќе биде жена. Актерката Лашани Линч ќе биде агентот 007 додека пензионираниот Џејмс Бонд одмора на Јамајка. Бонд е се уште Бонд, но како 007 тој беше заменет со жена. Бонд е сексуално привлечен од новиот агент 007 и се обидува да ја заведе, но тој е збунет бидејќи неговите трикови не му одат во прилог, таа само превртува со очите и не се интересира за него. Барем не на почетокот. Премиерата на филмот е во април 2021 година, откако неколку пати беше одложуван поради пандемијата на коронавирус.
]]>

Почина Шон Конери: Замина најпознатиот Џејмс Бонд 007 https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-shon-koneri-zamina-najpoznatiot-dzejms-bond-007/ Sat, 31 Oct 2020 17:39:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173951

Денес животот го заврши еден од најпопуларните филмски ликови, актерот Шон Конери. Семејството на Конери потврди дека тој починал, но не даде причина за смртта. Сепак, Би Би Си објави дека тој починал навечер, во сон, додека бил на Бахамите. Сер Томас Шон Конери (роден 25 август 1930 – 31 октомври 2020), подобро познат како Шон Конери, е шкотски глумец. Работел различни работи и учестувал на натпревари во бодибилдинг пред да го направи своето деби во Лондон во хоророт на Јужен Пацифик (1951). По неколку мали улоги,  филмската слава ја стекна како Џејмс Бонд во филмската верзија на Доктор Но на Ијан Флеминг (1962) и го играл тајниот агент 007 во шест други филмови (Од Русија со љубов, Goldfinger, Thunderball, Се живее само двапати, Дијамантите се вечни и Never Say Never Again). Одличен, карактерен глумец, како и повеќегодишен секс-симбол, играл во филмови како The Man Who Would Be King (1975), Името на розата (1986), Недопирливите (1987, Оскар), Индијана Џонс и крстоносните војни (1989) и The Russia House (1990). Добитник е на голем број филмски награди, меѓу кои и Оскар за најдобра споредна машка улога во „Недопирливите“ во 1988 година, две награди БАФТА и два Златни глобуси. Конери доби титула почесен витез од кралицата Елизабета во 2000 година. Но, тој е подеднакво сакан и почитуван од неговите колеги Шкоти. Поранешниот шкотски премиер Алекс Салмонд реагираше на смртта на Конери, опишувајќи го како „најголемиот Шкотланѓанец во светот, последен од вистинските холивудски sвезди, совршениот Бонд“. https://www.youtube.com/watch?v=i9EZPfxlOeE&feature=emb_logo]]>

Сите 26 филмови за Џејмс Бонд уриваа рекорди на светскиот боксофис https://arhiva.vistina.com.mk/site-26-filmovi-za-dzejms-bond-urivaa-rekordi-na-svetskiot-boksofis/ Tue, 21 Apr 2020 07:24:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145861

На 5 октомври 1962 година, „Еон продукција“ го објави проектот наречен „Др. Но“ – шпионски филм кој го прикажа првиот Џејмс Бонд на екранот. Со Шон Конери како британски таен агент, заработката во кино благајните достигна бруто 59,6 милиони американски долари во светски рамки и 16,1 милиони американски долари на домашно ниво – неверојатни 215,1 милиони долари со пресметана инфлација. И така се роди серијалот 007. И успехот на тој оригинален филм продолжи и до 2020 година, а минатиот викенд требаше да биде премиерата на 27. продолжение на франшизата, новиот филм со наслов No Time to Die („Нема време за умирање“). Но, сите знаеме што се случи: пандемијата на коронавирус резултираше со одложување на неодередено време на најновиот Бонд филм, петтиот и последен во кој Даниел Крејг го игра тајниот агент. И сè додека филмот не почне да се пркажува, не може да се предвиди дали ќе ја достгне магичната заработка и успех на останатите филмови 007. Според „Форбс“, франшизата може да се нарече мега-успех. Во светски рамки, Џејмс Бонд филмовите заработија над 7 милијарди долари. Во САД, вкупната заработка изнесува 2,137 милијарди американски долари – односно речиси 5,931 милијарди американски долари со пресметана инфлација. Серијалот 007 е трета франшиза со најголема заработка на сите времиња зад „Марвел“ и „Војна на ѕвездите“.

Даниел Крег пристигна во српската престолнина: Џејмс Бонд ќе биде убиен во Белград? https://arhiva.vistina.com.mk/daniel-kreg-pristigna-vo-srpskata-prestolnina-dzejms-bond-kje-bide-ubien-vo-belgrad/ Tue, 26 Mar 2019 12:29:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79436

По Џони Деп, кој беше во главниот град на Србија и помина неколку недели во снимањето на филмот "Minamata",  во Белград пристигна и познатиот Даниел Крег! Се' уште не е позната вистинската причина за доаѓањето на Даниел во главниот град на Србија, а некои од можните причини се потрага по локација за серија на "Purity", филмот "The Creed of Violence", а голема е веројатноста дека е одлучено делови од новиот филм за "Џејмс Бонд" да се снимаат во оваа земја.
Да потсетиме, после детално преговори Даниел се согласи да го игра повторно популарниот таен агент 007, но ова е дефинитивно последен пат. Британскиот актер го направи своето деби во 2006 година, како таен агент во "Казино Ројал", а потоа и во продолженијата "Зрно утеха" (2008), "Skyfall" (2012) и "Спектар" (2015).
Според последните информации, "Бонд 25" ќе биде во режија на Кери Фукунага.
Можеби новата идеја според која Бонд се враќа во земјата од каде што потекнува и тука го завршува животот, односно ќе биде убиен, се должи на познатиот факт дека инспирацијата за тајниот агент 007, Иан Флеминг ја добил од  српскиот агент Душан Попов, кој на едно време живееле во Белград по пристигнувањето од Тител.
При снимањето на претходното продолжение, "Дејли мејл" ја објави веста дека дел од филмот ќе се снима и во Србија, но ова, за жал, ова не се случи. Фото: Profimedia/Pacific coast news]]>