Радио Милева доста време ерген одев

Дојде големиот ден за Стефан Лазаров- се вее македонското знаме, се врти оро, ечат зурли и тапани, Марта е негова (фото)

Дојде големиот ден за Стефан Лазаров- се вее македонското знаме, се врти оро, ечат зурли и тапани, Марта е негова (фото)

Викендите, особено во летниот период редовно се резервирани за свадбените веселби во фокусот.

Оваа сабота дојде редот и за свадбата на познатиот јутјубер Стефан Лазров и неговата сакана Марта.

Како што најави претходно во медиумите, дека свадбата ќе биде со сите македонски обичаи, така и се случи.

На пладне тргнаа по невестата, подготвени со сите дарови и секако со полн џеб за да ја земат од родителите.

Откако бидна, се залеа и првата чаша за здравица, засвири песна македонска, се развиори македонското знаме и почна да се врти оро.

Откако кај нестата направија се’што треба, се нареди колона возила и се тргна кон црква каде младите си се ветија еден пред друг пред Бога.

Емоции на тон, посебен ден кој засекогаш се памети, Стефан и Марта ги создадоа своите мигови за паметење.

Лазаров иако беше еуфоричен и возбуден, не пропушти да сподели по некоја фотографија пред своите следбениици на Инстаграм.

Веслбата на која се поканети многу гости, ќе се случи во еден познат скопски реаторан , а за музичкот дел ако преку дена за по невеста беа ангажирани браќата Нуневци, за големата веселба гостите ќе ги забавуваат „Балкан бенд“.

 

За потсетување, во месец септември минатата година Стефан ја запроси Марта на стадион на фудбалски натпревар на неговиот омилен клуб Барса.

фото:Фејсбук/Инстаграм/Стефан Лазаров

To top