Актерката Робин рајт се омажи минатиот викенд за 18 години помладиот Клементе Жор.
Ѕвездата од серијата „Куќа од карти“ се заколна на вечна љубов за менаџерот за односи со јавност на модната куќа „Сен Лоран“.
Венчавката се случила во тајност, некаде во Франција, во кругот на семејствата и најблиските пријатели, а дел од атмосферата на социјалните мрежи сподели ќерката на Дилан Пен која ја доби со актерот Шон Пен.
Добро расположените гости уживале во музиката и танцот, а на фотографиите се гледа дека свадбата била во бохо стил.
Робин и Клементе се во врска од 2017 година кога за првпат беа видени на Модната недела во Париз , а врската успешно ја криеја од очите на јавноста.