Живот и Стил

Што им прави 8-часовното гледање во екран на вашите очи и како да се заштитите од тоа?

Што им прави 8-часовното гледање во екран на вашите очи и како да се заштитите од тоа?

Просечниот вработен човек во денешно време поминува барем 8 часа дневно гледајќи во екранот на својот компјутер на работа, без да се вбројат часовите поминати пред телевизор или со паметниот телефон во рака.

Познато е дека повеќечасовното гледање во екран не е добро за нашите очи, но сè уште нема јасни совети од докторите колку време смееме да посветиме на таквата активност, а да не му наштетиме на својот вид, пишува “Fox News”.

Луѓето во просек поминуваат 11 часа дневно гледајќи во екран, што го зголемува ризикот од појава на кратковидност и нарушување на сонот.

Иако досега биле направени голем број истражувања на тема негативните последици од гледањето во екран, не е утврдено во која мера тоа придонесува за внатрешното оштетување на окото.

“Засега е сигурно дека гледањето во дигитален екран може да влијае на појава на кратковидност и дека ова трајно оштетување на окото доведува до тоа луѓето да не можат да гледаат на далечина или да не можат остро да го видат предметот кој е оддалечен”, вели д-р Шери Роуен.

Според нејзините зборови, постојат неколку чекори кои треба да ги преземете за да ги заштитите своите очи. Правете пауза на секои 20 минути со што ќе ги одморите очите и трепкајте што е можно почесто за да ги подмачкувате очите и со тоа да го спречите нивното сушење.

Освен тоа можете да набавите и екран кој има филтер за заштита од сина светлина и со тоа да го намалите напрегнувањето на очите. Тука е и редовниот офталмолошки преглед со цел навреме да се воочат можни аномалии и навреме да се добијат превентивните лекарства.

извор:точка.ком.мк

To top