Поранешната „задругарка“ Ана Ќурчиќ направи несекојдневен пресврт на Инстаграм во живо, а во таа прилика проговори за хируршката процедура, односно операцијата за која се подготвува веќе извесно време.
Имено, како што е познато, Ана еднаш, пред неколку години, ставила биополимер (силикон) во усните, кој со текот на годините почнал да мигрира. За време на лајв уклучувањето, Ана истакна дека собира храброст да стапи во контакт со пластичниот хирург кој ќе и го отстрани биополимерот, но бидејќи усните треба да и се зашијат, таа е прилично исплашена.
Се започнало откако почнала да добива коментари дека нејзините усни се убави и совршени.
Сепак, поради миграцијата на неприродниот материјал, нејзините усни повеќе не се убави, но истакнува дека стравот е посилен од неа.
– Ќе го отстранам биополимерот, но се плашам, добив асиметрија на усните, но се плашам од целиот процес – рекла Ана.
Фото: Принтскрин/Инсртаграм/Ана Ќурчиќ