Актерката Шерон Стоун (64) на својот Твитер профил објави вест која ги шокираше нејзините фанови:
“Само што имав уште една погрешна дијагноза и неправилна процедура. Овој пат двојна епидурална. Како што се влошуваше болката, отидов на друго мислење: имам голем фиброиден тумор кој треба да се отстрани. Особено за дамите: не се однесувајте како да не е важно, добијте второ мислење. Тоа може да ви го спаси животот. Ќе ми требаат четири до шест недели целосно да закрепнам. Ви благодарам на сите за грижата, се е во ред“, рекла актерката.
— Sharon Stone (@sharonstone) November 1, 2022
Фиброидите се неканцерозни израстоци кои се развиваат во или околу матката. Израстоците се состојат од мускулно и фиброзно ткиво, а големини се различни. Тие понекогаш се познати како фиброиди на матката. Многу жени не се свесни дека имаат фиброиди бидејќи немаат никакви симптоми.
Да потсетиме дека Шерон Стоун зборуваше за тоа летово, како имала девет спонтани абортуси . Таа мисли дека жените се принудени да гледаат на абортусот како на некој вид неуспех.
„Ние жените немаме простор да зборуваме за оваа болна загуба. Тоа не е мала работа. Сепак, принудени сме да мислиме дека тоа е нешто со кое треба да се справиме и дека тоа е некаков неуспех“, изјави Шерон за еден американски магазин.