Актерката Софија Вергара отсекогаш важела за вистинска убавица, а со новата објава на Инстаграм актерката повторно ги воодушеви своите следбеници.
Имено, Вергара која моментално има 51 година објави фотографија од када на која нема ни навестување шминка.
Фотографијата е направена во луксузен хотел во Париз.
View this post on Instagram
По оваа објава почнаа да се слеваат коментари за нејзиниот изглед, а луѓето ја пофалија и и велеа дека изгледа помладо без шминка отколку со неа.
Да потсетиме, актерката и актер Џо Манганело пред два месеци објави дека се разведуваат по седум години брак.
Софија Вергара неодамна за прв пат проговори во оваа прилика.
„Многу работи се сменија. Ми се случија многу лоши, луди и добри работи“, изјави Софија Вергара за Entertainment Tonight.
Актерката исто така истакна дека оваа година и била многу турбулентна.
„Убавите времиња се зад мене, а секогаш има простор за добрите работи што допрва доаѓаат“, рече таа и додаде дека со нетрпение очекува се да дојде, а една од тие работи е новата серија на која работи.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/С.Вергара