„Кога си до мене сè е добро, нема солзи, нема дождови… Држи ме за рака, покрај мене остани“, пееше Симона Поповска во својата последна нова песна насловена „Остани“, која пејачката ја изведе на годинешното издание на фестивалот „Макфест 2018“ во Штип.

Стиховите секако љубовни, а кога човек е вљубен тогаш му извираат најдлабоките емоции од дното на душата и срцето. И ништо нема необично во тоа ако се знае дека покрај тоа што неодамна стана доктор, македонската пејачка го кажа и своето судбоносно – ДА!

Но, распеаната докторка, деновиве призна дека одново е во љубов… со старата љубов! По пет години пауза повторно се заедно!

Неееее… без грижа, се’ е во ред со бракот на згодната и сексапилна охриѓанка! Во прашање е една поинаква љубов… Љубов кон инструментот, во случајов виолината!

Дали заради тоа што автор токму на макфестовската тема „Остани“ е виолинистот Горјан Стојановски, па токму соработката со него кај пејачката ја поттикна желбата за „враќање на старо“, кога е инструментот во прашање…

…Или новиот порив за старата љубов е инициран од некоја друга причина, останува сексапилната докторка дополнително да објасни!