Славица Чуктераш беше една од најпопуларните пејачки во „Ѕвездите на Гранд“, но одлучи да го промени животот од корен и да се повлече од естрадниот живот.
Сфати дека семејството е нејзин приоритет откако се омажи за фудбалерот Владимир Аврамов со кој претходно беше во врска повеќе од четири години и му роди ќерка.
Деновиве има повод за славење, а станува збор за роденденот на нејзината наследничка.
-Ќерко моја, ти благодарам што ме направи мајка и благодарам што јас сум твоја мама. Фла за преубавата година со мојот живот и неизмерната љубов. Сакам ти да живееш живот со полни гради, да се радуваш на секој нов ден, да веруваш во Дедо Мраз и бајки и да знаеш дека животот е бајка. Среќан 1 роден ти посакува мама, напиша Славица.